Среда, 02 Јули 2014   
Ферман на Султан Махмуд II за укинување на јаничарската војска

(Цариград, 9 ноември 1826 год.)

sultan mahmud ii-g

„До уважените везири, славни мушири и други власти на Румелија... Кога ќе стигне високиотцарски знак нека се знае:

Бидејќи за отпор против непријателите на верата беше неопходно постоењето на муслиманска војска и правоверни борци, вечната отоманска држава порано го создаде јаничарскиот оџак и во минатите времиња јаничарските војници, во војните што ги водеа, дочекувајќи го непријателот со своитегради, пројавуваа цврстина и издржливост и на прво место, поради нивната покорност и послушност, се постигнаа толку многу освојувања. Меѓутоа, постепено во нив се јавија неприлични појави и различни расипаности, така што некогашната дисциплина и послушност се претворија во непокорност и непослушност. Од сто години наваму, во војните во кои учествуваа, јаничарите пројавуваа разни лаги и бесмислени изговори, срамно бегаа од борбитеи со тоа стануваа причина многу тврдини и градови да преминат во рацете на неверниците... постепено ги зголемуваа своите претензии и барања и положбата се влошуваше од ден на ден, па дојде до степен да бидеме опкружени од четирите страни со непријатели -неверници. Поради тоа, станува неопходна должност и ние, вооружени со исламски патриотизам, да бараме лек за да ја одбраниме нашата вера и да ги победиме непријателите.... затоа по свршувањето на војната... (1878 год., н.б.) и подоцна, мораше да се преземе иницијатива за да се создаде обучена и извежбана војска, но јаничарите, самите неупотребливи, и „овие ги нејќеме” (новите војници) подигнаа бунт, па устроениот систем се укина. Освен тоа, со нивните чести бунтови (јани-чарите, н.б) станаа причина да загинат неколку султани што вредеа колку целиот свет. При сето тоа на нив се гледаше како на стара институција и не стана прашање за нивното укинување. Затоа веќе тие си создадоа обичај: ако сакаат-слушаат, ако не сакаат - прават бунт и колку да ги трпиме и поднесуваме меѓу нас, од тоа нема полза. ...

...Но, толпата на разбојниците остана упорна во своите недела против верата и државата и тргна да ја уништи Мухамедовата држава и да изгази толку правоверни, деца и жени, што сето тоа било во полза на непријателите на верата. Бидејќи за оваа дрскост и една толку голема гадост според прописите на светиот закон беше нужно да се пролее крвта на виновниците, се испрати војска против нив и благодарение на поразувачката сила на великиот бог... нивната веднаш се распадна и уништи, нивните ка-сарни се запалија и накрајот ги предаде бог на мечот на законот, каде што ја најдоа казната за своите недела... установено е дека и некои расипани подбуцнувачи, припадници на јаничарскиот оџак, неблагодарни на државата и на државниот леб се здружиле со спомнатите разбојници и самиот бунт бил организиран од нив. Сите тие се фатени и се казнети според законот. Фатени се и други професионални разбојници па и врз нив ќе се изврши казната...

Поради тоа, собрани под своето знаме, во светата џамија на Султан Ахмеда: високи везири, Шеих-улислам, сите бивши велики везири, мули, улеми..., врз основа на прописите на Мухамеддовиот закон, едногласно решија, за да се поправи положбата, името на оџакот да се измени и нивната уредба да се обнови во друга форма; во иднина името јаничарско се брише. На негово место да се создаде војска од обични војници под името „победоносна Мухамедова војска”...

Главната команда на оваа обучена победоносна Мухамедова војска со автономна власт да му се довери на гувернер на румелиската страна на црноморскиот проток уважениот везир... Хусеин паша; седиштето да му биде јаничарската команда и да се измени иметона јаничарската команда... „сераскер-паша капшуси” (воен штаб-управа на главниот конмандант, н.б.)... Да се укинат звањата: ага на јаничарите, ага....

...Според тоа... да се грижите и да побрзате содржината на мојот царски ферман да се објави и да се разгласи меѓу сите, зборот „јаничарство” отсега натаму никој да не го зема во уста... за секаков пропуст или лабавост во овој однос... на виновниците ќе им дојде до ак и казните ќе им се извршат без одлагање...”     

Д-р Иван Алексов

СТРАНСКИТЕ ПАТЕПИСЦИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Турски документи за македонската

историја..., т. IV,стр. 119-122;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.