Среда, 14 Јануари 2015   
Воените и политичките успеси на Филип II

filip-iiПред да тргне на историскиот поход против Хелада, Филип II војува со Илирите и Тракијците за да ги освои териториите западно и источно од неговата држава. Првата успешна битка Филип ја извојува во 358 г. п.н.е. против илирскиот владетел Бардилис, освојувајќи ја територијата до Лихнидското Езеро.

Следниот чекор е освојувањето на хеленските колонии на македонско- тракискиот брег; најзначајниот напад е освојувањето на најголемиот стратегиски град на овој брег – Амфипол. Диодор раскажува за жестокоста на опсадата, изведена со постојани напади со воени машини до самите градски бедеми. Откако го освојува градот (357 г. п.н.е.), ги протерува оние што биле непријателски расположени спрема Македонија, а со другите се однесувал великодушно. Со протерувањето на политичките противници, хеленските колонисти, Филип го придобива автохтоното население, кое било непријателски расположено спрема Атина. Од овој настан, заради кој атињаните се чувствуваат измамени, па се` до 346 г. п.н.е., Атина војува со Филип.

Во текот на 356/355 г. п.н.е. Филип го разбива непријателскиот воен сојуз склучен помеѓу тракискиот владетел Кетрипор, илирскиот Граб и пајонскиот Липеј. Истата година додека Филип ја освојува Потидаја, според Плутарх, тој добива три радосни вести: Илирите се разбиени од неговиот војсководец Пармениј, неговиот коњ победува на Олимписките игри, а жена му Олимпијада го раѓа идниот цар – Александар Македонски (Филип, 357 г. п.н.е., се жени со принцезата Олимпијада, ќерка на епирскиот владетел Неоптолем).

Следните воени успеси се случуваат во текот на 353 г. п.н.е., кога Филип ги освојува градовите Абдера и Маронеја, атински сојузници, и подготвува напад на тракискиот Херсон. Според Страбон, по овие освојувања е поставена источната граница на Македонија со Тракија – реката Места. Во оваа златоносна област на планината Пангеј тој го основа градот Крениди, подоцна го преименува според своето име – Филипи, во кого населува многу македонски преселници; златните рудници, кои му носат приходи од повеќе илјади таланти, започнува да ги користи за ковење на златните монети „филипики”, познати низ целиот Медитеран, во Египет, во централна Европа и во јужна Русија.

Во таа насока, освојувањата на македонско-пиерискиот брег на Филип му биле значајни затоа што преку нив македонската држава излегувала на море: освоена е атинската колонија Пидна (357/356 г. п.н.е.), а откако ја освојува Метона, во 353 г. п.н.е. (во битката Филип го губи десното око), градот го населува со Македонци на кои им доделува земја.

Така, Филип (според историските извори) ги направил Македонците господари, а Илирите и „многу далечни народи” ги принудил да им плаќаат данок, ги потчинил Трибалите, ја држел под своја власт Тракија и господарел над многу грчки племиња. Првите големи воени успеси го прават Филип до таа мера моќен што веќе не постои сила која може да ги спречи неговите освојувачки походи на Хелада. По освојувањата во Тракија, на Халкидик и во Термајскиот Залив, македонскиот владетел се спушта на југ, во Тесалија, од каде е влезот во хеленскиот свет.

Автори:

проф. д-р Анета Шукарова

проф. д-р Митко Б. Панов

проф. д-р Драги Ѓоргиев

проф. д-р Крсте Битовски

акад. Иван Катарџиев

проф. д-р Ванче Стојчев

проф. д-р Новица Велјановски

проф. д-р Тодор Чепреганов

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.