Македонски легенди

Божин Проданов

Божин Проданов (12 декември 1871 – ?) е македонски револуционер, учител и деец на Македонската револуционерна организација. Бил активен член на Организацијата во Егејскиот дел на Македонија, а од 1907 година се наоѓал на чело на Солунскиот окружен комитет. По емигрирањето во Бугарија дејствувал меѓу македонската прогресивна емиграција и решително се залагал за остварување на македонската национална кауза.

Божин Димитров Проданов е роден на 12 декември 1871 година во солунското село Ватилак. Работел како егзархиски учител во Солун, каде што се вклучил во Македонската револуционерна организација (МРО). Подоцна станал член на нејзиниот градски комитет во Солун.

Во 1906 година не бил откриен за време на Мацановата афера, кога османлиските власти пронашле писмо со податоци за истакнати дејци на МРО од Солун и од околните градови. Од 1907 година се наоѓал на чело на Солунскиот окружен комитет.

По избувнувањето на Балканската војна, Проданов доброволно се пријавил во Македонско-одринското ополчение и бил дел од Здружената партизанска чета.

Проданов им останал верен на заветите на првоапостолите на македонската револуција. По емигрирањето во Бугарија, во периодот меѓу двете светски војни, бил активен меѓу македонската прогресивна емиграција. Учествувал и во политичкиот живот на земјата, храбро бранејќи ја македонската кауза и интересите и идеалите на македонската емиграција.

Станал член на Работничката партија, а на изборите во 1938 година, како кандидат на Народниот фронт, бил избран за пратеник во XXIV редовно Народно собрание од Шестата софиска градска изборна единица – Јучбунар.

Проданов пишувал статии за македонската револуционерна борба и се обраќал до бугарската и до меѓународната јавност, барајќи праведно решавање на македонското прашање.

Во 1938 година, по повод годишнината од убиството на Гоце Делчев во Баница, бил подготвен посебен весник посветен на македонскиот револуционер. Во него требало да бидат објавени документи, значајни сведоштва и спомени од луѓе што го познавале Делчев или соработувале со него. Меѓу подготвените прилози бил и текстот „Гоце и народната борба“ од Божин Проданов.

Бидејќи во весникот се зборувало за македонската нација и за македонскиот народ, бугарската цензура го забранила неговото печатење. Единствениот оригинален отпечаток бил спасен од Димитар (Митко) Зафировски.

По тој повод, во мај 1938 година, Проданов му упатил пратеничко прашање на бугарскиот министер за внатрешни работи и народно здравје, преку претседателот на XXIV редовно Народно собрание. Во него, меѓу другото, се вели:

„Војните, кои во блиското минато им донесоа толку несреќи на сите балкански народи, уште поголеми несреќи им донесоа на синовите на Македонија. Последните, поттикнувани од љубовта кон својата татковина и слободата, поттикнувани од стремежот за подобар живот и спокојство, за да можат спокојно да творат и да придонесат за општочовечката култура, со децении се бореа. Се бореа херојски, упорно. Дадоа десетици илјади жртви. Со потоци од крв се освети таа борба. Со десетици светци-херои се издигна таа. Наместо слобода, војните ѝ донесоа на Македонија поголемо ропство. Стотици илјади Македонци беа протерани од нивните родни огништа и прифатени од братскиот бугарски народ.

И покрај страшните доживувања, и покрај исходот толку несакан од синовите на Македонија, последните продолжуваат да ја љубат својата татковина, длабоко да ги почитуваат своите херојски борци од блиското минато, како светиња да ги слават своите херои. Тие бараат и имаат право јавно и слободно да ја изразуваат љубовта кон својата татковина, почитта кон своите херојски борби, кон народните херои и водачи. Една десетлетна традиција, во името на горното, им го оставила правото на слобода на здружување, на зборот, на собранието, преку кои ќе можат да се воспитуваат во горниот дух и да го поддржуваат идеалот во чие име ја пролеаја својата крв нашите браќа, нашите татковци, нашите синови…

Меѓутоа, од извесно време владата ни го одзеде тоа право. На Македонците им е одземено правото да имаат една општа организација, претставена од еден Национален комитет, слободно избран на конгресот на братствата. Одземено им е правото на младинска организација, преку која единствено младината би се запознала со нашето славно минато и неговите идеали, би ги запознала и засакала неговите херои, би се напојувала со љубов кон својата татковина. Се забранува секоја печатна активност, дури се забранува традиционалниот лист во чест на Гоце Делчев, се забранува речиси секоја јавна пројава, дури и празнувањето на Илинден, а животот на одделните братства е под строг карантин.“

Истата година Божин Проданов, Павел Шатев и Туше Деливанов ѝ се обратиле на светската јавност за положбата на македонскиот народ и за начинот на кој требало да се реши македонското прашање. Притоа истакнале дека Македонците биле насилно поделени, без да бидат прашани дали сакаат да се најдат под власта на една или на друга држава.

Како следбеник на идеите на Гоце Делчев, во јануари 1940 година Проданов му испратил писмо на д-р Влатко Мачек. Во него го поздравил потпишувањето на спогодбата од август 1939 година, со која тогашна Југославија требало да се преуреди врз основа на национална рамноправност и демократско управување.

Проданов изразил надеж дека овозможувањето и практичното спроведување на демократските права и слободи за сите народи ќе придонесат не само за обединување на народите во Југославија, туку и за зацврстување на процесот на сојузување на сите балкански народи.

Во јули 1945 година Божин Проданов бил избран за советник во раководството на Илинденската организација во Софија. Во тој период бил еден од најголемите поддржувачи на Народна Република Македонија во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.

Илинденската организација го исполнила даденото ветување и посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени во Македонија. Поради својата лојалност кон македонската држава и поддршката што ѝ ја давал, Божин Проданов подоцна бил отстранет од Организацијата.

 

Најново од: Македонски легенди

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Леонид Јанков – легендарниот бранител на Гевгелиско

Леонид Јанков (10 март 1878, село Мачуково, Гевгелиско – 2 септември 1905, Ѓуров Дол кај селото Ѓавато, Гевгелиско) бил македонски револуционер и еден од најхрабрите борци за македонското национално ослободување. Учествувал во многубројни борби против османлиската власт, а со својата пожртвуваност, физичка сила и стрелачка вештина станал легендарен заштитник на македонското население во Гевгелиско. Леонид […]

Мара Нацева

Мара Нацева – Анка е родена на 28 септември 1920 година во Куманово, а починала на 1 јули 2013 година во родниот град. Таа била истакната македонска револуционерка, комунистички деец, првоборец и учесничка во Народноослободителната борба. Како делегат учествувала на Првото заседание на АСНОМ, на кое биле поставени темелите на современата македонска држава. Тешките услови […]

Богоја Фотев од Герман голем револуционер и страдалник

Богоја Фотев од Герман голем револуционер и страдалник  (14 август 1900 – 27 јануари 1993) – Посебно место меѓу истакнатите Македонци од Долна Преспа зазема Богоја Фотев од Герман – македонски револуционер, државник и претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. Роден е на 14 август 1900 година во селото Герман, во егејскиот дел […]

Тодор Александров – духот на македонската борба

Тодор Александров (4 март 1881 – 31 август 1924) е македонски револуционер и еден од најистакнатите раководители на ВМРО. Роден е во Ново Село, Штипско, а бил убиен кај месноста Трите Реки, во близина на пиринското село Сугарево. Неговиот живот и револуционерно дело биле посветени на борбата за автономна, обединета и независна Македонија. Во плејадата […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Стерјо Спасе од Глобочани

Стерјо Спасе, еден од најпознатите романсиери во Албанија и истакнат претставник на македонското малцинство во таа земја, роден на 14 август 1914 година во селото Глобочани, во Мала Преспа, починал на 12 ноември 1989 година во Тирана. Неговото пошироко семејство ја носело родовската ознака Ничовци и било меѓу побројните семејства во Глобочани. За свое презиме […]

Петар Божиновски – Пецо

Петар Божиновски – Пецо, познат и под партизанското име Кочо (15 јануари 1920 – 26 септември 1970), бил македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Како организатор, курир и политички раководител учествувал во повеќе значајни борбени акции. Во текот на војната бил двапати ранет, но продолжил да се бори до ослободувањето на Македонија. […]

To top