Среда, 17 Декември 2014   
Македонскиот грб на печатите на воените лица во Војводина на почетокот XVIII век

grb-vojvodiine

„Во почетокот на XVIII век во разни приватни и службени акти се сретнуваат многу нови хералдички знаци на печатите... Така ми е познат печатот на српскиот полковник Петар Јенеј од Ѓура од 1712 година на кој, покрај македонскиот грб (исправен лав), бил и босанскиот грб, а на печатите на капетан Радослав од Косово, Паунко Маќедонец, Јован Наѓлачки, Петар Радашиновиќ Сенѓански, оберкапетанот Станиша Крагувачки и други од 1716—1728, се наоѓа само босанскиот грб. Освен тоа многу често се наоѓа и рашкиот, македонскиот и албанскиот грб...“

– пишува Радослав Груиќ во своето дело „Апологија на српскиот народ во Хрватска и Славонија и нивните главни обележја“ (1909).

Радослав Груиќ (Земун, 29.VI.1878 – Хвар, 29.V.1955) бил српски православен теолог и историчар, дописник на САНУ.

После завршувањето на гимназијата во Земун, учел богословија во Сремски Карловци (1899). Студирал право во Виена и филозофија во Загреб (1911). За време на студиите работел помошник на парохискиот свештеник во Земун, а потоа како професор по верска настава во гимназијата во Бјеловар. По Првата Светска Војна работи како професор во Белград, а потоа преминува на новоформираниот Филозофски факултет во Скопје, каде предавал историја (1920 - 1937). На двапати бил декан на Факултетот (1930 – 1933 и 1935 - 1937). Во 1925 година започнал со првите ископувања во Скупи, каде пронашол ранохристијанска базилика, а во 1927 година во рушевините на манастирот Св. Архангел во Призрен ги пронашол посмртните остатоци на цар Душан, кои се пренесени во Белград.

Делото „Апологија на српскиот народ во Хрватска и Славонија и нивните главни обележја“ кое Груиќ го објавува во 1909 година, е резултат на истражувањата кои ги направил додека бил професор во гимназијата во Бјеловар (1904 - 1914). Во овој период тој бил активен низ целата Славонија и собира архивски и други материјали од минатото на Србите на просторите под Австро-Унгарија. Всушност, Груиќ го пишува делото за кратко време како одговор на австроунгарскиот државен тужител кој покренал тужба против 53 Срби за велеиздаја.

Говорејќи за доаѓањето и заслугите на српскиот народ за одбрана на границата од Турците и положбата која ја завземаат, тој открива интересни податоци за присуство на Македонци и други кои се ставиле во служба на австриската војска, како и за употребата на македонскиот грб на нивните печати.

Истражувајќи ги македонските грбови А. Матковски за ова ќе забележи:

„По разгорот на Карпошовото востание и во времето на повлекувањето на австриските војски, многу Македонци, заедно со Срби, Црногорци и Албанци, се повлекувале пред навлегувањето на Турците. Особено многу Македонци имало од северните краишта на Македоиија. Во Војводина овие Македонци се помешале со другите народи, кои исто така преминале преку Сава и Дунав. Таму тие добиле воени служби и чинови на австриската армија. Дека биле од Македонија се гледа и од нивните имиња, како, на пример: „Паунко Македонац, Серезли, Монастирли, Кратавали“ итн.

Македонците како воени лица, имале право на приватни печати. Амблемот на нивните печати, како што пишува Матковски во својата книга за „Грбовите на Македонија“, обично бил исправен лав каков што бил во Стематографијата на Витезовиќ. Покрај Македонците, лавот како амблем бил ценет и меѓу Српските и Црногорските офицери, кои исто така го употребувале. Иако Груиќ не дава илустрации на печатите за кои станува збор, ниту кажува каде ги видел, Матковски го цитира Груиќ кој во своето дело ќе напише:

„Во почетокот на XVIII век во разни приватни и службени акти се сретнуваат многу нови хералдички знаци на печатите, не само во печатите на митрополитите и епископите српски, туку и на печатите на Србите-офицери, трговци, селски кнезови и др., бидејќи австриските државни власти дозволувале сосема слободен избор на тие знаци, зашто печатите тогаш играле голема улога и особено им биле потребни на оние народни главари, што биле неписмени... Ми се чини дека на нашиот народ, а особено на офицерите, најсимпатичен им бил босанскиот грб, бидејќи мечот во рака бил симбол на борба и на храброст и најмногу одговарал на тогашните услови и на расположбата на нашиот народ, кој бил речиси во непрекината борба ... Така ми е познат печатот на српскиот полковник Петар Јенеј од Ѓура од 1712 година на кој, покрај македоискиот грб (исправен лав), бил и босанскиот грб, а на печатите на капетан Радослав од Косово, Паунко Маќедонец, Јован Наѓлачки и други од 1716—1728, се наоѓа само босанскиот грб. Освен тоа многу често се наоѓа и рашкиот, македонскиот и албанскиот грб...“

(Извор: А. Матковски „Грбивите на Македонија“, Куманово, 1990, стр. 118-119)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.