Историја

Дали за СДС македонската државност е трајна вредност или држава за постојани отстапки?

Македонска Нација

Македонска Нација

Почетокот на деведесеттите години претставува еден од најсудбоносните периоди во поновата македонска историја. Тогаш не се водеше само политичка битка за власт, туку суштински судир околу самото прашање: дали Македонија ќе стане целосно независна и суверена држава или ќе остане врзана за концептите и интересите на распаѓачка Југославија.

Во 1990 година Македонија влегува во нов политички систем и се одржуваат првите повеќепартиски парламентарни избори. Изборниот процес се одвиваше во три круга — на 11 ноември, 25 ноември и 9 декември 1990 година. На тие избори ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу мандати, додека СКМ-ПДП остана втор најсилен политички фактор.

Но, поради тоа што ниту една партија немаше апсолутно мнозинство, како и поради тешките политички тензии поврзани со иднината на Југославија, беше формирана т.н. експертска влада.

На 20 март 1991 година, Никола Кљусев беше избран за претседател на првата влада во независна Македонија. Неговата влада остана запаметена како прва експертска влада што го водеше процесот на осамостојување и како влада во чие време беше организиран историскиот референдум на 8 септември 1991 година.

Токму во тој период најјасно се гледа разликата меѓу двата политички концепта што ќе ја одбележат македонската транзиција. Од едната страна ВМРО-ДПМНЕ беше со идејата за самостојна Македонија. Од другата страна стоеше концептот на тогашното СКМ-ПДП денес СДС, кое наместо јасна и недвосмислена поддршка за независност, се залагаше за зачувување на некаква „реформирана федерација“.

Тоа не беше случајно. Старите комунистички структури, израснати и формирани во рамките на југословенскиот комунистички систем, стравуваа од распадот на федерацијата и од губењето на политичката, економската и институционалната моќ. За нив, независна Македонија значеше и рушење на децениски воспоставени центри на влијание. Затоа, наместо целосно да застанат зад стремежот на народот за сопствена држава, тие често делуваа резервирано, неодлучно и со видлива политичка дистанца кон идејата за целосна независност.

Тој идеолошки и политички континуитет подоцна продолжи и низ трансформацијата на СКМ-ПДП во СДС. Иако се менува името, реториката и политичките околности, кај значителен дел од јавноста остана впечатокот дека суштинската матрица никогаш целосно не се променила, матрица во која националните прашања често се ставаат во втор план, а државните интереси се приспособуваат под надворешни политички притисоци.

Во годините што следуваа, Македонија се соочи со низа болни отстапки, договори и политички кризи кои кај многумина создадоа чувство дека државата постепено се оттурнува од темелите врз кои беше создадена.

Од спорот со името, преку историските и идентитетските отстапки, па сè до денешните притисоци поврзани со евроинтеграциите, повторно се отвора старото прашање: дали дел од политичките елити во СДС навистина веруваат во македонската државност како трајна и неприкосновена вредност, или ја гледаат само како привремена политичка форма што треба постојано да прави компромиси на сопствена штета.

Историјата покажува дека секоја генерација има свој момент кога мора да одлучи дали ќе ја брани државата или ќе ја релативизира. Деведесеттите беа токму таков момент. Народот тогаш избра независна Македонија. Но, политичкиот судир меѓу концептот на самостојна национална држава и концептот на постојани отстапки никогаш целосно не исчезна. Тој и денес е присутен, само во поинаква форма и под поинакви политички околности.

Затоа, кога денес се анализираат политиките на СКМ-ПДП и нивниот наследник СДС, не може тие да се разгледуваат изолирано од прашањето на македонската државност. Бидејќи токму таму, во односот кон независноста, идентитетот и националните интереси, се наоѓа суштината на политичката дебата што трае повеќе од три децении.

Најново од: Историја

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

Зошто Бугарија инсистира заедно да чествуваме настани и личности?

Одговорот е многу прост: Софија насилно го наметнува заедничкото чествување бидејќи тоа е крунски доказ дека историјата ни е заедничка, што значи — бугарска. Ако го прогласиме и Гоце Делчев за заеднички херој, друго објаснување нема да има. Постапката за тоа е веќе тема на заедничката комисија за историја, а нашите „политичари“ се речиси подготвени […]

Христо Калајџиев во Софија во 1945 година — за македонската државност, против великобугарскиот шовинизам

На фотографијата е корицата на оригиналното софиско издание од 1945 година. На 4 февруари 1945 година, во киното „Македонија“ во Софија, Христо Калајџиев се обратил пред Конгресот на македонската емиграција. Втората светска војна сè уште траела, а македонската држава веќе била конституирана како рамноправна единица во Демократска Федеративна Југославија. Пред делегатите во Софија, Калајџиев го […]

To top