|
|
Големиот син на македонскиот народ, Методија Андоновски Ченто |
Списание „Илинден 1903“, Гетеборг, Шведска 1976 година. Најсаканиот водач и револуционер во Народноослободителната војна на македонскиот народ во Вардарска Македонија беше Ченто.Тој беше и остана во срцата на сите македонски патриоти. Во нашиов прилог сакаме на нашите читатели, накусо да им ја претставиме вистината за Ченто бидејќи денес, скопските слуги на секој начин се обидуваат да ја прикријат вистината и да го претстават во сосема поинаква слика. Најнапред ќе напоменеме дека по завршувањето на втората светска војна, Ченто стана претседател на АСНОМ и првиот претседател на Македонската република која се роди во крвавата антифашистичка војна. Целиот свој живот тој го посвети во борбата за правата на македонскиот народ. Тој се бореше и страдаше заедно со народот и како таков, често беше прогонуван и затворан уште во времето на бившата големосрпска Југославија. Ченто беше еден од организаторите на МАНАПО /Македонско национално движење. Под бугарска...окупација тој со пушка во раце излезе во планина да се бори против новите национални поробувачи на македонскиот народ-Бугарите. И кога на Илинден ,1944 година во манастирот "Св. Прохор Пчињски“ се одржа Првото заседание на АСНОМ, немаше по популарен и поавторитетен човек од него во целата Вардарска Македонија,затоа на историското Собрание еднодушно го избраа за претседател, наспроти протестите што ги даваше против неговиот избор делегатот на Тито во Македонија, Светозар Вукмановиќ-Темпо. Ченто беше избран за претседател на македонската национална држава која се роди во крвавата антифашистичка војна. Македонскиот народ избра еден искрен патриот и чесен човек. Раѓањето на македонската национална државност е нераздвојно сврзано со неговата личност. Тогаш цела Македонија знаеше за својот Ченто,во неговото лице македонскиот народ гледаше нов Гоце Делчев, од друга страна, во цела Македонија тогаш немаше пајтон луѓе кои знаеја кој е србоманскиот слуга, Лазар Колишевски. Но не мина долго време и Ченто по желбата на Белград и на Тито падна во затвор а на негово место на чело на Македонската република беше доведен про србски ориентираниот Лазар Колишевски. Во 1945 година Ченто беше затворен и осуден на 12 години затвор. Садистички измачуван во Титовата зандана, Идризово, од тешката физичка работа во затворот, тој се разболе и требеше да умре во затворот ,но неговите џелати се плашеа да го остават да умре во затворот, бидејќи знаеја дека македонскиот народ гледа борец и маченик во него и во неговите страдања за македонските правдини. По осумгодишно робување го пуштија да умре на "слобода" во родниот град Прилеп. На денот на неговиот закоп, во Прилеп, беа доведени неколку стотини удбаши,кои го сопреа народот да дојде на гробиштата, за да се опростат од својот сакан голем син и водач. Во затворот, Идризово на робија умреа и други македонски револуционери, за кои џелатите не се осудуваа да ги пуштат надвор да умрат ,како Павел Шатев и братот на Никола Карев, Георги Карев. Павел Шатев беше единствениот жив останат учесник во Солунските атентати од 1903 година, а во првата влада на Македонската република беше министер. Но и тој како и Ченто ја согледа вистината дека Македонија е измамена, дека македонската револуција е измамена од Тито и од Белград. На Тито тогаш му требаа послушни луѓе, од типот на Колишевски, Љупчо Арсов, Михајло Апостолски, Страхил Гигов, Видое Смилевски и други, а не македонски политичари кои чесно служат на својот македонски народ. Затоа чесни патриоти како Ченто, Павел Шатев,Георги Карев и други беа, физички, ликвидирани. Ќе кажеме дека овие патриоти беа малкумина, но доволно многу да им покажат на врховистите како се бори за слобода на Македонија .... Ликот на Методија Андонов-Ченто и понатаму живее во широките народни маси, Македонија никогаш нема да му заборави и покрај, тоа што денес во СРМ режимот го брише неговото име од историјата на народноослободителната војна. Но историјата може само да се заташка за еден момент, но таа не ги заборава нејзините големи творци. Ченто беше голем творец на македонската национална историја и таа нема него да го заборави. Во чест на овој голем револуционер на Македонија, Комитетот на ДООМ за Шведска го носи неговото светло име, а истовремено Комитетот со тоа, својата борба ја сврзува како продолжение на Народноослободителната војна, на чие чело стоеше бесмртниот Ченто, Нека му "биде вечна слава на големиот македонски револуционер Медодија Андоновски - Ченто. Списание „Илинден 1903“, Гетеборг, Шведска 1976 година. (од архивот на Томе Вељановски-Гетеборг) |