Среда, 12 Ноември 2014   
Извештај на Меѓународната Карнегиева комисија

karnegieva-komisija
Насловната од Извештајот на Карнегиевата комисија, објавен во 1914 година

- Извештајот започнува со ПРЕДГОВОР од Николас Муреј Батлер – Извршниот директор, датиран со 22 февруари 1914 г. и кратко се објаснети причините за ова истражување на комисијата.

По тоа е - СПИСОКОТ на членовите на Балканската комисија по овој редослед:

АВСТРИЈА:
Д-р Јозеф Редлих, професор по јавно право на Универзитетот во Виена.

ФРАНЦИЈА:
Барон д,Естурнел де Констан, сенатор.
Г. Жистен Годар, правник и член на Собранието на Франција.

ГЕРМАНИЈА:
Д-р Валтер Шикинг, професор по право на Универзитетот во Марбург.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА:
Френсис В. Хирст, уредник на “Економист”.
Д-р Х.Н.Брејлсфорд, новинар.

РУСИЈА:
Проф. Павел Милјуков, член на руската Дума.

САД:
Д-р Семјуел Т. Датон, професор на Учителскиот колеџ на Универзитетот Колумбија.

ВОВЕД- Зошто е ова испитување?

- Вака е насловен Воведот од д`Естурнел де Констан. Сакајќи да даде легитимитет на истражувањата од Поткомитетот и го отфрли сомнежот за пристрасност, тој почнува со своите улоги низ Балканот. Почнува со Бугарија за која ќе рече:

“Јас претседавав на прочуениот состанок во Шато д`О на 13 февруари 1903 г. и истапив како политичар за Бугарија и сите угнетени населенија на Балканскиот Полуостров“.

- За Србија вели дека има многу пријатели од нејзините дипломати. За Црна Гора ќе ја спомне неговата улога - член на Меѓународната комисија именувана по Берлинскиот договор (1879-80) и престојот таму.

- Со престојот и во Албанија, Косово и Македонија, д`Естурнел сака да стави до знаење дека ги познава приликите на Балканот, но се негира во следните редови кога ги опишува народите. Конфузијата и збрканоста кога е националноста во прашање кај него, се потврдува од следното (стр.33):

“Овие народи, измешани во една неразмрслива збрка на јазици и вери, на антагонистички раси и националности, Турци, Бугари, Срби, Србо- Хрвати, Срби што зборуваат албански, Куцовласи, Грци, Албанци, Цигани, Евреи, Романци, Унгарци, Италијанци не се помалку добри или помалку надарени од другите луѓе во Европа и во Америка“.

- Д`Естурнел де факто признава, дека овие народи му се нејасни кога вели “измешани во една неразмрслива збрка на јазици и вери”, а подиректно ја потврдува оваa своја збрка и со термините за непостоечки народи –“Србо-Хрвати” (?!), па народноста “Срби што зборуваат албански“,(?!) а спомнува и раси.

- Д`Естурнел објаснува од повеќе аспекти во делот “Приговори“, а интересна е трговијата по Балканските војни, за која вели дека е погубна за повеќето индустрии освен воената, но и новата трговија во процут, бизнисот со вештачки нозе. Овој добар бизнис е резултат на двете Балкански војни.

 

По враќањето на Комисијата во Париз, има тешкотии околу составувањето на материјалите (кои да влезат, а кои не?!). Иако баронот сака да прикаже единство во ставовите, со внимателно читање се гледа дека не е така, тој вели:

“Подготвувањето и објавувањето на Извештајот одзеде повеќе време и имаше повеќе тешкотии одошто очекувавме“...

- Пристрасноста и правдањето заради истата се огледа и во следното (зголеменото и знаците се за да се подвлечат контрадикторностите на Извештајот):

“По Извештајот следува додаток кој Комисијата би сакала ДА БЕШЕ МНОГУ ПОЦЕЛОСЕН. Таму СЕ НАДЕВАВМЕ ДА ГИ ОБЈАВИМЕ официјалните соопштенија и протестите на ГРЧКАТА И НА СРПСКАТА ВЛАДА, како и НИВНИТЕ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ДАВААТ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИТЕ, РАНЕТИТЕ И ИСЧЕЗНАТИТЕ И ПРОЦЕНИТЕ НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ ЗАГУБИ. НЕ Е НАША ВИНА што тие документи не го завршуваат нашиот Извештај, но во недостиг на владини информации, ТОЧНИ И ПРОВЕРЕНИ информации, како што ќе се види НЕ НЕДОСТИГААТ“.

- Од горното логички и прашањата

• Како “независната” комисија го составува Извештајот, кога ПАК СЕ ИСПУШТААТ ПОДАТОЦИ ПО СИТЕ СЕГМЕНТИ, ОД ГРЦИЈА И СРБИЈА, НО НЕ И ОД БУГАРИЈА.

• Како се дојде до она “ТОЧНИ И ПРОВЕРЕНИ” информации ако се базирани на само едната од трите страни?

• Ако не можеле да добијат официјални податоци од Србија и Грција за загинати, ранети, исчезнати и материјалните загуби, КАКО не можело да им се објават нити официјалните СООПШТЕНИЈА И ПРОТЕСТИ, (барем тие се јавни?!).

- Со Глава – I,  д`Естурнел оди на содржината – Причините за двете војни и се разбира, бидејќи е пишувана од Милјуков, мора да ја брани од пробугарските ставови.

- Свесен за пристрасноста кон Бугарите (и дамката врз цела Комисија), авторот пробува да се “одлепи” од ова, со други околности, долги реченици и растегливи категории, пр.:

- “Им препорачуваме на оние читатели кои тврдат дека НЕКОИ ОД НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ СЕ СО ПРОБУГАРСКИ СИМПАТИИ, да ги прочитаат страниците на кои се разоткрива, од освојувањето на Турците и нивното заземање на Константинопол, фаталноста на актите што доведоа до двете последни војни, а меѓу овие акти, избувнувањето на лудоста, незаузадниот милитаризам против народната воља“.

- Ова постојано бранење од ЕДНОСТРАНИТЕ и ПРОБУГАРСКИ СИМПАТИИ дополнително го компромитира Извештајот, особено и од она што следи...

- Свесен за пристрасноста, баронот “замаглува” со индивидуи од Бугарската армија како Генералот Савов (“неморално” ја почнал Втората војна).

- Ова може да се толкува и поинаку. Токму со втората војна, Бугарија изгуби повеќе територии, а и опстанокот и е во прашање (Софија пред паѓање). Нормална е осудата за Савов, кој ги донесе овие несреќи пред се` на Бугарите, а потоа на другите.

- Едноставно - НЕМА конкретен и целосен опис на Бугарско ѕверство, не како на другите (Грчки, Српски, Турски...). Ако е спомнато Бугарско ѕверство, тоа е поради фактори кои го изнеле на виделина (печат и сл., а што ќе се види подоцна овде). Но тоа баронот (и др. членови) пробува да го правда со се` друго (околности, состојби, и сл.), само не со вистината и Бугарите!

- Главата – II е за маскарите и човечката престорливост во ѕвер, за која сепак многу кратко и повеќе поетично се изразува баронот, осудувајќи го сето тоа но и никого конкретно.

- Главата – III е уште пократка со опис од 3-4 реченици и пак воопштено без конкретизирање на оваа инаку тешка и мачна глава со ѕверства.

- Главата – IV – Војната и националностите, за најлошите ѕверства баронот ги обвинува повеќе локалните жители одошто туѓите војски преку нив.

- Главата – V -“Војната и меѓународното право“, секоја одредба од меѓународното право е прекршена од сите страни. За баронот свирепоста, жестината и најлошите срамоти на Балканот се директна последица наследена од ропството и војната.

- Главата – VI - Економските последици од војните, на ова д,Естурнел највеќе се задржува. За најголем добитник од војната според него (и мислењето на мнозина) е Грција која максимум добила со минимум загуби, зашто е релативно далеку од главните бојни полиња, а и прави и други економски сметки.

- Д`Естурнел потоа преоѓа на – Поука од двете војни. За Турција која ќе ја бркаа од Европа вели дека сепак остана во Европа, а за другите кој под чиј надзор останува (главно Австрија). За Македонија, ќе рече:

- “МАКЕДОНИЈА, ВЕЌЕ НЕ ГРОБ, СТАНА ПЕКОЛ“.

- За малите, а “Големи” Балкански државички кои го предизвикаа сето ова, ќе рече:

- “Голема Грција, Голема Бугарија, Голема Србија, деца на современа мегаломанија, од своја страна внимателно ќе го набљудуваат Босфор... Средоземното Море отвара нови соперништва, пак станува бојно поле што беше престанало да биде“.

- Го осудува и печатот (го распалил национализмот на Балканот што можело Европа да ја вовлече во нови судири). Компарира и со Јужна Америка, Австралија и Канада, но и се враќа на безизлезноста од Балканските нарушени односи. Со ова го завршува – Воведот.

Македониум

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.