|
|
Положбата во Македонија под грчка власт и борбата на македонското население |
…положбата во Егејска Македонија. Овој несреќен крај што претставува поголем и најбогат дел на Македонија… и ги даде Гоце Делчев, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов…. чие што население трипати (1903-1913 – 1918) беше клано, ограбувано… овој ист крај и денес е оставен да страда… Да се бориш 50 години за слобода… да бидеш и денеска прогонуван и затворан. Јас ги пречекував бегалците што дојдоа во федерална Македонија… 16 села во Калјарско се иселени…- истребување, исчистување на Македонија од Македонските Словени. Се мачеа да ги асимилираат, да ги погрчат– не успејаа. Сега ги прогонуваат и убиваат. Не дозволуваат збор да се каже за некакво ослободување на македонскиот народ таму. До неодамна дури НО движење на Грција– ЕАМ, македонското прашање го поставуваше како внатрешно малцинско прашање.. им ветуваа на Македонците… право на училишта и цркви, но без друго во границите на Грција. Тоа се разбира, беше грешка… од неизживеаниот шовинизам во некои средини на ЕАМ… Раководството на ЕАМ ги признава веќе Македонците како одделна нација и ги привлекува во општата борба во имато на нивните македонски национални деали…. Македонското ослободително движење во Македонија под грчка власт влегува во ЕАМ како самостојна сила. Македонците… сознаваат дека сега имаат една понепосредна и заедничка задача со грчкиот народ- премавнувањето на монархофашистичкиот режим… за да тргне земјата по патот на демократскиот развој. Македонците таму не го поставуваат сега како прва задача прашањето за своето присоединување кон НР Македонија. Тие не се откажуваат од тоа. Обединувањето е свето право на секој народ. …И затоа засега Македонците во Егејска Македонија се задоволуваат со паролите за културни права (училишта и сл.). Но реакцијата беснее… за неа Македонците не се никаква одделна нација. Тие се само словеногласни Елини. Има дури и демократски средини и весници… што го земаат во заштита нашето население… но и овие наши пријатели на Македонците гледаат не како на одделна нација, туку како на “словеногласни Елини”. |