|
|
Писмо од вршителот на должност, Франсис Чарнауд, до гувернерот и членовите на Левинтанската компанија |
ПИСМО ОД ВРШИТЕЛОТ НА ДОЛЖНОСТ, ФРАНСИС ЧАРНАУД, ДО ГУВЕРНЕРОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛЕВИНТАНСКАТА КОМПАНИЈА, ВО ВРСКА СО НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ (Солун, 25 април 1822 год.) „...Како резултат на последните настани што се случија овде, а за што јас веќе им соопштив на Вашите уважени... сметав за сходно да ја замолам Неговата Екселенција лордот Странгфорд, да испрати везирско писмо до Абул-Лабут-паша за заштита на британските поданици што живеат овде... Со големо задоволство им соопштувам на Вашите уважени дека извештајот го поднесе за состојбата на воените операции од местото е мошне поволен за Турците, Дијаманди успеал да избега со уште тројца следбеници, и се претпоставува дека нашол прибежиште во Његуши, град од значителна важност. Во Молиер Турците наишле на две многу убави бронзени пушки, а една од железо, десет илјади фишеци, како и значи-телно количество барут и три до четири илјади гранати. Сето ова било пронајдено во некаква пештера направена во стрмнината на соседната планина. Во малото место Радани пронајдени се неколку писма на Ипси-ланти, помладиот, како и една од неговите прокламации упатени до Грците во која ги бодри да истраат; и дека не постои сомнение во нивната способност наполно да ја повратат древната независност, во што и европските сили сесрдно се заземаат. Во Негуши има околу осумстотини души способни да носат оружје. Абул Лабут испрати три свештеника до главатарот на тој град со предлог да им се прости ако тие ја изразат поранешната верност. Свештениците биле погубени, и истиот предлог бил повторен од еден од пашовите офицери кого го снашла истата судбина. Ете зошто Абул Лабут одлучил да го нападне градот, и веднаш ја повел својата војска што броела дваесет и една илјада борци; и мојот син ми јавува дека тој вчера јасно можел да го види огнот и да го чуе пукањето на нивните топови. Бројот на уништените чифлизи и мали села од страна на востаниците се проценува на сто и дваесет”...
Публиц Рецорд Оффице -Стате Паперс 105/140; Британски документи за историјата на македонскиот народ, т. И (1797-1839), ред. Х.А. Полјански, Архив на Македонија, Скопје, 1968, док. 44, стр. 67-68;
Д-р Иван Алексов СТРАНСКИТЕ ПАТЕПИСЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА |