Коментари

33 години во Берлин не ме направија Германец

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

Во последните години Македонија е изложена на барања какви што ретко можат да се сретнат во современа Европа.

Наместо поддршка за европската интеграција на соседна држава, од официјална Софија постојано пристигнуваат нови условувања поврзани со македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонските историски личности.

Се поставува едно едноставно, но суштинско прашање: дали ова е обид на Бугарија да ја присвои историјата на македонскиот народ за преку туѓото минато да си создаде сопствена позитивна историска слика?

Особено збунувачки се тврдењата дека македонската нација и македонскиот јазик постојат од 1944 година.

Ако е така, тогаш што биле нашите дедовци и прадедовци родени пред 1944 година? Што бил мојот покоен татко Делче, роден во 1910 година? Никогаш во животот не сум слушнал од него дека се чувствувал Бугарин. Никогаш не сум слушнал да каже дека ние сме Бугари. Напротив, како и илјадници други Македонци од неговата генерација, тој се чувствувал Македонец и така се претставувал.

Многу македонски револуционери во различни историски околности нашле прибежиште во Бугарија. Тоа е неспорен историски факт. Но уште понеспорен факт е дека тие живееле, се бореле и ги положиле своите животи за слободата на Македонија.

ВМРО не се борела за бришење на Македонија од картата, ниту за нејзино претопување во друга држава. Токму затоа денес многумина со право се прашуваат како луѓе кои се бореле и гинеле за Македонија можат да бидат претставувани како борци против нејзиното постоење или да биле бугари, како што секојдневно како папагали го кажуваат бугарски историчари и политичари.

Ако се следи логиката дека еден народ може да се прогласи за постоечки само од одреден политички датум, тогаш треба да се постави и едно друго прашање: дали по барање на Бугарија треба да се препише и Библијата? Или можеби историските комисии треба да утврдат дека и времето на апостол Павле било дел од некаква „заедничка историја“?

Во Библијата јасно се споменува Македонија уште во времето на апостол Павле. Во Новиот завет се говори за Македонецот кој во сон го повикува апостол Павле да дојде во Македонија и да помогне. Се споменуваат македонските градови и македонските христијански заедници. Тоа се текстови стари речиси две илјади години.

Дали и тие сведоштва треба да се прогласат за погрешни затоа што не се вклопуваат во политичките барања на Бугарија? Дали и нив треба да ги прилагодиме на бугарските  потреби?

Историјата не е сопственост на политичарите. Таа не се пишува со вета, декларации и условувања. Таа е сведоштво на времето, а времето зад себе остава траги што не можат да се избришат со политичка одлука.

Јас живеев 33 години во Берлин. Работев, плаќав даноци и поминав голем дел од својот живот во Германија. Дали тоа ме направи Германец?

Германија ја сакам и ја почитувам затоа што ми овозможи да работам, да создадам и да обезбедам подобар живот за моето семејство. Благодарен сум за сè што ми пружи таа држава. Но тоа никогаш не го промени мојот национален идентитет.

Човек може да живее во друга држава, да работи, да плаќа даноци, па дури и да добие државјанство, но националноста не се менува со адресата на живеење или со документите што ги поседува. Таа се гради низ семејството, јазикот, традицијата, културата и чувството на припадност.

Токму затоа е погрешно кога Бугарија се обидува националниот идентитет да го сведува на државјанство, политички околности или административни категории. Едно е државата во која живееш, а сосема друго е народот на кој му припаѓаш и како се чуствуваш.

Историјата не може да се избрише со вето.

Идентитетот не може да се избрише со декларација.

Народите не се создаваат со политички одлуки, туку со векови паметење, традиција, култура и чувство на припадност.

Македонскиот народ не е создаден со нечиј потпис, ниту може да исчезне по нечија политичка желба. Неговото постоење е вградено во генерации луѓе кои живееле, создавале, страдале, се бореле, многу загинале за својата татковина.

Историјата може да се толкува на различни начини, но не може да се избрише.

Вистината може привремено да се оспорува, но не може да се поништи.

А народ кој ги знае своите корени, својот јазик и својата историја нема потреба никому да му докажува дека постои.

Македонија Вечна!

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top