Историја

Како настанала бугарската нација?

Александар Донски

Александар Донски

Официјална поштенска марка изадена од Бугарската пошта со ликовите на првите бугарски ханови Кубрат и неговиот син Аспарух. Ова ли се предците на Гоце Делчев?

Според официјалната бугарска историографија (која денес се учи во нивните училишта) денешната бугарска нација главно е создадена од мешањето на Тракијците, Словените и Бугарите. Најстар познат народ што живеел на територијата на денешна Бугарија биле Тракијците. Во шести век  на територијата на денешна Бугарија се доселиле Словени, кои биле седум племиња. По почетните непријателства постепено дошло до мешање помеѓу Тракијците и Словените. Во седми век на истата таа територија се појавиле и Бугарите. Според антрополошките особини тие биле монголско племе на чело со ханови и припаѓале на жолтата раса, додека нивниот јазик припаѓал во групата туркски јазици. Ова е неспорен факт признат од официјалната бугарска историографија затоа што за истиот постојат голем број докази.

Така, на пример, во „Именикот на бугарските ханови“ хуно-монголскиот водач Атила е опишан како прататко на Бугарите. Овде Атила е сметан за директен крвен предок на првиот познат бугарски хан Кубрат. За Атила и за неговите наследници Бугари овде пишува дека, во склад со азиската традиција, имале бричени глави. Инаку, „Именикот на бугарските ханови“ претставува извонредно вредно дело, кое било напишано во VIII век и тоа во времето на бугарскиот хан Аспарух, кој бил еден од синовите на хан Кубрат.

Предната корица на книгата „Што сме ние: Бугари или Татари?“ од познатиот татарски историчар Халиков (Казан, 1992) во која нуди убедливи историски докази дека денешните Татари од Татарстан се ист народ со Бугарите.

За припадноста на Бугарите кон жолтата раса  говорат и податоците од нивните гробни наоди. Во 1952 година, за време на археолошките ископувања близу Велики Преслав во североисточна Бугарија, то ест во областа каде претежно биле населени азиските Бугари, откриен е гробот на извесен Мостич, кој бил војсководител за време на бугарските цареви Симеон и неговиот син Петар. Врз oснова на неговиот череп, од страна на познатиот бугарски антрополог и член на Бугарската академија на науките Јордан Јорданов, реконструиран е ликот на овој бугарски војсководител (чија илустрација овде ја прикажуваме). Овде нападно се поставува прашањето: Ова ли е предокот на денешните Македонци? Ова ли е прадедото на Гоце Делчев? Потенцираме дека Мостич најверојатно бил најголемиот бугарски војсководител на сите времиња поради фактот што тој служел во времето на цар Симеон (кој исто така бил турко-монголски Бугарин) во чие време Првото бугарско царство го доживеало своето најголемо територијално проширување. Се разбира дека постојат и други вакви докази врз основа на гробните наоди на Бугарите.

Ликови на средновековни етнички Бугари реконструирани врз основа на нивните черепи од страна на бугарскиот антрополог академик Јордан Јорданов.

Како доказ дека Бугарите  припаѓале на жолтата раса, ќе ги спомнеме и денешните Татари кои живеат во руската Република Татарстан. Добар дел од денешните Татари себеси исто така се сметаат за етнички потомци на оние Бугари кои во VII век не заминале за Европа, туку си останале во Азија. Денес во Татарстан постои преродбеничко движење кое се вика „Бугарски национален конгрес“ (основано во јуни, 1990 година), чии членови инсистираат на тоа дека тие не се никакви Татари, туку дека се Бугари, то ест дека Бугарите и Татарите во Татарстан се ист народ. Делегација на Бугарскиот национален конгрес од Татарстан  во август 2000 година направи официјална посета на Бугарија на покана од претседателот Петар Стојанов.

Со целата почит кон денешните Татари, кои се паметен и културен народ, овде повторно се  наметнува прашањето ако ние Македонците (вклучително и Гоце Делчев) наводно сме „ист народ“ со Бугарите, испаѓа дека сме ист народ и со Татарите, а тоа е бесмислено и да се помисли.

Конечно, пред извесно време во Бугарија беше објавена поштенска марка, официјално издадена од Бугарската државна пошта со ликовите на двајцата први бугарски владетели Кубрат и Аспарух. И на оваа илустрација (која овде ја приложуваме) тие се претставени како Монголи, па никако не можат да бидат крвни предци ниту на Гоце Делчев ниту на денешните Македонци.

Веќе спомнавме дека денешната официјална бугарска историографија смета дека денешната бугарска нација настанала како мешавина на Тракијците, Словените и турко-монголските Бугари. Но, ваквите тврдења немаат логика. Како прво постојат податоци за големи масакри што Бугарите ги извршиле врз Словените и Тракијците на територијата на денешна Бугарија. Можеби најжесток бил масакрот што турко-монголскиот бугарски хан Крум го направил врз Тракијците во Сердика (денешна Софија) кога биле убиени неколку илјади мажи, жени и деца. Како второ, ако турко-монголските Бугари и навистина се измешале со Словените и со Тракијците низ територијата на цела Бугарија, денешните Бугари би имале антрополошки карактеристики и на луѓе од жолтата раса, но знаеме дека тоа не е така. Впрочем, вистинските азиски Бугари (во денешнатаа бугарска историографија наречени како „Прабугари“) никогаш масовно не се населиле на територијата на цела денешна Бугарија, па тие не можат да бидат крвни предци на најголем дел од денешните Бугари.

Поради овие податоци, заклучокот е еден и единствен. Денешните жители на Бугарија етнички во најголем процент се потомци на славниот антички народ Тракијци и на Словените населени во Бугарија, но и на други народи, со незначителен процент од крвта на турко-монголските Бугари и тоа главно во североисточна Бугарија. Притоа, како јазик на оваа етничка мешавина се наметнал словенскиот, а како имиња на топонимите во голема мера останале оние од традицијата на Тракијците. Во прилог на ова се и  истражувањата на ДНК поврзани со  денешните Бугари, а спроведени на швајцарскиот институтот за генетика „Игенеа“. Според овие податоци во крвта на секој денешен жител од Бугарија, просечно има неверојатни 49% крв и гени од славните Тракијци, што претставува најголем доказ дека денешните жители на Бугарија во најголем дел не се никакви потомци на турко-монголските Бугари, туку дека се потомци на еден од најстарите народи во Европа – Тракијците,  на кои во одреден историски период им бил наметнат туѓиот турко-монголски етноним „Бугари“ како нивно ново етничко име. Така денес во Бугарија имаме една трагикомична состојба – крвните потомци на Тракијците се гордеат со „бугарското“ етничко име, иако свовремено токму азијатските Бугари направиле вистински масакр врз нивните предци Тракијци.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top