Среда, 06 Април 2022   
Томо Апостолски за формирањето на македонската бригада „Гоце Делчев“ во Софија

(Септември 1944 година)

apostolski“Во текот на војната многу напредни луѓе од Македонија фашистичкиот бугарски окупатор ги одведе во работни единици во Бугарија. Со нив судбината ја делеа уште толку кои мораа да служат воен рок во бугарската фашистичка армија.

Јас служев во 13 работна “дружина” на фашистичка Бугарија, во прво време во Вакарел 1943 година, а потоа во Симитли и Софија... Бев одведен на работа во Бугарија бидејќи одбив да бидам претседател на општината Шемшево, во близина на Тетово, каде што бев учител. Беше тоа во февруари 1943 година.

Девет месеци и повеќе работев во Вакарел на изградбата на патот Софија-Пловдив. Во втората година бев во работната единица на пругата Ќустендил-Симитли... дојдов во Софија. По откритието дека сум симпатизер на НОВ и НОД во Југославија, морав по казна да појдам во 17 казнена работна дружина на Пирин Планина, кадешто ме затекна капитулацијата на фашистичка Бугарија.

Тогаш, со поголема група Македонци, Албанци и Турци појдов веднаш за Софија, бидејќи таму на видик беше можноста за формирање бригада од наши кои се затекнале во Бугарија. Тоа беше иницијатива на нашите раководни другари од Македонија и Врховниот штаб на НОВ на Југославија. Меѓу оние кои први пријдоа кон формирање на бригадата “Гоце Делчев” бев и јас, па воедно бев и член на штабот на бригадата.

Поголемиот дел од половината на септември и првата половина на октомври 1944 година ни помина во настојувањето војниците кои се по потекло од Македонија да се ослободат од бугарските единици. Особено се залагавме за нашите другари политички интернирци и за сите оние кои се наоѓаа по било кој основ во Бугарија на 9.ИЏ.1944 година, да се приклучат кон батаљоните и четите на народноослободителната бригада “Гоце Делчев”.

Нашата бригада нарасна на околу 7.000 борци. Нашите единици во Бугарија, до заминувањето на фронтот во Македонија (во Струмичко-брегалничкиот корпус во Пехчево) беа распоредени во јавни и културни објекти во Софија.

Во октомври нашите единици почнаа постепено да ја напуштаат територијата на Бугарија (Софија), а не добија оружје и опрема кои толку упорно ги ветуваа властите на отечественофронтовска Бугарија. Некој тоа го попречуваше. И тоа не само нам за бригадата “Гоце Делчев”, туку и на нашите раководители кои по одредени задачи ја посетуваа Софија од Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија. Меѓу нив беа Петар Манговски, Киро Миљовски и други.

Имаше и тежненија кај некои бугарски фашистички офицери да влезат во составот на нашите единици, во намерата да ги саботираат нашите акции. На штабот на бригадата “Гоце Делчев” му беше поставена задача да го уапси Борис Бунев, познатиот михајловист и огорчен непријател на македонскиот народ и на единството на нашите народи. Со таа задача со драга волја се зафатив, бидејќи на своја кожа ги почувствував не-говите недела од  деновите на окупацијата. Тој е пронајден и уапсен. Но нам не ни е предаден.

...Кога се приближивме кон Горна Џумаја, покојниот Спиро Бабов ме замоли да свратиме кај генералот Иван Кецкаров, командантот на Петтата отечественофронтовска армија... Бевме негови гости. Откако му ги изнесов своите критики за одредени врвни кругови на ОФ армија на Бугарија во Софија околу изневерените очекувања да ни дадат оружје и опрема при заминувањето во Македонија, генералот Јован Кецкаров ми рече дека може да ми помогне доколку на патот до крајната станица Симитли не стасало оружјето и останата опрема за нашите единици кои беа собрани во Симитли.

Но, во Симитли ништо од оружјето не беше стасало. Затоа веднаш по телефон го побарав генерал Кецкаров. Тој изјави дека сеж ќе среди донекаде да ги задоволи нашите потреби за оружје. Тогаш добив два камиона и овластување да ми се врачи сеж што ќе изберам во магацините и складиштата.

Додека нашите единици пристигнуваа во Пехчево, јас со мојата мала но вредна екипа ја завршив работата. Донесов многу лесно и тешко наоружување, одела и друга опрема во Штабот на Струмичко-брегалничкиот корпус во Пехчево.

Набрзо, како просветен работник, отидов од војската да го организирам школството во еден крај во ослободена Македонија...”

 

Како је формирана македонска бригада “Гоце Делчев”, М. СтефановиЌ, М. КрстиЌ, Апостолски: Великобугарске претензије..., стр.251-253;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.