Среда, 12 Ноември 2014   
Горноџумајско востание

Anastas Jankov
Атанас Јанков

Првата активност за започнување на врховистичкото востание во Македонија ја почнал полковникот Атанас Јанков. Во средината на 1902 година, Јанков со голема чета навлегол во Македонија и се движел од Џумаја до Костурско.

Поминувајќи низ Џумајско, Малешевско, Струмичко, Гевгелиско и други места, Јанков оставал свои приврзаници и го повикувал населението на востание. Меѓутоа ТМОРО успеала со својата дејност да го спречи објавувањето на Врховистичкото востание во Костурско.

Во текот на оваа акција на полковникот Јанков во југоисточна Македонија започнало Горноџумајското востание.

Со востанието биле зафатени Горноџумајско, Мелничко, Петричко, Малешевско, Струмичко и Разлошко.

Оваа акција на Комитетот ја ослабналa и сериозно ја загрозилa организациската мрежа на ТМОРО.

Меѓутоа треба да се истакне дека Горноџумајското востание успеало да ги раздвижи дипломатите на големите сили околу македонското прашање и да ги предизвика таканаречените Падарски реформи.

Еден дел од историчарите сметаат дека оваа акција на Комитетот допринела Централниот комитет на ТМОРО да го свика когресот на кој било поставено прашањето за востание во престојната 1903 година.

По Горноџумајското востание претседателот на Централниот комитет Иван Гарванов сакал да дојде до помирување со Врховниот Комитет, а Иван Цончев за таквото помирување го поставил условот за кревање на востание во пролеtта 1903 година.

Во 1900 година за костурски митрополит е назначен Германос Каравангелис. Тој успеал да го поткупи во интерес на грчката кауза, војводата Коте Христов давајќи му плата од 10 фунти и школување на неговите децата во Атинаската гимназија, а подоцна и самиот Коте заминал во Атина кај грчкиот офицер Павлос Мелас.

Во 1901 година, митрополитот Каравангелис привлекол и други војводи за грчката каузата, а меѓу нив и Вангел Георгиев. Тој ја организирал првата андартска чета, заедно со андарти Јоргос Перакис. Постепено тие постигнале успех во јужните грчки села во регионот на Богатско како и во негрчките села на север како Лехово, Писодер, Клисура и Бел Камен, а и во некои гркомански села како Желев.

Во 1902 година Јон Драгумис е испратен во Битола како подконзул, каде што главната задача му е да создава тајни комитети за вооружена борба. Тогаш во Атина се создал Елиномакедонскиот комитет под раководство на новинарот Димитриос Калапотакис.

Тој создал Општи упатства за македонските чети на Високиот совет на Македонскиот комитет. Се` започнало со испораката на оружје од внатрешноста на Грција, а во 1903 година пристигнале и првите грчки војводи, доброволци од Крит и Мани.

Истовремено Германос Каравангелис со четата составена од Грци, Албанци, Турци, Критјани и Гркомани, која се состоела од околу 50 души, ги обиколува, Костурско и Леринско продолжувајќи ја агитацијата.

Cheta of andarts
Четата на Павлос Мелас

Во текот на Илинденското востание, Каравангелис и неговите луѓето се криеле во Костур, а еден дел од нив ја помагаале турската армија. Андартскиот командант Јоргос е убиен во Лехово од Васил Чекаларов.

Коте Христов и Павел Киров успеале да го отстранат првиот голем војвода на Македонската револуционерна организација Лазар Поп Трајков и тоа преку предавство. Тие го убиле, а потоа неговата отсечена глава ја испратиле на Каравангелис.

По Илинденското востание оргнизационата мрежа на МРО била ослабена, а неселението било исплашено.

Каравангелис и Евтимиос Каудис ја продолжиле својата дејност и успеале да вратат некој од егзрхиските села под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, а со помош на турските власти успеале да ги затворат егзархиските училишта во Костур.

Елиномакедонскиот комитет во согласност со владата на Теотокис во март1904 година испратиле официјална разузнавачка андартска мисија во Македонија, составена од 4 офицери. Офицерите подоцна испратиле извештај во кој истакнале дека во постојните услови борбата е можна, ваквото стојалиште било усвоено од грчката влада.

Потоа започнале подготовки во Македонија и Грција за преминување на андартски чети, а тие во есента1904 година се нашле на територијата на Македонија. Андартските чети добиле задача, по секоја цена и со сите средства да бидат уништени комитетите на Македонската револуционерна организација по селата, а на нивно место да бидат создадени грчки комитети преку кои ќе се држи грчкиот патриотизам.

Georgios Tsondos Captain Vardos04-08
Четата на Капитан Вардас

Грчките чети добиле наредба да не го напаѓаат турското население, туку и да го заштитуваат. Елиномакедонскиот комитет и грчката пропаганда уште од порано како што бил случајот со Андартската провокација, пропагирале дека:

грчките чети немаат цел да се борат против турскиот режим во Македонија

Основаната задача на грчките чети била по пат на закани и убиства да се принуди македонското егзархиско население да ја признае Цариградската Патријаршија. Обично пред да биде употребена сила андарите испраќале закани до населението во кој биле предупредувани:

Ако по десет дена не станете Грци, повеќе не надевајте се да живеете

Андартите вршеле и одмазда врз населението кое уште одамна се откажало од Цариградската Патријаршија или пак зошто учествувало во редовите на Македонската револуционерна организација.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.