Коментари

Кога предавството се продава како европска вредност

Сирма Војвода

Сирма Војвода

Во историјата на Македонија секогаш имало луѓе кои се вовлекувале во македонските организации, во движењата, не за да ѝ служат на Македонија, туку за да ја ослабнат одвнатре.

Таквите луѓе не доаѓале секогаш со туѓа униформа. Не доаѓале секогаш со отворено непријателско знаме. Често доаѓале со македонско име, со патриотски зборови, со големи ветувања и со заклетва за верност. Се претставувале како свои, зборувале како свои, се колнеле како свои-но нивните дела ги издавале.

Токму затоа не случајно на Гоце Делчев му се припишуваат зборовите:

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

Во тие времиња предавството можело да уништи чета, да предаде војвода, комита, револуционер, да го скрши духот на народот и да остави рана што не зараснува со генерации.

Затоа народот памети имиња кои застанале на страната на Македонија, а кои застанале против неа. Памети кој ја носел пушката, а кој ја носел дојавата. Памети кој ја чувал заклетвата, а кој ја продал за туѓ интерес.

Но денес сме во 21 век. Денес не живееме во време на планински чети, тајни курири и османлиски потерници. Денес има медиуми, архиви, камери, интернет, дигитални траги и вештачка интелигенција. Денес ништо не може да се сокрие. Ниту кажаното, ниту потпишаното, ниту изгласаното, ниту премолченото.

И токму затоа денешното политичко предавство е уште пострашно. Затоа што веќе не се прави ноќе, во темнина, зад затворени врати. Денес се прави јавно, на прес-конференции, во телевизиски студија, во Собрание, во владини кабинети, со насмевка пред камери и со зборови за „европски вредности“.

Најголемата измама на нашето време е што антимакедонските политики почнаа да се продаваат како модерност, храброст и европско. Зоран Заев ќе остане запаметен како човекот под чија политичка власт беше отворен најдлабокиот удар врз името на Македонија. Преспанскиот договор не беше само дипломатски документ. Тој беше политички чин со кој се погази волјата на огромен дел од македонскиот народ.

Народот не даде мандат на референдумот, но власта продолжи како ништо да не се случило. Кога народот молчеше со бојкот, тие тоа молчење го претворија во дозвола. Кога Македонија рече „не вака“, тие одговорија: „ќе биде како што сме се договориле“.

Потоа дојде Договорот со Бугарија, претставен како пријателство, а во суштина отвори врата за нови условувања, историски уцени и понижувања. Наместо европски пат заснован на заслуги, Македонија доби пат исполнет со негирања, комисии, протоколи, услови и нови барања.

СДС со години ја претвора државната политика во сервис на туѓи очекувања. Наместо да постави црвени линии, ги брише. Наместо да го брани македонскиот јазик како недопирлив, дозволи да стане предмет на дипломатски толкувања. Наместо да ја штити македонската историја, ја предаде на комисии и политички пазарења. Наместо да ја почитува народната волја, ја заобиколи.

Денес Венко Филипче и раководството на СДС се обидуваат да се претстават како ново лице, но политиката што ја бранат е старата политика на отстапки. Нивниот проблем не е само во тоа што молчат и даваат подршка кога Бугарија провоцира,  Проблемот е што молчењето им стана политичка стратегија.

На Македонија ѝ требаат политичари кои ќе знаат да кажат: да, сакаме европска иднина, но не по цена на македонското име, јазик, историја и достоинство, политичари кои кажуваат до тука е македонската црвена линија.

Тука е разликата меѓу државник и извршител.  Државникот носи одлуки во интерес на народот. Извршителот спроведува туѓи агенди и потоа ги продава како „реформи“.

Историјата веќе ги знае имињата на старите предавници. Но денешните нема да можат да се сокријат ниту зад темнината, ниту зад заборавот. Сè е снимено. Сè е запишано. Сè е архивирано. Прес-конференциите остануваат. Гласовите во Собрание остануваат. Потписите остануваат. Изјавите остануваат запаметени.

Гоце Делчев не предупредувал само за своето време. Тој зборувал и за нашето денес. Зборувал за сите времиња во кои Македонија ќе мора да избира меѓу достоинство и покорност, меѓу вистина и лага, меѓу народна волја и туѓ диктат, меѓу работа во корист на Македонија и Велепредавство.

Народот гледа. Народот памети. Народот пресудува.

Во минатото предавството се откривало по последиците, денес се гледа во живо.

На ред се судските органи, обвинителството и сите надлежни институции — професионално, јавно и без селективност да утврдат кој што направил, кој каква штета ѝ нанел на Македонија и кој за што треба да одговара.

И нека добие секој по заслуга — за секој криминал, за секоја злоупотреба и за секое предавство на довербата што народот ја дал.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top