Среда, 17 Септември 2014   
Предговор кон „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински

makedonska-krvava-svadbaШто напишав јас? Ништо не напишав. Јас го препишав од сè уште ненапишаната крвава историја на Македонија она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонките да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата. Успеав ли? Дали точно препишав? Не знам; за тоа нека се искажат г-дата критичари. Ако сум успеал, се радувам, ако пак не, сиот грев го фрлам на оние што можат поубаво да ја извршат оваа работа, која мене не ми беше по силите.

Пред себе сум оправдан, зашто не мислев да бидам писател ниту мислам, ниту ќе мислам со тоа да го исплаќам долгот кон мојата поробена татковина.

Г-дата критичари, читателите и гледачите, кога ќе ги имаат предвид горните околности, верувам дека ќе бидат снисходливи кои мојот скромен труд, а поспособните наши писатели ќе се зафатат да напишат нешто за нашиот многустрадален живот и ќе ги раздвижат спокојните, лабави струни на македонскиот роб!

(Софија, декември 1900 г. В. Чернодрински)

--------------------------------------

Еуфоријата што ја предизвикува подготовката на „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“, општата приврзаност на македонската емиграција кон неа и понатамошното драматично развивање на настаните, создаваат вистински немир и несигурност кај власта. И покрај покровителството на Врховниот Комитет над претставата и воедно строгата контрола што тој ја врши над неа, претставувајќи се јавно како легален заштитник и легитимен претставник на македонското дело, а всушност манипулирајќи со него, бугарската власт се наоѓа загрозена и принудена на ригорозна акција. Со самото појавување и присуство на претставата во нејзиниот двор, таа почнува да ја губи играта. Нејзиното големо око помеѓу две свои трепнувања не видело, дека просторот на играта и го заземаат други, за неа загрозувачки сили. Затоа таа веднаш кога ќе ја сфати опасноста, само еден ден пред премиерата го укинува просторот на сценската игра и ја забранува претставата.

Бугарскиот историчар на театарот во својот труд „Минатото на театарот во Македонија“ според наводот на А. Алексиев вака ја опишува оваа репресивна постапка: „Изведувањето на оваа пиеса уште при првото свое поставување не минува без инциденти. Поради интервенцијата на туѓото правителство кај министерот претседател Тодор Иванчев, пиесата се забранува од власта, но претставата сепак се одржува под силна заштита на вооружени четници.“ Меѓутоа, таа забрана кај луѓето наклонети и поврзани со претставата, кај луѓето организирани во ВМРО и кај емиграцијата воопшто, предизвикува сосема спротивен ефект. На самиот ден на премиерата уште од раното попладне, просторот пред и во салонот на „Славјанска беседа“ се претвора во место на директен судир и вооружена акција на револуционерното движење.

Биографијата на Чернодрински, напишана многу подоцна од артистката Мила Савева, ни ги пружа овие податоци за тој настан. „Тогашниот градоначалник на Софија, Минович, дава заповед за растурање на публиката со коњичка стража. Но и покрај тоа улиците се исполнија со народ. Артистите не можат да влезат во салонот. Тогаш тие дури и ризикувајќи го животот се провлекуваат под коњите и влегуваат.“

Таков развој на драмската ситуација власта не можела да предвиди. Контролата и сопствеништвото над просторот на играта полека, но сигурно ѝ се измолкнуваат и како ситен песок ѝ истекуваат низ прсти. Меѓутоа, во тој момент просторот на претставата не го контролира ни самиот Чернодрински. Возбуден и засолнет на сцената, тој низ дупката во завесата ја следи играта. Просторот на гледање и просторот на сцената сега ги имаат променето своите места. Просторот на гледање во кој се гледачите, сега е не само простор на објективно гледаната стварност во која се игра вистинска сцена од животот, туку е и реален простор на кој се одигрува револуционерен чин. Еве како Чернодрински ја гледа таа стварност низ дупката во завесата: „Публиката гледајќи го тоа (како актерите влегуваат во салонот. п.м.) ја обзема пламнато национално чувство и тогаш со јуриш и ура, и таа влегува во салонот. Во тоа време во театарот дошле и македонските револуционери Славчо Ковачев и Борис Сарафов, заедно со своите четници. Тие ѝ се спротивставиле на стражата со извадени револвери и возбудени повикуваат: Македонска Крвава Свадба ќе се игра оваа вечер, а одбраната е тука покажувајки на своите парабелуми. Публиката окуражена од тоа, со громко ура се провлекува под коњите, навлегува во театарот и со нестрпливост чека да се крене завесата.“

Останувајќи и понатаму љубопитно зад дупката во завесата, со маската на Спасе на своето лице, режисерот и актерот Чернодрински како што се гледа, вешто препушта просторот на претставата да се претвори во место на вооружена борба за слобода. Освојувањето на тој простор истовремено претставува и освојување на сопствеништвото над претставата и самата игра, а и освојување на бараната слобода. Затоа, стапувајќи на просторот на претставата и борејќи се за театарскиот исказ на Чернодрински, за премиерата на претставата, припадниците на револуционерната организација и на револуционерното движење воопшто водат истовремено и жестока битка за својот човечки дигнитет, за правото на постоење и живеење во слобода. И тој момент на идентификација на револуционерното движење со самата претстава ги премавнува границите на просторот на претставата и го проширува своето влијание на територијата на целата држава Бугарија.

Акцијата на револуционерната организација, која е вклучена во претставата како нејзин составен дел и со која јавно се манифестира идеата за независност на македонскиот народ и неговиот национален идентитет, претставува постапка која ги загрозува хегемонистичките и експанзионистичките аспирации на Бугарското кнежевство во однос на Македонија. Токму затоа бугарската власт до самиот почеток на претставата жилаво ќе се обидува со сите средства да ја оневозможи претставата и да ја спречи нејзината премиера.

Власта е веќе отстранета од просторот на претставата и сценската игра која се остварува како естетски исказ на Чернодрински и неговите другари може да почне. Точно во определеното време, завесата се подигнува и на гледаниот простор на сцената започнува историјата на „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“, но не само нејзината. Во историска перспектива, кон иднината на Македонија, таа ќе се покаже како чин од непроценлива важност за нејзината култура.

Со тоа пресвртно и историско дигање на завесата, Чернодрински ја добива не само битката за театарскиот простор и за создавање на својот постојан театар „СКРБ И УТЕХА“, туку го воспоставува и својот автохтон модел на револуционерно-политички театар. Во него навистина се нема одиграно значајна естетско-театарска револуција, но затоа пак тој како специфичен театарски модел ќе ѝ припаѓа целосно на социјалната и национално-ослободителната револуција и како таков ќе биде нејзино моќно оружје и силен гласноговорник во текот на следните неколку години. Од друга страна, тој естетски модел ненаметливо ќе антиципира огромен број театарски искази кои во текот на дваесетиот век на просторот на театарската левица ќе се појавуваат и ќе се воспоставуваат како модел на политички театар.

(Театарот како оружје - Театарскиот модел на Чернодрински - Наум Пановски)

Помнам како вчера да беше, кога во 1973 година ме посети господинот Стојан, син на големиот Војдан Чернодрински и ми рече: “За разлика од татко ми, чиј живот и творештво е нераскинливо поврзан со Македонија, мене кариерата ме однесе да бидам бугарски офицер. Како што остарев така соништата ме нападнаа, а во нив аманетот на татко ми, неговото творештво да биде пренесено во Македонија. Пред да умрам морам да го исполнам аманетот“.

Така и бидна. Ги донесе во Скопје сите ракописи на славниот Војдан Чернодрински, ги архивиравме во Државниот архив на Македонија, го издадовме комплетот со неговите дела, за да посведочат дека и во почетокот на минатиот век сме имале уметници што го практикувале македонскиот народен јазик, од кој произлегоа научните кодификации.

Не сме дрво без корен, ниту ѕверови без совест. Иако историјата ги казни нашите поколенија да ги повторуваат грешките.

(Божин Павловски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.