Среда, 17 Декември 2014   
Етногенезата на античките Македонци

ancient-maecdonia

Античките Македонци се палеобалканска популација од индоевропско потекло. Како посебен етнос се формирале во VIII век п.н.е., од популации кои уште во III милениум го населиле централнобалканскиот простор. Кон крајот на III и почетокот на II милениум п.н.е., кога се случиле најголемите движења и преселби во евроазискиот простор, настанал процес на „европеизација” на популациите на Балканот.

Централнобалканската регија, поточно, нејзиниот југозападен дел бил населен со прастарата бригиска етничка заедница (Бригите го населувале просторот од планината Пангеј источно од Аксиј до централниот, југоисточниот и јужниот дел од денешниот албански простор, Епир, Охридскиот регион и Пелагонија). Античките автори Бригите ги сметаат за најстар народ на светот (Херодот) и за изумители на голем број вештини (обработка на метали, ковење пари, изум на тркалото, користење жито, сиринкс – музиката на Марсиј).

Археолошките, историските, ономастичките и лингвистичките истражувања ја покажуваат етнографската и јазичната поврзаност на Бригите со античките Македонци.

Во етногенезата на Македонците влегле повеќе етноси што живееле во територијата на античка Македонија: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгеланци, Дасарети, Орести, Еордајци, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Едонци и други помали етноси.

Од VIII век п.н.е. започнал процесот на обединување на македонските племиња во единствена држава на античките Македонци под власта на македонските цареви од династијата Аргеади.

Државата започнала да се шири од териториите помеѓу реката Аксиј (Вардар), реката Лудија (Могленица) и реката Халијакмон (Бистрица), својот најголем обем го достигнала за време на Филип II (359–336), а за време на Александар III Македонски (336–323) добила светски размери, не само со воената и економската моќ, туку и според цивилизациското значење од историска важност (во глобалистичка смисла до денес).

Античките извори сведочат за посебноста и другоста на античките Македонци наспрема другите соседни етноси – Хелени, Тракијци, Илири, Мези; посебноста и другоста на античките Македонци во однос на Хелените најдобро се согледува во државното уредување (античките политиколози пишуваат за македонската басилеја без која Македонците „не можат да живеат”) – монархија со наследен владетел и со државни институции кои владеат според „македонски закони”; потоа, забележани се посебни македонски обичаи, обреди (свадбени обреди), свечености посветени на македонските божества (бахи, клодонки и мималонки, менади), митови за македонската царска династија (Каран, Темен, Македон, Мида), македонски култови (култ на водата – Беди, култ на сонцето, култ на кучето), култови на македонски божества (Бах, Сабазиј, Зеирене, Херакле, Орфеј, Музи), а посведочен е и посебен македонски јазик.

Јазикот на античките Македонци

Иако има многубројни потврди кај античките автори за посебниот македонски јазик, досега официјално се објавени околу 150 македонски глоси кои укажуваат дека македонскиот јазик е индоевропски, сроден со бригискиот јазик. На пример, Плутарх (во Александар Македонски) сведочи за постоењето на самостоен јазик на Македонците: Александар на македонски јазик ги повикува своите штитоносци; или, војниците го поздравуваат на македонски јазик војсководителот Евмен.  Употребата на македонскиот јазик е посведочена и со еден запис на египетски папирус, кој се однесува на пратеникот Ксениј, кој зборувал македонски. За разликите меѓу македонскиот и старогрчкиот јазик и за различните обичаи сведочи и оној дел од историјата на Куртиј Руф во кој Александар прекорно му се обраќа на војсководителот Филота и гопрашува дали на судењето пред Македонците ќе им се обрати на македонски јазик; Филота се оправдува дека таму, покрај Македонци, присутни се и многу други, кои полесно ќе го разберат јазикот со којшто се служи и Александар (тука мисли на старогрчкиот јазик –коине, разбирлив не само за Македонците кои „се служат” со него иако не им е мајчин јазик, туку и за народите во Персија); сепак, Александар го осудува Филота дека се „гнаси од мајчиниот јазик” и дека е отуѓен и од македонските обичаи и од македонскиот јазик.

Очигледно коине (артифициелен јазик, сличен на атичкиот) станал светски книжевен јазик, кој продолжил да се употребува во книжевноста на Римската Република, а подоцна и во Римското и во Ромејското Царство. Овој јазик се употребувал на македонскиот двор од прагматични причини, за да се олесни трговската, политичката и културната комуникација помеѓу народите на Стариот свет.

Сите хеленски и римски автори, всушност, Македонците ги претставуваат како посебен етнос, различен и туѓ наспрема Хелените, со поинаков менталитет, јазик и обичаи. Најчесто Македонците се претставени како „барбари” и непријатели на Хелените. И покрај воено-политичките судири, меѓу Македонците и хеленските полиси имало богати трговските и културните врски, кои создавале суштински сосема нова епоха со цивилизациски придобивки во светски рамки.

Религијата на античките Македонци

Древномакедонските култови и митови ја одразуваат духовната култура на античките Македонци. Древните култови и митови на античките Македонци, како дел од култната митологија на античките народи што ја населувале балканската територија, имале силно влијание и врз хеленската мистериска и религиска стварност. Во грчките и латинските книжевни записи македонските божества, според своите атрибути, добиваат различни интерпретации; имено, хеленските и римските автори ги предаваат македонските божества со хеленски и латински еквиваленти. Тоа се случува затоа што античките Македонци својата религиозна содржина ја засновале врз колективната меморија и народната традиција, така што за да се открие автентичноста на оваа духовност е неопходна методата на аналогија и споредба со митологиските претстави на другите индоевропски народи и од индоевропското наследство.

Светиот град на Македонците – Дион во Пиерија претставувал центар на верскиот и културниот живот; од времето на Архелај I во Дион се воспоставиле Олимписките игри. Македонците ги славеле божествата Дион, Бах, Сабазиј, Дионис; Баховиот култ го славеле следбеничките на ова божество – бахи, наречени клодонки, мималонки и менади; овој култ бил поврзан со култот на Орфеј и деветте македонски Музи.

Божеството Херакле (на македонска глоса – Аротос/Аретос) е митскиот родоначалник на македонската династија. Посебно се почитувале женските божества Алкидемнос, Гигаја, Зеирене, Бендида, а на божествата на природата жените Пајонки и Тракијки им принесувале дарови завиткани во слама од пченица (Херодот). Култот на Сонцето и сончевата розета се владетелски симболи кај Македонците (божество Ма има соларни обележја); специфичен е култот на „прочистување” на војската, со магискиот ритуал – жртва на куче; погребните златни маски, пчелата, афионот и божеството Бедѕ – реката Спасителка се симболи на култните ритуални обреди на Македонците.

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Уредник: Проф. Д-р Тодор Чепреганов

Автори:

проф. д-р Анета Шукарова

проф. д-р Митко Б. Панов

проф. д-р Драги Ѓоргиев

проф. д-р Крсте Битовски

акад. Иван Катарџиев

проф. д-р Ванче Стојчев

проф. д-р Новица Велјановски

проф. д-р Тодор Чепреганов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.