Среда, 09 Септември 2020   
Апел на привремена Влада на Македонија – „Единство“ (21 мај 1880 год.)

edinstvoПРАВЕДНИТЕ БАРАЊА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИСПОЛНАТ СО БРЗА ПРИМЕНА НА ЧЛ. 23 ОД БЕРЛИНСКИОТ ДОГОВОР. ПАРОЛАТА Е МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ

“Привремена влада на Македонија

Но 3, 21 мај 1880 година

Гремен -Теке

До неговото Превасходство Серускиот генерален конзул во Солун (Н. Улјанов, н.б.)

Ваше Превасходство,

Од името на Привремената влада на Македонија Ви го праќаме ова протоколарно решение на националното собрание на Македонија со молба да го испратите до Н.В. Серускиот император Александар ИИ. Се надеваме дека руската влада ќе ги потпомогне праведните барања на македонскиот народи ќе помогне да се здобие со правдини слични на останатите балкански народи.

Привремена влада на Македонија

Претседател: Васил Симон

Членови: 1. АнастасДимитрович

2. Али Ефенди

Прилог: ПРОТОКОЛАРНО РЕШЕНИЕ

Националното собрание на македонскиот народ, составено од привремените претставници на народот од  различни области, се собраа во Гремен - Теке, ја разгледаа општата политичка положба во земјава и го претресе сето она што би требало да се стори за да се постигне националната цел на Македонија. Притоа се имаше предвид И макотрпната историја на оваа земја, која со векови страда од разбојништва од органите на валсата, од грабежите и насилствата на Черкезите одамна настанети во поодделни области;

- Дека поради својата географска положба во центарот на Европска Турција, Македонија секогаш била жртва на востанија и на грабежи од страна на башибозуците, Черкезите и Гегите; (Албанци кои живееат северно од р. Шкумбраво Албанија, н.б.)

- Дека Македонија, повеќе од која друга земја, поради политички цели е разделена и етнички на Словени, Грци, Власи, Турци и Албанци, а завојувачите се стремат да ја распокинат, со што се рушИ националното постоење на Македонците, така што тие секогаш остануваат во сиромаштија;

- Дека на меѓународните конгреси на големите сили Македонија е оставена сирак;

- Дека поради последните промени во Европска Турција - Романија, Србија и Црна Гора по силата на Берлинскиотдоговор од 1878 г. ја добија својата полна независност, а Бугарија, Источна Румалија, Крит добија граѓански права, Епир и Тесалија го очекуваат своето присоединување кон Грција, додека единствено Македонија која во древно време имала своја цивилизација и ги дала Аристотела и Александар Велики, е лишена од секаква помош;

- Дека никакво решение на мировните договори по однос на граѓанските права на македонското население не било применето - член 15 на прелиминарниот Сан-Стефански договор му признавал полна автономија на големиот дел на Македонија; а член 23 на Берлинскиот договор иж давал органски устав, сличен на Критскиот устав од 1868 година, но оттогаш изминаа веќе две години без ништо да е сторено.

По сила на сето ова, собранието на македонските претставници еднодушно реши:

1.  Да иж се даде до знаење најнапред на Високата Порта преку главниот управник (валијата) на Македонија, праведните барања на македонскиот на-род да се исполнат со брзото применување на членот 23 од Берлинскиот договор (автономија за Македонија, н.б.);

2. Ова решение да им биде врачено на конзуларните претставници на големите сили потписнички на Берлинскиот договор, со молба големите сили да се застапат пред Високата Порта за применување на чл. 23 од Берлинскиот договор.

Во случај Високата Порта да не стори ништо, Привремената влада на Ма-кедонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македо-нија на Македонците, за востановување на древната Македонија.

 

За Привремената влада на Македонија                                         Главен командантна

Претседател: Васил Симон                                                           воените сили на Македонија

                                                                                                   Крамонтов”

           

Архива Министерул Афецерилор Страине (Буцурести) Фондул Цонстатинопол. Цонсулар Салониц. 31.ВИИ/12.ВИИИ 1880, п. 28-33;

Славко Димевски, Привремената влада на Македонија во странските конзулски извештаи, разгледи, бр. 1-2, 1973, стр. 173-180; Љ. Лапе ,Одбрани текстови..., ИИ,стр 249-251;

Документи за борбата..., т.И, док. 188, стр.265-267;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.