„Dwie gwary macedońskie - Suche i Wysoka w Soluńskiem“ (1934)
„Две македонски наречја - Сухо и Високa во Солунско“ (1934) – Мјечислав Малецки („Dwie gwary macedońskie (Suche i Wysoka w Soluńskiem)“ – Mieczysław Małecki) Во оваа збирка македонски народни умотворби се собрани голем број македонски приказни и преданија, меѓу кои „Настрадин Оџа“, „Дедал и Икар“, „Александар Велики го скротува Букефал“, „Александар Велики и бесмртната вода“ како и многу други, кои сведочат за богатата македонска култура и творештво. Преданијата се запишани со полско латинично писмо, но на типичен македонски јазик. Авторот се потрудил да ги запише како што ги чул, со што би ја запазил автентичноста на солунскиот македонски говор. Мјечислав Малецки (1903–1946) е полски лингвист и еден од првите слависти - македонисти во оваа земја. Тој во 20-те и 30-те години од 20. век долго време го проучувал македонскиот говор од околината на Солун, инспириран пред сè од предходните трудови на словенечко-австрискиот лингвист Ватрослав Облак (1864–1896).
На: Macedonia : a True Endless Story ... |