Среда, 31 Декември 2014   
Македонија – доминантен историски фактор во античкиот свет

ancient-macedonia

Додека атињаните интензивно се занимаваат со политички процеси и постојано се водат судски парници, Филип се грижи за зацврстувањето на западната и северната граница и за зајакнувањето на македонската држава; постои сведоштво за еден поход од 344 г. п.н.е. против Илирите во кој македонскиот владетел освојува многу нови места сеж до Јадранското Море; војува и со Дарданците, кои често ја напаѓаат Македонија; дејствува и на море, откако ја засилува својата флота, спроведува колонизација во нови области, во кои населува Македонци, Хелени и Тракијци.
Престолнината на македонската држава, Пела, станува средиште на познати уметници, книжевници и научници. Филип одржува постојани дипломатски и пријателски односи со многу хеленски мажи и политички дејци. Во македонскиот двор како учител на младиот Александар пристига филозофот Аристотел од Стагира, чијшто татко Никомах е лекар и близок пријател на Аминта ИИИ. Воениот поход на македонскиот владетел продолжува кон Пелопонез.

Во текот на 433 г. п.н.е. ги користи политичките пресметки помеѓу Спарта и полисите на Пелопонез (Арг, Месена и Мегалополис) и повторно како „спасител“ навлегува со својата војска; Аркадијците, како израз на благодарност, му подигаат бронзена статуа на Филип. Во тој миг Атина заборава на антагонизмот спрема Спарта, на сцена повторно излегува Демостен и страсно говори против Филип, предупредува на опасноста од него, а на Спарта иж предлага сојуз против заедничкиот непријател. Демостен започнува да повикува на заедничка одбрана на сите Хелени, зашто сите се загрозени од македонскиот непријател, кој им готви „гибел“.

Во наредниот период на политичката сцена доаѓа до голем пресврт: во политичките игри и настани се вмешува Персија која, имајќи ја предвид неслогата и расцепканоста на хеленските полиси, а страхувајќи од македонскиот владетел, брза да склучи сојуз со полисите против Филип. За таа цел, големиот цар Артаксеркс Охос испраќа пратеници во хеленските полиси, во Теба и во Арг, да соберат платеници, а на Атина иж нуди да го обноват заедничкото непријателство против Филип. Персискиот цар им ветува голема финансиска поддршка за да започнат војна со Македонецот.
Атињаните повторно ги отфрлаат склучените договори со Филип, заземаат негативен став спрема филипистите, го осудуваат на смрт Филократ за предавство и корумпираност. Демостен ја користи оваа прилика да го нападне Ајсхин како предавник и да го обвини за измамите и за лажните извештаи што ги направил, зашто работи во полза на Филип.

По нарушувањето на мировниот договор помеѓу Филип и Атина, македонскиот цар почнува да дејствува отворено непријателски и тргнува на поход (342/341 г. п.н.е.) во освојување на целата источна страна на Тракија, сеж до Црно Море; со силна војска во неколку напади ја освојува Тракија, иж наложува данок (десеток) и обврска да испраќа војска за потребите на Македонија; Тракија е поставена под управа на македонскиот стратег, а хеленските градови, ослободени од тракиската опасност, доброволно влегуваат во сојуз со Филип. На освоената теорија Филип заснова македонски колонии со кои ја обезбедува новата територија и ги користи нивните природни богатства. Најважен му е градот Филипопол, потоа Кабиле (или Калибе) на реката Тунџа, селото Берое (Стара Загора).

Со овие дејства се загрозени атинските колонии од големо значење – морските теснеци од Херсонес до Бизантион (Дарданелите и Босфор), извонредно значајни патишта за хеленската трговија. Тогаш Демостен го држи својот најсилен говор против Филип – Третата филипика, во која говорникот порачува: конечно да се прифати фактот дека Филип војува со нивната држава и дека тој го крши мирот, па според тоа, единствената задача на Собранието треба да биде што полесно и посигурно да се одбранат од Филип. Говорот има успех, а Демостен е овенчан со златен венец. Во текот на 340 г. п.н.е. Атина започнува воени дејства против Филип: им испраќа воена помош на жителите на Бизантион, склучува сојуз со Теба и ги презема на Термопилите. Давајќи му помош на Бизантион, Атина повторно го освојува босфорскиот трговски пат; со ова Атина официјално влегува во војна со Македонија. Сето ова како да не го обеспокојува македонскиот владетел, кој се движи по строго зацртан план; на ред е одбраната на северната македонска граница нападната од Скитите и од Трибалите; тракиската династија е соборена, а владетелите на северните племиња Пајонци, Аркани и Илири се поставени во „вазален“ однос.

По овие успеси, Филип го освојува преминот од северна во средна Хелада, од каде само за еден ден може да стигне во Бојотија, а за три во Атина. Демостен трогателно го опишува овој судбоносен момент за Атина. Атински пратеници на чело со Демостен одат во Теба за да склучат сојуз. Едновремено во Теба доаѓаат и пратениците на Филип со намера да ги разубедат тебанците од сојузот со Атина, а со предлог заедно да нападнат на Атика или да ги пропуштат македонските војски да поминат непречено преку Бојотија. Дилемата во Тебанското собрание е решена по страсните говори на Демостен, кои будат чувства на патриотизам и честољубие: хеленските полиси: Евбеја, Мегара, Коринт, Левкада, Коркира, Ахаја и Акарнанија влегуваат во сојуз против Филиповата држава; Аркадија, Месенија, Елида и Спарта остануваат настрана од овие настани.
Војната започнува во Бојотија. Атина и Теба на двапати имаат воен успех кај Парапотами и Филип не успева да навлезе во Бојотија. Овие успеси уште повеќе ја зголемуваат популарноста на политичарот Демостен, кој донесува одлука во Народното собрание со која му се објавува војна на Филип. Како награда за овие политички активности во полза на државата и нејзините граѓани, Демостен повторно е овенчан со златен венец.
Меѓутоа, настаните почнуваат да одат во полза на Филип. Со одлична процена на состојбите, Филип ги наведува хеленските сојузници да помислат дека се повлекува во Тракија, наводно, за да го задуши тамошното востание. Хеленските војски се повлекуваат кај Херонеја, а Филип напаѓа на Амфис и на Нафпакт и ги уништува ахајските полиси.Автори:

проф. д-р Анета Шукарова
проф. д-р Митко Б. Панов
проф. д-р Драги Ѓоргиев
проф. д-р Крсте Битовски
акад. Иван Катарџиев
проф. д-р Ванче Стојчев
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Тодор Чепреганов

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.