Историја

Мијак кој се покајал поради антимакедонската пропаганда во 1939 година

Ристо Огњановиќ-Лоноски е роден во мијачкото село Галичник во 1870 година, во семејството Лоновци. Како млад човек заминал на печалба со својот татко во Солун, каде што се запишал во Егзархиската гимназија. Подоцна школувањето го продолжил во Учителската школа „Свети Сава“ во Белград, специјално отворена за деца од Македонија, со цел создавање кадар што ќе работи на ширење на српската национална идеја меѓу Македонците.

По завршувањето на школувањето во 1890 година станал учител. Бил близок соработник на српскиот политичар и дипломат Стојан Новаковиќ и активно учествувал во отворањето српски училишта во Македонија и во ширењето на српската пропаганда на терен. По неуспешниот обид да отвори српско училиште во Битола, се вратил во Белград, а потоа заминал во Истанбул, каде што во Галата Сарај го изучувал францускиот јазик. Подоцна работел како професор во српската гимназија во Скопје.

Меѓутоа, пред крајот на својот живот, разочаран од пропагандните дејствија и свесен за посебноста на својот народ, Лоноски го напишал своето животно сведоштво – книгата „Галичник и Мијаците“, на македонски јазик. Делото било создадено во 1930-тите години, а печатено дури во 2004 година. Во него тој отворено сведочи дека Македонците не се ниту Срби ниту Бугари, туку посебен народ со сопствена национална свест.

Лоноски запишал: „Одма да кажа да Мијациве, како и сиве други племиња во Македонија, имајет две јаки осеќања: едно, да се Славјани и да се многу родниње како со Србите, таке и со Бугарите, а друго – да не се ни Срби ни Бугари, токо нешчо треќо: да се Мијаци, Брсјаци итн., а по теја Македонци…“
Во продолжение тој нагласува: „Ни Срби ни Бугари, пред да завладејет Турциве, немале ни време ни начин, ни стредства, ни сила за да напрвит (од нами) едно тесто: српско или бугарско… Македонец се делит јасно и од Србин и од Бугарин и овије ги броит како братучеди од вујко и од стрико. Овакво је осаќањето, свеста и волјата на овја народ овамо и добро је овеја да го знојет и едните и другите. Овеја го знојет и историјата и науката и неопходно је овеја да не го заборавит и нашиве славјански политичари.“

Овие зборови претставуваат значајно сведоштво за националната самосвест на Македонците во првата половина на XX век. Иако Лоноски во текот на животот бил дел од пропагандните активности на српската држава, на крајот од својот живот јавно ја признава посебноста на македонскиот народ и повикува историската вистина да биде почитувана од сите.

Според неговото сведоштво, братството меѓу словенските народи е можно само врз основа на меѓусебно признавање и почитување на вистината за националниот идентитет на Македонците.

Извор: Риста Огњановиќ-Лоноски, „Галичник и Мијаците“, ракопис од 1930-тите години, објавен во Скопје во 2004 година.

 

 

 

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top