Среда, 07 Декември 2022   
Списанието „Македонски глас“ предизвикува паника во Белград

makedonski-glasСписанието „Македонски глас“ (Македонскій голосъ) е „Орган на приврзаниците на независна Македонија кој излегува во С. Петрбург од 9. VI. 1913 до 20. XI. 1914 г. Списанието го уредува Редакциски совет на Македонската колонија во руската престолнина. Издавач бил Д. Д. Павле-Чуповски, а одговорен редактор И. П. Кулезнев (во последните два броја Д. Д. Архангелски).

На почетокот било најавено дека ќе излегува „од еднаш до петпати во месецот“, но се појавуваат само 11 броја на вкупно 220 страници, со зборовите на Б. Сарафов како мото под насловот на корицата:

„Ние Македонците не сме ни Срби ни Бугари, туку просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот. Ние им сочувствуваме и на едните и на другите, и на Бугарите и на Србите: кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му речеме благодарам, но Бугарите и Србите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците“.

Во списанието, покрај Македонци, соработуваат и голем број Руси и балканци, а се публикуваат и бројни официјални акти (меморандуми, апели и соопштенија) на Македонската колонија во Петроград, потпишани од Д. Чуповски, д-р Г. Константинович, Н. Димов, Г. А. Георгов, И. Г. Георгов, П. Божидарски, Гр. Н. Угриновски, Д. Пешковски, Г. А. Стојанов, К. Георгиев и др.

Списание „Македонски глас“ всушност претставува најзначајниот печатен архив на македонската национална мисла во периодот на Балканските војни и почетокот на Првата Светска Војна за одбрана на целоста на Македонија и слободата и обединувањето на македонскиот народ.

По барање на Српската легација во С. Петербург списанието е привремено запрено по бројот 8 (22. XII. 1913). Со ново решение на Градоначалството (1. II. 1914) се дозволува продолжувањето, но и по следниот бр. 9 (2. III. 1914), по петмесечна пауза, се објавени само уште два броја. Бидејќи публикацијата во големи тиражи продира и на Балканот, под притисок од балканските монархии, списанието е конечно запрено.

Појавата на „Македонски глас“ во Белград на почетокот на март 1914 година предизвикува паника во Белград и списниението било дочекано на нож. Белградска „Политика“ од 8 март 1914 година со остар тон ќе обрати до јавноста да се спречи влегувањето на ова списание во Србија. Во текстот со наслов „Македонски Голос“, кој ви го пренесуваме без некои поголеми корекции на јазикот кој се користи, белградскиот весник ќе напише:

„Треба да се гледа што се` влегува во Србија –  Од пред два месеци, Белград и цела Србија беше преплавена со една скандалозна валканица, која излегува во Петроград, па како повремен часопис се растура по целиот Балкан.

Тоа е некаков „Македонски Глас“ кој претставува вреќа на највалкани клевети, најодвратни измислици и најголеми лаги за Србија, посебно за управата во Нова Србија.

Ова списание кое служи за потсмев и кое сите ракописи ги добива од Софија, го уредува познатиот бандитски тип Павле Чуповски, кој со години важи како една од најкрупните нумери на софијскиот диспозициски фонд.

Бројот „Македонски Глас“ кој завчера пристигна во Белград, го добија – се разбира, бесплатно – скоро сите белградски пекари, колонијални продавници, кафеџии, градежници и многу други кои се со потекло од Нова Србија (н.з. Македонија).

Од Скопје сме информирани дека и таму пристигнуваат цели товари на ова клеветничко списание. Значи дека од Софија се испратени списоци за сите места и за сите луѓе за кои се смета дека е добро да се испрати оваа пачавра. Тоа треба да послужи како најсилно оружје против Србија; со него треба на неинформираниот и прост свет да му се покаже што Петроград пишува за Србија!

Претпоставуваме дека има начин на фалсификуваниот македонски глас да му се затвори вратата за влез во Србија“.

Хистеричниот речник со кој белградска „Политика“ ги обвинува Македонците и нивното списание „Македонски глас“ го покажува стравот кој владее во Белград од влијанието на ова списание врз македонскиот народ. Србија ќе направат огромни напори кај своите сојузници  „Македонски глас“ да престане да се печати. Бидејќи публикацијата во големи тиражи продира и во другите земји на Балканот, под притисок од балканските монархии, списанието е конечно запрено, иако Редакцијата постои и потпишува свои изданија и во 1915 и 1917 г., а Организационото биро на МРК програмира негово продолжување и по 1924 г.

(извор: електронско издание на МЕ, Скопје, 2009; „Политика“, Белград, 08.03.1914)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.