|
|
Древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот |
Поимот обелиск- древен македонски збор и значи обелоденувањеКлаудија Лутовска Обелискот којшто праисторискиот човек на планината Кожуф, близу Гевгелија го поставил пред речиси 5000 години пред нашата ера, во педесеттите години на 20 век, диви копачи, најверојатно со некаква помошна механизација, барајќи злато - го урнале и го преполовиле на два дела. За жал, од незнаење за вредноста на обелискот на локалитет кој датира од праисторијата направена е штета врз него. Двата уништени делови на обелискот, кој бил висок 5,5 метри, на се уште нерегистрираниот локалитет наречен "Милисин", кој всушност претставува шумарско-ловечка заштитена зона на Кожуф Планина, денес се само сведок за единствениот обелиск-споменик на културата на праисторискиот човек на овие простори кој верувал во култот на Сонцето и Космосот.Оваа приказна ја раскажува архитектот и проучувач на историјата на македонската цивилизација, автор на многу дела на оваа тема, Васил Иљов, кој направи реконструкција на обелискот и се обиде да го дешифрира натписот издлабен на каменот. Овој начин на пишување кој е регистриран на обелискот е соодветен на пишувањето во раниот неолит. Исто такво пишување има на печатот од Говрлево - издлабени написи на камен на еден одреден принцип. Околу четири месеци траеше осмислувањето на кој начин да се дешифрира издлабениот дел. Според дешифрираното стои: "Со мојот владетел Сонцето", потоа "И Ракле Зпаски - тоа веројатно значи име на некој владетел", објаснува истражувачот Иљов. Локалитетот "Милисин", кој во науката не е многу афирмиран, е мошне атрактивен локалитет. Името го добил по реката Милисин што тече во близина, а целото подрачје, всушност, претставува шумарско-ловечка зона, Истражувачот Иљов објаснува и додава: "Останав фрапиран од она што го видов. Како може еден таков уникатен објект - споменик од праисторијата толку да се уништи. Според моите сознанија, тој е првиот обелиск што досега бил регистриран на овие простори". Обелискот бил поставен во слава на Сонцето, бидејќи древните Македонци верувале во култот на Сонцето и Космосот. Се надевале дека кога ќе починат, кога покојникот ќе го стават на клада, кога ќе изгори - преку зраците на Сонцето, ќе стигнат до Космосот и таму ќе станат вечни. Архитектот Иљов потенчира дека и самиот поим обелиск е древен македонски збор и значи обелоденување. - Македонскиот народ знаеше да создава под какви било околности. Затоа ние сега треба да знаеме како тоа да го сочуваме, затоа што овие остатоци и' припаѓаат на македонската цивилизација и на македонскиот народ, вели Иљов и додава дека затоа е потребно да се изврши реконструкција на обелискот, да се постави во вертикална позиција и да се вратат камењата на своето место. - Македонските археолози ваквите локалитети како да не ги забележуваат. За нив поатрактивни се, на пример, некрополите, бидејќи во нив има предмети, богатство. Овој локалитет е од бесценето значење за Гевгелија и Македонија и претставува реткост во регионот. Го обогатува како локалитет и центарот на Кожуф. Еве уште една можност на посетителите да им се презентира праисторијата на Македонија..... |