Македонски легенди

slavko-dimevski

Славко Димевски

Славко Кирилов Димевски (Куманово, 31. V 1920 – Скопје, 24. IV 1994) е македонски црковен деец, историчар и писател. Во 1943 година бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а во наредниот ден и за свештеник во Пробиштипската енорија.Учесник е во НОВ (1944) и фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб). Во 1956 […]

Georgi Dimitrow

Георги Димитров

Георги Михајлов Димитров (18. VI 1882 – 2. VII 1949) e истакнат бугарски и меѓународен комунистички деец и државник, по потекло од Македонија. Бил раководител на БКП и претседател на Коминтерната од 1935 до 1943 година, а од 1946 до 1949 година бил претседател на Бугарската влада. Ја осудувал завојувачката политиката на бугарските влади спрема […]

Todor Stankov IMARO

Тодор Станков

Тодор Станков (28. I 1875 – 22. IX 1938) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учителствува во повеќе македонски градови, каде работи на ширење на мрежата на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание и Балканските војни. Тој е еден од безбројните македонски патриоти, за кој малку се знае дека бил токму од […]

Borka Veleski

Борка Велески

Борка Велески  – Горанов (1912 –14. IX 1942) е македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ […]

Petar Semerdzhiev cheta IMARO

Герасим Огњанов

Герасим Огњанов Петканчин (1885 – ? X. 1912) е македонски учител, револуционер, малешевски околиски војвода. Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. Прво е деец на ВМОК, а подоцна на ТМОРО. За време на Илинденското востание учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал […]

Constantine Stefanove Yale 1899

Константин Стефанов

Константин Стефанов (25. IV 1879 – 30. I 1940) е македонски револуцинер, просветен деец, протестант. Тој е брат на Катарина Цилка, киднапирана во афера “Мис Стон” во 1901 година. Во својство на претседател на заедничкиот совет на Македонските друштва во Швајцарија, тој му испратил неколку писма до претседателот Вудро Вилсон во кои бара да не […]

georgi-manolev

Георги Мадолев

еорги Мадолев (13. III 1916 – Софија) е истакнат македонски револуционер и национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, член на БРП (к). Во текот на Втората светска војна, во периодот 1941 – 1942 година, тој ја одржувал врската меѓу ОК и ЦК на БРП. Од јули 1942 година тој е борец во Беличката партизанска […]

Estreya Ovadia

Естреја Овадија – Мара

Естреја Хаим Овадија – Мара (25. XII 1923 – 26. VIII 1944) е припадник на еврејската заедница во Макединија, учесник во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и народен херој на Југославија. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, заминува во илегала (10. III 1943) и се вклучува во партизанскиот одред “Даме Груев“ (5. IV 1943)м […]

nikola-orovcanec

Никола Оровчанец

Никола Оровчанец (25. VII 1905 – Москва, 1938) е македонски револуционер и комунистички деец. Во 1923 г. бил примен во КПЈ, а во 1925 и во КП на СССР. Студирал на Комунистичкиот универзитет во Москва. Во 1934 г. како инструктор на КПЈ, работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го формирал Обласниот […]

Blagoj Jankov

Благој Јанков – Мучето

Благој Јанков – Мучето (3. VI 1911 – 14. VII 1944) е македонски револуционер, шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X  1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ […]

Todor Hristov

Тодор Христов – Офицерчето

Тодор Христов – Офицерчето (20. I 1883 – 21. IX 1903) е македонски револуционерен деец и велешки војвода на ТМОРО. Завршил воено училиште во Софија. Како бугарски кавалериски потпоручник на I пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за […]

Simeon Siin

Симеон Костов Крстев Сиин

Симеон Сиин (12. V 1863 – 20. II 1929) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Се занимава со трговија и влегува во Македонската револуционерна организација во 1895 година. За време на Илинденското востание е началник на Мокренскиот центар и учествува во заземањето на Невеска и Клисура. Познат под псевдонимот Крумски, во Кавала создава […]

To top