Историја

Дел од иднината на Александар Македонски

Славе Катин

Славе Катин

По престојот од околу три години на Асос, Аристотел се пресели во Митилен на Лезбос каде што отвори свое училиште и каде што му пристигна поканата да го учи и да го воспитува законскиот наследник на Античка Македонија.

Годините на Асос беа важни за развојот на Аристотел, бидејќи во тоа време тој не беше најславниот човек. Неговиот татко Никомах едно време бил дворски физичар на Аминта од античка Македонија, но тоа беше малку значајно за изборот што го направи Филип.

Неодамнешните претпоставки за политичките врски на Филип Македонски со Хермија беа факторот што го одлучија неговиот избор. Без сомнение за Аристотел беше привлечно да учествува во интелектуалната еволуција на наследникот на големото античко Македонско кралство, кое стана важен фактор на владеење со богатството на Античка Грција, а во кое спаѓаше и неговиот роден град Стагира, кој беше освоен и уништен од Филип Македонски. Така, отприлика на четириесетгодишна возраст Аристотел дојде во Пела.

Co цел да го заштити да не биде вознемируван од животот на дворот, Филип Македонски му ја даде на Аристотел резиденцијата во мирното и малечко село Миеза. Селото беше во непосредна близина на храмот на Нимфите каде што Аристотел го учеше и го воспитуваше Александар Македонски во период од три години. Можеби Хефестион кој беше најмилиот пријател на Александар Македонски, беше еден од оние што учеше и се воспитуваше заедно со Александар.

Природно е што подоцна имаше многу измислици во врска со ова учење и воспитување, кога Аристотел стана владетел во интелектуалната сфера, а Александар Македонски господар на тогашниот свет.

За несреќа, се располага со многу малку информации за тоа, на кои може да им се верува. Детали за подоцнежниот карактер на Александар Македонски веројатно се стекнати под влијание на Аристотел.

Тој беше оној што всади голема љубов кај Александар Македонски спрема античката грчка култура и интелектуално го преобрати. Тоа длабоко влијаеше врз животот на Александар. Природно, во работата со ова момче, што со срце го освои, Аристотел се однесуваше со поинаков тон од оној во своите научни расправи.

Тој беше готов да изрази топлина, како што се гледа во длабоко религиозниот и емоционалниот тон на химната „Мажествена особина”, што ја напиша во тоа време во чест на својот пријател Хермија, кој беше предаден во рацете на персискиот крал и беше мачен во Суса со цел да ги открие плановите на Филип Македонски. Но, Хермија не стана предавник, поради што беше распнат на крст.

Длабоко возбуден и раздразнет од ова, Аристотел напиша во негова чест убав спомен дитирамбична химна, во која зборува за хероите што порано ги дадоа своите животи, а сега жртва стана Хермија, кого исто така музите го нарекоа бесмртен.

Co оваа мажествена одлика, која, заради типичната одвратност спрема варварите, ја наоѓа само во Елада, Аристотел го поттикна младиот принц и секогаш пред него го држеше моделот на хероите, кон кои беше приклучен и неговиот пријател Хермија.

Двајца од тие херои, што тој постојано му ги спомнуваше на Александар Македонски, всушност, му го осветлија патот за освојување, а тоа беа Херакле и Ахил, кои Александар Македонски длабоко ги почитуваше како свои прадедовци. По таткото Александар водеше потекло од Херакле, a no мајката од Ајацид, потомок на Ахил.

Ако во подоцнежните години повеќе беше нагласен Херакле, во раната младост Александар Македонски беше инспириран од примерот на младиот Ахил. Оваа длабоко всадена и јасна концепција во неговиот личен афинитет, со примерите на овие херои, е една од оние рационални и инстинктивни причини без кои воопшто не можеме да го разбереме големиот Александар Трети Македонски.

Александар Трети Македонски и неговото место во светската историја, според книгата на Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top