Роден во Науплион во 1832 година, како син на Спиридон Трикоупис - кој беше Премиер на Грција во 1833 година, и Екатерини Маврокордатос - сестра на Александрос Маврокордатос кој исто така беше Премиер на Грција наследувајќи го претходниов во 1833. За да ја разбереме подобро оваа временска рамка, ова е периодот кога Грција веќе се здоби со независноста и ова е пред нејзината окупација на Македонија (Егејска), значи за времето на Харилиаос Трикоупис, Македонија (во целина) сеуште беше дел од Отоманската Империја. Додека тој беше Премиер на Грција, во 1893 година Македонците го формираа ВМРО и се подготвуваа за големото востание против Турците, кое се случи 10 години подоцна. Зошто е важен Харилаос Трикоупис? Тој ги предвиде војните што следуваат за освојување на Македонија, практично поставувајќи ја Грчката политика за територијална експанзија - тој беше креатор на сценариото за окупација на денешниот егејски дел од Македонија. Во својот говор во 1886 г.во Грчкиот Парламент, јасно стави до знаење дека: “.. Грција никогаш нема да ја постигне целосната државност без Македонија“. Харилаос Трикоупис го прекажал она што Грчката држава го имаше на ум, велејќи: “Кога ќе дојдат Големите Војни, Македонија ќе стане Грчка или Бугарска, зависно од тоа кој ќе победи. Доколку биде освоена од Бугарите, тие ќе го направат народот Словенски. Доколку ние ја освоиме, ние ќе ги направиме сите нив Грци.“ На овој начин, денешните Грци ги трансплатираа доселениците од Мала Азија на местото на насилно протераните етнички Македонци – во “легални“ наследници на античките Македонци. На овој начин беа креирани вештачките –“ Грчки Македонци“. Изјавата на Трикоупис дека : “Доколку ние ја освоиме, ние ќе ги направиме сите нив Грци“ е јасно, недвосмислено признание дека: (a) Грција не ја поседуваше Македонија. (b) Македонија никогаш не била Грчка пред “Големите Војни“ во 1913, (c) Грчкото тврдење дека Македонија била “отсекогаш Грчка“ е бесрамна лага и нова измислица. (d) Потврда дека немало “Грчки Македонци“ во Македонија и (e) сето ова Грчко скокање околу името “Македонија“ како Грчко е апсурдно смешна манипулација на фактите од страна на една арамиска нација. Изјавата на Трикоупис, не е изјава од голобрад националист, пијан патриот или фашистички идолопоклоник, туку е измерена изјава, целосно вкалкулирана во политичките интереси, од страна на еден разумен и компетентен човек како лидер на нацијата и затоа има огромно значење и тежина. Ова се зборови на намери и на визија, од страна на Грчки Премиер кој како по скрипта со прецизен план го предвидува етничкото чистење на Македонија, кое следуваше во 1913 година. Претскажувањето на Харилаос Трикоупис се оствари во Балканските војни и Букурешт, со помошта на шовинистичките и лицемерни Големи Сили. Референци:
“Population exchange in Greek Macedonia“ By Elisabeth Kontogiorgi (од стр. 30) “Macedonia and Greece“ by John Shea (од стр. 101)
Михаил Барак |