|
|
Стојан Новаковиќ и македонскиот национализам |
Српскиот писател, историчар и дипломат Стојан Новаковиќ (1842—1915), во 1888 г., во едно писмо до српскиот министер за просвета, говори за инфериорноста на српската спрема бугарската пропаганда во Македонија:
— „...Бидејќи бугарската идеја, како што на сите им е добро познато, пуштила длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако ѝ се спротивстави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеја ќе може да ја потисне бугарската, ако остане само како чисто и голо спротивставување. Затоа голема корист би имале од свој сојузник, остро спротивставен на бугаризмот и содржејќи во себе си елементи кои ќе го привлечат народот и кои ќе бидат блиски на неговите чувства - точно тие ќе го отцепат од бугаризмот. Како таков сојузник јac го гледам македонизмот, или во извесни промислени граници - тактичко негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. Ништо не може да биде толку спротивставено на бугарските тенденции, со ништо Бугарите не можат да се доведат во понепомирлива позиција отколку со македонизмот.“ (Дипломатски архив - Дубровник, ПП одель, Ф. 1.) Бугарската историографија денес го користи овој исказ за да истакне и нагласи две работи: 1. признанието на еден српски пропагандист за длабоките корени на бугаризмот, коишто патем и никој не ги порекнува - бугарските пропагандисти и руските бугаристички агенти ја крстосувале Македонија околу 50 години дотогаш; и 2. да го претстави Стојан Новаковиќ како некаков „основоположник“ на македонската национална идеологија, и човек којшто со тоа ги заблудил „српските воспитаници“ Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и други - теза заснована единствено на претпоставките на македонскиот национален предавник и егзархиски бугаромански платеник и кодош Христо Шалдев, за кои тој не дава никаков доказ... Тоа дека Новаковиќ е некаков „основоположник на македонизмот“ е чиста ноторна глупост, и тоа е така заради неколку факти. Тука се, пред сè, македонските националисти Ѓорѓија Пулевски, Димитар Попгеоргиев Беровски, Исаија Мажовски, Теодосиј Гологанов, Стојан Везенко, Наум Евро, Коста Групче, Темко Попов и други македонски национални преродбеници, коишто најмалку 15-тина години пред исказов на Новаковиќ го истакнувале и проповедале македонскиот национализам и посебноста на македонскиот народ, додека пак Новаковиќ во исказот погоре само НАЈАВУВА дека во иднина би можело да се дејствува во таа насока, секако - во корист на србизмот. И бугаристот Петко Славејков уште во 1860-те говори за македонизмот и го смета за „опасна закана“ за бугаризмот. Тоа се потврдува и од писанијата на бугаристичките платени пропагатори Стефан Салганџиев, Атанас Шопов и други, кои исто сведочат за присутноста на македонскиот национализам децении претходно, пред исказот на Новаковиќ. По само неколку месеци од ова писмо, тој продолжува со исполнување на великосрпската агенда во Македонија - во јуни 1888 г. набавува нови буквари и учебници на српски јазик. Сево ова покажува дека Новаковиќ НЕ ГО ИЗМИСЛИЛ „македонизмот“, туку само сакал ДА ГО ИСКОРИСТИ ОНА КОЕШТО ВЕЌЕ ПОСТОЕЛО, во насока на задоволување на великосрпскиот шовинизам и иредентизам. Значи, по ова Новаковиќ свесно влегува во амбиција да го посрби македонскиот народ подоцна, но со други видови пропаганда, а надевајќи се на тоа што Македонците не би имале своја државност, или пак - засебна црква, за да можат да развијат свои училишта (образовен систем) и други национални институции. Затоа во истото писмо тој ги нафрла чекорите кои ќе следат веднаш потоа, а тоа е издавање на „македонски буквар“, во којшто пак, во други писма, кога истиот ќе се отпечати, ќе препорача еден многу подмолен пропаганден систем за посрбување на Македонците. Имено, како што ќе се види и од букварот, иако навистина е напечатен на македонски јазик, на многу перфиден начин се уфрлени 20% српски зборови, точно како што и препорачува Новаковиќ во тие писма. За наредните препечатувања овие проценти се предвидувало да се зголемуваат сè додека целосно не се истисне македонскиот јазик. За ова печатење на букварот во погоре споменатото писмо, тој визионерски пишува: — „Македонизмот како таков нема со што да се одржи, тој нема елементи за развој и по природниот тек на работите, во оној час штом бугаризмот се одвои од него, би му помогнал на србизмот и со истиот би се помешал... „Македонскиот буквар“ кој наскоро се надевам ќе го отпечатиме во Цариград ќе ги удри основите на оваа работа, макар што потребата од тој буквар се правда и од многу други потреби и погледи. Но освен „букварот“, добро би било работата пошироко да се негува и изразито да се зајакнува...“ Она што е најважно да се напомене е дека српскиот пропагандист Стојан Новаковиќ никогаш искрено не го поддржал македонскиот национален идеал, туку само сакал да го искористи во насока на великосрпскиот шовинизам. Тоа е поткрепено, на пример, и со фактот дека тој во своите преписки не говори за македонски јазик, туку за македонски „дијалект“, којшто Новаковиќ очигледно имал визии да го претопи со српскиот јазик, да „го помеша“, како што самиот вели. Bo oднос на тоа, приложуваме неколку други негови писма. Овие писма всушност најдобро докажуваат дека македонизмот не е резултат на српски „тајни проекти”, туку на бугарската и српската пропагандна пресија, настојувањето на српските и бугарските пропагандисти да ги асимилираат Македонците во смисла - јазично, културно и, на крајот - етнички. Македонските етнички обележја (јазични, културни, историско-традиционални итн.) секогаш биле љубоморно пазени и зачувани од секакви посегнувања. „ Господине Министре, За некој ден се надевам дека ќе доспеат до Вас да напишам извештај за подалечната работа на г. г. Н[наум] Јевровиќ и К[оста] Групчевиќ околу дозволата за издавање на “Македонски лист”. И околностите се такви, да не се чудите, што во оваа работа сета работа не донесе успех. Меѓутоа, обидите ќе продолжат и понатака, за што ќе Ви пишувам. Во поранешните писма Ви ја спомнувам мислата, да на истата работа за која листот работи, може да се проба со засебна публикација во вид на мали списи и брошури. Во останатото, ниту за тој пат не знаеме како би се покажал бидејќи уште ништо не сме се обиделе. По повод книгата на Офејков “Македонија“ за која имав чест да Ве известам (со писмото од 30 јан. ПБр.22), погоре споменатите господа напишале полемички списи НА НИВНИ МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ, кој би можел нешто да се дотера, па овде да се отпечати за Македонија. Тоа би било начин, за да видеме како оди со печатењето и со цензурата како и со растурањето во засебни списи. /Ако/ значи одобрувате, да се обидеме, и ако можете да пратете на тоа име нешто трошоци ( мислам дека 400-500 динари би биле доста), повелете да ми јавете, а јас потоа ќе се погрижам да понатака ја раководам работата, и да ги прегледам списите.Списите би ми биле против бугарската пропаганда во Македонија, а никако против Турција. СРПСКИТЕ ТЕЖНЕЕЊА БИ БИЛЕ ИСТО ТАКА МНОГУ ЗАТСКРИЕНИ, ОСОБЕНО СО БОЖЕМ ЗАСЕБНИТЕ ТЕЖНЕЕЊА НА САМАТА МАКЕДОНИЈА. Со најодлично почитување Ваш Чест ми е да Ви јавам /?/ дека го одобрувам Вашиот предлог да се отпечати одговор на Офејковото дело /на/ МАКЕДОНСКИ дијалект и се растури по Македонија.Што трошоци ќе има, Ве молам да повелете нахнадно да побарате. Примите …./ 8/ III 1888. Екс. 8 – III - 88, ДСЧ. (Извори – Оригинал – Архив Србије, МИД ПО ф.III, досие VII, Дов.бр. 178/1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III, 1888-1889) До Чедомир Мијатовиќ, Министер за надворешни работи на Кралството Србија: Господине Министер, Во писмото од 26.април оваа год. ПNo 80 имав чест да Ви изложам некои мисли за тоа како училиштата во Стара Србија и Македонија поуредно се снабдуваат со книги. Во овој миг го обраќам Вашето внимание НА ПОТРЕБАТА ОД ЕДЕН ПОСЕБЕН МАКЕДОНСКИ БУКВАР за училиштата по Македонија кои би требало посебно да се подготват за ширењето на српската писменост и српскиот јазик по Македонија. Само вистинските сметки се остваруваат, а во политиката се вистинити оние сметки во кои нема ни малку илузии. Од ова стојалиште, а по прашањето на ширењето српско влијание во Македонија, мораат како вистинска основа да се земат овие точки : 1. дека МАКЕДОНСКИОТ ДИЈАЛЕКТ Е РАЗЛИЧЕН И ОД СРПСКИОТ И ОД БУГАРСКИОТ ЈАЗИК, но дека има еднаквости и со едниот и со другиот. 2. дека БУГАРСКАТА ПРОПАГАНДА ДО СЕГА ГОЛЕМА ГРИЖА ПОЛАГАШЕ во тоа да разликата меѓу македонскиот дијалект и српскиот јазик на сите можни начини се обележи и исполни. 3. од СРПСКИ ИНТЕРЕС МОРА ДА СЕ ПОЈДЕ ПО ИСТИОТ ПАТ, или стрпливо, солидно и систематски со нови оригинални средства, поименично пак употребувајќи се што може да ја смали разликата меѓу српскиот јазик и македонскиот дијалект, спротивно од погоре наведените бугарски тежнеења. Во тој правец ми се чини дека како најпотребно составување на еден особен БУКВАР НА МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ ЗА МАКЕДОНИЈА. ВО ТОЈ БУКВАР БИ ТРЕБАЛО СО МАКЕДОНСКИОТ ДА СЕ СПОИ И ИЗМЕНИ И СРПСКИ БУКВАР, НО ТАКА ДА МАКЕДОНСКИОТ Е СО ДВЕ ТРЕТИНИ, А ОД СРПСКИОТ ЕДНА ТРЕТИНА, И ТОА ВО ДРУГАТА ПОЛОВИНА. Букварот би се напишал со српски правопис, со цело потребно внимание на вистинитата чистина и добра транскрипција НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЈАЛЕКТ. Не би требало да се сметне од ум дека во него не би требало да се гледа толку на напредноста од педагошки правец колку на композиција исполнета со народни умотворби, прикладна ДА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОПУЛАРНОСТА ГО ИЗДИГНЕ НАД СЕКОЈ ДРУГ БУКВАР. За да му се осигури проаѓањето од секоја неприлика, тој Буквар треба да се печати или во Цариград или во Солун. СРПСКИОТ ПРАВОПИС, КОЈ СРПСКИОТ ЈАЗИК ТАКА УСПЕШНО ГО УСВОИ И ОЧИСТИ ОД НЕКОГАШНАТА РУСКО-СЛОВЕНСКА МЕШАВИНА, БИ ИМ СЕ ПОКАЖАЛ ОМИЛЕН НА МАКЕДОНЦИТЕ НИВНИОТ ОМИЛЕН ДОМАШЕН ДИЈАЛЕКТ, би ги одвоил од тешкиот, неприроден и заплетен со историски правопис со кој се служат Бугарите, и како подобра работа, попроста и поскладна, би ја поколебал во народот најинтимната основа на бугарската пропаганда, бугарската писменост која Бугарите прилично ја рашириле, и на која со причина многу држат во Македонија. Таквиот Буквар, положувајќи ги основите на поскладна српска писменост во Македонија, би ја омилел српската книга и Србите како луѓе кои му се поблиски и кои се повешти да ги задоволат. Држам дека без понатамошна дискусија и Вие самите, господине Министре, ќе ја увидете разложноста на овие претпоставки. Прашање е како да ова идеја ја оствареме? Од моја страна јас веќе им препорачав во пратеништвото на аташираните Македонци Н.Јевровиќ и К.Групчевиќ да за тоа мислат и да нешто се обидат. Но тоа не е доста, зашто не се знае дали ќе сакаат тие да успеат, бидејќи за таа работа треба специјална опрема. Држам дека таму во Белград нашите книжевни луѓе и педагози би требало да побараат некаков човек кој би ги знаел македонскиот дијалект и македонските народни умотворби за извршување на овој план.Мене ми се чини дека оваа задача токму зашто е едноставна, е одповеќе важна за успехот на ширењето наши мисли во Македонија, и да не е од штета, да од неколкуте нив огледа и да му се посвети особено внимание. И макар што е излишно да уште особено ја препорачувам оваа работа на Вашиот широк поглед и Вашите колеги во просветата, пак сум слободен да Ве замолам за особено внимание кон овој предмет. Со најотлична почит Ваш / П.П./ ИМААТ ДВА МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТИ : БРСЈАЧКИ (ПОГОЛЕМИОТ) И МИЈАЧКИОТ (ПОМАЛИОТ, НА НАС ПОБЛИСКИОТ) Љубо Ковачевиќ (извори – Архив Србије, МИД ППО II, 225/1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III, [1888-1889] Белград 1987, стр.148-149) „ Господине Министер, Во последно време, не знам на какви основи, Бугарите се многу вознемирени заради Македонија. Или од што се плашат дека нивните внатрешни работи не повлијаат лошо по плодовите од нивната толкугодишна агитација и толкугодишни трошоци, или што не им даваат мир нашите консулати, друштвото Св.Сава, и малку поживото интересирање на нашиот печат за српските права во Македонија, или најпосле стравуваат и од напрегнатото внимание, кое на тоа прашање го обраќа Грција, како од кралството, и од печатот и другото, не баш најдобро избрани средства, така и одовде, не само со печатот туку и преку патријаршијата. Заради тоа веќе од минатото лето бугарското внимание се насочило на враќањето бугарски владици во Скопје и Охрид, каде се наоѓаа до нашата војна со Турција во 1876 год. Во весниците кои излегуваа во Бугарија се викаше дури и на Егзарх Јосиф, што во таа работа ништо не прави. Немам начин да се известам, што токму Егзархот го побудило, да се ангажира во таа работа, дали од со се споменатото и неговата сопствена иницијатива, или некаков подстрек од руските кругови (што ми изгледа најверојатно) или подстрек од Софија… (з.н – следи елеборација за други сознанија како и однесувањето на Егзархот за да предолжи понатака со средбата со Патријархот) …Патријархот добро ја сфаќа важноста на таа работа (з.н – се мисли на барањето од Егзархот кај Портата за поставување бугарски владици во Скопје и Охрид) и како човек кој лично добро стои и има вистинска доверба кај Турците, може денес да биде од голема помош. Тој ми говореше дека, при разговорот со големиот Везир за таа работа му рекол: “Зарем не гледате дека преку Егзархатот најпрвин ни се отцепи Бугарија, и Румелија; зарем сакате на тој начин и Македонија да ни се отцепи ? “ Јас му се заблагодарив на Патријархот на завземањето за предметот кој, по својата друга страна се однесува на Србија исто толку како и на Големата Црква и го молев, да не пропушти слободно да го употреби каде и да му се заканува како причина, дека тоа и во Србија во народот би произвело најголемо огорчување, и дека во денешни прилики не е паметно да се предизвика зла воља без потреба во соседните држави. Понатака му обратив внимание на Неговата Светост на разбирање од ферманот и на околноста, дека другата алинеја од членот X после постапката од 1876 год., кога се бугарските владики кренати, мора да се смета за дерогирана, те дека секако работата би морала наново да се упати на долга процедура за гласање (на која Портата денес не би се согласила). Патријархот рече, дека таа причина веќе од порано е употребена во слична прилика за иста работа, и ми заблагодари на нашето топло завземање како на доказ за преданоста и љубовта кон Великата Црква… (з.н – по ова разговорот е за австриските инволвирања во спорот, нешто посебно незначајни, па продолжува) …При разговорот за Скопје и Охрид, Патријархот не заборави дека лани во ова време му дадовме нешто парична помош, и ме замоли наново за тоа да Ви пишам, пак нешто да би сте направиле. За таа работа јас лани во март му пишав на г. Франасовиќ. Макар што не можеме да бидеме задоволни со услугите на грчките владики, во невоља сме, дека еднакво мораме да бидеме добри и со нив и со Патријаршијата заради нашите интереси во Стара Србија и Македонија. Заради тоа Ве молам, да се запознаете со работата, од ланската преписка, и да промислете ќе може ли да се направи онака како лани. Работата не е лесна, но макар да ми се емоциите против неа, пак ладна причина ми говори да интересите на Србија на секој начин бараат нешто да се жртвува и направи пак. Со најодлична почит Ваш (извори – Архив Србије, МИД ПО ф. I, досие II, Дов.бр.74/1888; “Граѓа за историјата на македонскиот народ “ том IV, кн. III (1888-1889), Белград 1987 год., стр. 121-123) „ Господине Министре, Одговарајќи на Вашето писмо од 10 ов.м. ПNo 499 чест ми е да Ве замолам да направете што треба за да ни се пратат овие книги : 1200 – Буквари српски Книгите треба да се пратат на адреса : “Legation Royale de Serbie a Constantinople“ преку e Дунав со брод, и со таа сметка тие не можат да бидат пред крајот на Јули овде. Јас овде ќе оставам наредба што со нив да се прави кога ќе дојдат. Ќе треба нешто пари за бакшиши на ќумрукот во таа прилика. Јас ќе наредам да се издаде, а да потоа од Вас, господине Министре, на пополна од касата да се бара. Бајкел печатарот отишол некаде на пат, а со неговиот застапник не можам да зборувам за таа работа. Но ќе му оставам упатства на г. Бозовиќ, кој со него ќе зборува штом се врати, и кој ќе ме извести. Целата работа и онака не може да влезе во реализација пред есента. Што се однесува за вестите со изработката на “Македонскиот Буквар“ кои ми ги јавувате, многу сум задоволен и полн со благодарност на грижата и вниманието кое го поклонувате на моите предлози. Со најодлична почит Ваш (извори – Оригинал Архив Србије, МИД ППО ф.II, 145/1888.; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III, [1888-1889] Белград 1987, стр.163-164) Превземено од: Macedonia : a True Endless Story ... |