Коментари
Среда, 29 Јули 2020 01:00   
Илинден одраз на идеалот на две поколенија, на две епохи, за слободна, обединена Македонија

1doomМакедонска нација

Повеќе...
 
Среда, 29 Јули 2020 01:00   
Црешово топче

1abСвекрва

Повеќе...
 
Среда, 29 Јули 2020 01:00   
Мицковски со промените во статутот ги зби редовите во партијата

Mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното издание на вестите на Сител телевизија беше дециден дека поради поддршката од Извршниот и Централниот комитет на партијата, како и од Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, останува на висина на задачата како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се бори за состав на ново парламентарно мнозинство.

Неколку поранешни високи функционери-„печалбари“ на ВМРО ДПМНЕ, по изборите побараа од Христијан Мицковски да се повлече од лидерската позиција во партијата. Како причина тие ги наведуваат изборните резултати. Но тоа се луѓе кои имаат лични претензии кон лидерската фотеља во партијата и се спремни да му помогнат на лидерот на СДС Зоран Заев во неговата агенда која води кон уништувањето на македонската држава.

Повеќе...
 
Среда, 29 Јули 2020 01:00   
Таму каде што голата политика се проституира таму нема нов културен дискурс...
1Goce MarkovГОЦЕ МАРКОВ - Македонец, Човек и Автор
 
Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2020 01:00   
Се е можно да се доживее во земјата на чело со СДС

1abСвекрва

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2020 01:00   
Александар Џеповски: Се срамам како Македонец од вакви наместени избори

Dzeposki

Александар Џеповски: Се срамам како Македонец од вакви наместени избори

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2020 01:00   
ЕМИСИЈА ЗА ДАЛЕЧНАТА РОДНИНСКА ВРСКА ПОМЕЃУ БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА И ДИНАСТИЈАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ

 1aleksandar

Деновиве се подготвува снимање на документарна емисија  на англиски јазик под наслов „Роднинската врска помеѓу британската кралица Елизабета Втора и династијата на Александар Велики од Македонија“ од штипскиот историчар и генеолог Александар Донски.

По тој повод Македонска нација направи разговор со штипскиот историчар и генеолог Александар Донски.

Прaшање: Дали постои роднинска врска помеѓу денешната британска кралица Елизабета Втора и династијата на Александар Македонски? 

Одговор:  Според сите сознанија и аргументи постои нивна меѓусебна далечна роднинска врска, која може да се докаже генерација по генерација.

Прашање: Но, Александар Велики Македонски не оставил свое потомство. 

Одговор: Да, но може да се следи потомството на неговиот татко Филип Втори, па затоа во емисијата се спомнати потомците на династијата на која припаѓал Александар, а не неговите директни потомци, кои и навистина починале млади. 

Прашање: Дали тоа значи дека британската кралица е Македонка?

Одговор: Апсолутно не! Такво нешто не смее ни да се помисли. Таа е Англичан­ка со значително германско и друго наследство. Јас само тврдам дека една од нејзините многубројни родословни линии води и до античко-македонската династија. 

Прашање: Тогаш како е можно од една страна да тврдите дека има македонско потекло, а од друга да тврдите дека не е Македонка? 

Одговор: За да се сфати ова доволно е секој сам да по­мисли од колку личности носи во себе крв и гени. Одго­ворот е: од повеќе илјади луѓе. На при­мер, прво овде се Вашите двајца родители (мајка и тат­ко). Потоа овде се нивните ро­дители (вкупно четворица), кои ја внеле својата крв во крвта на Вашите родители (а пре­ку нив и во Вас). Потоа на секој од тие четворица Ваши баби и дедовци, до­дадете уште по двајца нивни родители, што значи уште осум луѓе кои индиректно ја внеле својата крв и гени во Вас и се така во минатото. На ваков начин ќе пресметате дека доколку се „вратите” само до седмото ко­лено (генерација) на Вашите претци, ќе согледате дека Вие ја носите крвта на вкупно 126 луѓе. А, пресметајте од колку луѓе ја носите крвта и гените ако се „спуштите” до претците од Вашето  50-то или 100-то колено. Се работи за повеќе илјади луѓе. Сигурно дека некои од нив припаѓале на други народи, но тоа не значи дека и Вие припаѓате на некој од тие народи, иако фактички имате далечна роднинска врска и со тие народи. Или да појдеме во обратна насока. Да претпоставиме дека имате две деца и дека секое од нив ќе добие уште по две деца, а и тие уште по две... и се така во да­лечната иднина. Јасно е дека со разгра­нувањето на Вашето семејство, некои од Вашите илјадници потомци ќе се омажат или оженат за странци, така што по неколку векови, Вие ќе добиете да­леч­ни пра-пра-правнуци, кои нема да го зборуваат Вашиот јазик. На таквите Ваши далечни потомци целосно ќе им биде туѓа Вашата сегашна култура. Тие ќе продолжат да се мажат и женат за при­пад­ници на народот на државата во која жи­ве­ат и со нив ќе создаваат натамошно потомство. Но, сепак секој нивни по­то­мок, преку една нитка (директна родос­ловна линија), ќе води потекло од Вас (како  еден од него­вите многубројни претци). 

Прашање: Значи доколку постои роднинска врска на британската кралица со античко-македонската династија таа е симболична и се засновува врз вистината дека „сите луѓе се роднини“, а не дека има „македонско потекло“. 

Одговор: Така е. За да објасниме како е можно сите луѓе да се роднини,  да земеме како пример, некој денешен град со околу 50.000 жи­те­ли. Доколку секој од тие жители, во своето седмо колено има по 126 претци, испаѓа дека денешните 50.000 жители од тој град, во своето седмо колено, имале 6.300.000 свои претци. Доколку, пак, се вратиме уште за неколку десетици колена (генерации) наназад, се добиваат астро­номски бројки од неколку милијарди луѓе како „претци” на овие  50.000 жители. Но, од друга страна се знае дека порано населението на Земјата било по­ма­лубројно. Така, на пример, се смета дека околу 1.000 година по Христа во Европа живееле само околу 40 милиони жители. Па, како да се објасни оваа разлика? Одговорот е во заедничките претци. Сите жители од тој град во далечното минато би имале заеднички претци. Ова значи дека длабоко во историјата (доколку постојат точ­ни родословни табели за сите луѓе во Европа), без сомнение ќе се утврди дека најголемиот дел од денешните европјани се роднини меѓу себе. Пресметано е дека секој европјанин, кој живеел околу 1.000 година по Христа и кој оставил свое потомство до денес, практично е еден од претците на сите денешни жители на Европа, иако се разбира дека од тој предок, кај де­нешните луѓе е останато незначително генетско нас­ледст­во. Исто е и во обратна насока. Секој денешен жител на светот што ќе остави свое непрекинато потомство, еден далечен ден во иднината (по неколку илјади години), ќе стане предок на сите луѓе во светот. Имајќи го сето ова предвид, не треба ни да се помисли дека британската кралица има „античко-македонско потекло”. Едноставно, постои само родословна линија за која постојат податоци дека води од античко-македонската династија, до нејзиното семејство, но такви директни родословни линии од оваа династија има милиони кои водат до поголем број денешни луѓе од светот. Проблемот е во тоа што овие родословни линии не можат да се докажат, додека за директ­ната родословна линија која води до семејството на британската кралица постојат докази или силни индиции.

Прашање: Како конкретно изгледа директната родословна линија од антич-ко-македонската династија до денешното британско кралско семејство? 

Одговор: Познато е дека зачетник на античко-македонската владеачка династија бил Темен, кој живеел некаде помеѓу X и IX век пред Христа. За неговата роднинска врска со династијата на Александар Велики Македонски пишувал Еврипид. Според овие податоци  син на Темен бил Кис, а потоа (според врската: родител-дете) следуваат: Марон – Тестор – Ако – Аристодамид и Каран. Познато е дека син на Каран бил Коен, а негов син Тирим. Потоа следуваат: Пердика – Аргеј - Филип Први – Аероп – Алкета - Аминта Први - Александар Први - Аминта Втори – Архидеј, па Аминта Трети, чиј син бил Филип Втори (таткото на Александар Велики Македонски, за кој рековме дека не оставил свое потомство). Но, син на Филип Втори (од вонбрачна врска) бил и познатиот генерал Птолемеј Први, кој подоцна станал крал на Египет и за ова пишуваат античките автори Павсанија, Квинтиј Куртиј Руф и Теокрит. Но, дури и да не  е така, мајката на Птолемеј Први по име Арсиноја била ќерка на Мелеагар, кој и самиот бил директен потомок на Александар Први. Потоа, потомците на античко-македонс­ката династија низ вековите  ја пренеле својата крв во медиските, партиските и ерменските средновековни династии, а преку нив и во византиските и западно­европските благороднички семејства и династии се до британската кралица Елизабета Втора. Сето ова ќе биде детално презентирано во емисијата генерација по генерација.   

Прашање: Што очекувате од оваа емисија? 

Одговор: Документарните емисии како оваа се вистинскиот начин за претставување на нашата историска вистина пред светот. Во емисијата ќе бидат објавени и  податоци за разликите помеѓу античките Македонци и Грци, за етно-културните врски помеѓу денешните и  античките Македонци и низа други вредни податоци, кои на странските гледачи ќе им бидат сервирани заедно со податоците за родословната линија на британската кралица. Значи, преку тема што е интересна за Британците, ние ќе им понудиме податоци и за нашата историска вистина.

Прашање: Кога ќе биде снимена и каде ќе биде емитувана емисијата?

Одговор: Емисијата ќе биде снимена на англиски јазик, но титлувана и на македонски. Ќе биде емитувана на национална ТВ во Република Македонија, а потоа ќе биде ставена на Јутуб на слободно гледање, па имајќи ја предвид атрактивноста на темата и угледот на британското кралско семејство во државите од англиското говорно подрачје, доколку поагресивно се споделува линкот, емисијата (а со тоа и податоците за нашата историска вистина) можат да бидат видени од огромен број гледачи. Продуцент и финансиски поддржувач на емисијата е Македонската асоцијација „Цапари“ од Сиднеј, но секој што сака, може да се вклучи со донација во овој проект и преку GoFundMe страната која е организирана од Драган Ѓорѓиевски од Оксфорд (Велика Британија). Впрочем, веќе се јавија и други заинтересирани, а името на секој донатор ќе биде пишано во одјавната шпица на емисијата со што ќе остане овековечено за сите идни генерации. Велика Британија, Австралија и Канада се држави во кои се негува голема почит кон кралицата, па еве можност нашите сонародници и пријатели на Македонија, преку донирање во оваа емисија, да покажат почит кон државите во кои живеат и да се докажат пред тамошната јавност.           

За повеќе податоци околу емисијата може да контактирате со организаторот на овој GoFundMe страницата  Драган Ѓорѓиевски од Оксфорд (Велика Британија) или со  авторот Александар Донски на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или преку фејсбук. Адресата на GoFundMe страната е:

https://www.gofundme.com/f/support-the-making-of-the-documentary?fbclid=IwAR1zdIORfonY8x49louXPklLnzs3wb3ootXbOvxGdstHgR_QYZQBQP-PBPs

1alek

1aleksandar

Македонска нација

 
Недела, 19 Јули 2020 22:50   
Душан Ристевски – Македон : Да го употребиме изразот на ЗЗ – Ебете си мајката!

Dusan Ristevski

ДАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ ВО РМ СЕ ГЛУПАВИ? ДАААААА!

Повеќе...
 
Сабота, 18 Јули 2020 22:22   
Ламбе Арнаудов и Мане Јаковлески: Претседателе Христијан Мицкоски, главата горе!

1lambe

Ламбе Арнаудов

1Mane

Мане Јаковлески

Повеќе...
 
Среда, 15 Јули 2020 01:00   
НАД НАСЛОВ: ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 79
1martin1MАКЕДОНСКАТА НАТО-САГА
  
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.