Среда, 01 Октомври 2014   
Привремената влада ополнномоштена да ја бара автономијата (12 август 1880 г.)

РОМАНСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН: НА ОПШТО СОБРАНИЕ БИЛО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. ЗА ТАА ЦЕЛ БИЛА СОСТАВЕНА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА ОПОЛННОМОШТЕНА ДА ЈА БАРА АВТОНОМИЈАТА

old-solun“Романски генерален конзулат

Но. 646

31 јули/12 август 1880 г. Солун

До министерството за надворешни работи во Букурешт

Ваша екселенцио, господин Министре,

По доста долго време се носи глас во Солун дека на планината Грамос, меѓу Епир, Тесалија и Македонија било свикано општо собрание на делегати од различни народности, освен Турците, а имено: Македонци, Грци, Албанци и Аромани (Власи, н.б.), на кое било поставено прашањето за автономијата на Македонија. За таа цел била составена Привремена влада, ополномоштена да ја бара автономијата најнапред од Високата Порта, откако ги извести конзулите на големите сили за донесеното решение за создавање на привремената влада, нато-варена да побара застапништво на силите-потписнички на Берлинскиот договор, за здобивање со автономија. Во случај на откажување, да биде повикан македонскиот народ на оружје.

Во врска со оваа вест, треба да нагласам дека кон средината на јули оваа година непознати лица им врачија на гавазите од конзулите на големите сили по еден плик, во кој се наоѓаше разгледаниот документ (на грчки јазик). Јас примерокот го добив од австрискиот колега во француски превод.

По прашањето за изворноста на документот, во конзулските средини постојат три гледишта:

1. Како собаранието, така и Привремената влада на Македонија никогаш не се состанале, документот е руска апокрифна творба со цел да го поттикне народот на востание, сугерирајќи му ја идејата за создавање на една Македонија со претстолнина  во Солун. Со тоа руската влада сака да ја искористи положбата само во полза на Македонците и да им попречи на стремежите на Австрија да стави рака врз патот кон Егејското Море.

2. Документот е грчко дело, кое има за цел да се искористи едно востание за насилно присоединување на грчките територии, отстапени на грчкото кралство од Берлинскиот конгрес. За присоединувањето на Епир и Тесалија кон Грција, населението на Македонија без разлика на народност, требало да биде поттикнато да учествува во барањето на своето право за автономија со оружје, така што турските сили би биле раздвоени. Крајната цел била, да биде голтната и Македонија по добивањето  автономија. Грчката влада претпочитала создавање автономна Македонија под нејзино влијание, за да може да работи на погрчување на македонското население.

3. Целата оваа работа е турска маневра против Грците. Се поаѓа од сфаќањето дека Турците никогаш не ќе се откажат од претензиите на своите провинции Тесалија, Епир и Македонија и поради тоа турската влада претпочита да компромитира еден таков план.

Јас лично, господин министре , не сум убеден во ниедна од овие три верзии. Не знам ни од каде доаѓа тој документ. Меѓутоа, од незадоволството на населението што ја населува Македонија, од движењата како отпор против Берлинскиот договор, си дозволувам да верувам дека навистина определени здравомислечки средини од сите народности прават напори да го обединат македонското население и да го изведат од анонимност. Така здружено, македонското население ќе го оневозможи мешањето на соседните држави и ќе може со поголема доверба пред големите сили да се застапува за автономија на својата земја.

За потврда на моето мислење, господин министре, ме упатува и фактот, што слична привремена влада на Македонија се појави и на Пирин Планина. И таа на сличен начин сака да го реши македонското прашање. Меѓу овие деве привремени управи нема вообичаено напаѓање, какво што има меѓу приврзениците на Грција и Бугарија. Напротив, меѓу нив се воспоставени и извесни контакти...

Во прилог на писмово Ви испраќам...еден примерок од протоколарното решение на Привремената влада на Македонија, Но е  преведено на романски јазик...

...Ваш, (потпис нечитлив)”

С. Димевски, Привремената влада на Македонија..., Разгледи,  1-2, 1973, стр. 173-180; Љ. Лапе , Одбрани текстови..., ИИ, стр 252-253;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.