Коментари

СДС се плаши од дијаспората

Свекрва

Свекрва

Кога не им одговара ниту електронско гласање, ниту гласање по пошта, јасно е дека проблемот не е во процедурите, туку во стравот од македонските државјани надвор од Македонија.

На СДС, очигледно, не им одговара електронско гласање. Сега не им одговара ниту гласање по пошта. Утре, веројатно, нема да им одговара ни гласање со лично присуство, ако резултатот однапред не им е по мера.

Прашањето е едноставно: што точно им пречи?

Начинот на гласање или фактот дека македонските државјани во дијаспората имаат право да кажат што мислат за иднината на Македонија?

Дали СДС очекува ВМРО-ДПМНЕ или Македонците во дијаспората да им гарантираат дека сите ќе гласаат за СДС, па дури тогаш великодушно ќе се согласат дијаспората да добие реално право на глас?

Тоа не е демократски став. Тоа е страв од народот, спакуван во процедурални изговори.

Дијаспората не е украс за свечени говори. Не е добра само кога испраќа пари, кога ја брани македонската вистина низ светот и кога ја чува врската со татковината. Таа има право и политички да учествува во животот на државата.

Ако СДС навистина верува во демократија, тогаш не треба да се плаши од гласачите. Ако, пак, се плаши од дијаспората, тогаш проблемот не е во поштата, ниту во електронскиот систем.

Проблемот е во тоа што дијаспората добро памети.

Затоа Македонија мора да најде современ, безбеден и фер модел со кој секој македонски државјанин, каде и да живее, ќе може реално да го оствари своето уставно право. Демократијата не се мери според тоа кој некому одговара како гласач, туку според тоа дали секој глас има еднаква можност да биде слушнат.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top