Коментари

Има една стара вистина во животот: секој тргнува од себе

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Човекот најчесто реалноста ја толкува низ сопствените искуства, навики и вредности во кои политички и морално се изградил.

Затоа денес Венко Филипче зад секој потег препознава „тајни бизнис врски“, наместени тендери, договорени судски пресуди, влијанија врз судии и политички договори зад затворени врати. Очигледно, таквиот начин на функционирање за него претставува вообичаен модел, па оттука и уверувањето дека сите постапуваат на ист начин.

Но проблемот е што денес граѓаните во Македонија бараат нешто сосема поинакво. Граѓаните се уморни од политичари кои наместо идеи нудат конструкции, наместо визија, сомнежи, а наместо одговорност, дефокусирање.

Зоран Заев создаде политичка матрица која остави длабоки траги во македонското општество. Матрица во која премногу често се отвораа прашања за судир на интереси, клиентелизам и блиски релации меѓу моќта и бизнисот. Наместо денес СДС да направи јасен отклон од тоа минато, партијата продолжува да се движи по истите шеми – со истата реторика и истиот начин на политичко дејствување.

Филипче, наместо да покаже политичка зрелост и дистанца од наследството што го следи, останува заробеник на таа сенка. Наместо да се огради од сомнителните практики што ја компромитираа довербата во институциите, тој ги релативизира.

Ова веќе не е само прашање на дневна политика. Ова е симптом на подлабока криза во партија која сè уште не успеала да се соочи со сопственото минато. А партија што нема сила да расчисти со сопствените грешки, тешко може да понуди иднина.

Затоа, ако Филипче навистина сака да биде сериозен политички фактор, прво ќе мора да се ослободи од товарот што го носи – товарот на старата политика, на тајните договори, на сомнежите за криминал и на моделот што со години ја разочаруваше јавноста.

Во спротивно, ќе остане само уште еден политички глас кој постојано зборува за „скандали“, додека граѓаните сè појасно препознаваат кој ја создаде атмосферата на недоверба и сомнежи.

А институциите? Тие немаат право на молк. Сè што е изнесено во јавноста – без разлика дали се однесува на сегашни или поранешни функционери – мора да биде проверено темелно, законски и неселективно. Само така ќе има вистинска правда и вистинска доверба. Затоа што државата не смее да биде заложник ниту на една партија, ниту на еден лидер, ниту на една политичка матрица.

Македонија нема повеќе време за политичари заробени во сенките на минатото, ѝ требаат лидери со чист образ, одговорност пред народот и храброст да ја градат државата со вистина, а не со конструкции, манипулации и политички калкулации.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top