Култура и туризам

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора пристигна во Штип

Преписот на една од најпочитуваните православни икони трајно ќе остане во храмот „Свети Димитрија“ во Ново Село како духовен благослов за градот и верниците

Штип денеска беше исполнет со молитва, духовна радост и свечена атмосфера по повод пристигнувањето на преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора.

Во присуство на голем број верници, свештенослужители и гости, иконата беше свечено пречекана пред храмот „Свети Никола“, каде што беше отслужена света литургија. Преписот на чудотворната икона во Штип го донесоа монасите од светогорскиот манастир Хиландар, носејќи благослов од едно од најзначајните духовни средишта на православниот свет.

По свечениот пречек, низ улиците на градот беше организирана литија во која учествуваа бројни верници, следејќи ја иконата во молитвено и достоинствено расположение. Поворката заврши во храмот „Свети Димитрија“ во населбата Ново Село, каде што иконата беше внесена за поклонение.

Од Брегалничката епархија информираа дека преписот на Пресвета Богородица Троеручица трајно ќе остане во Штип. Верниците ќе имаат можност секојдневно да се поклонуваат пред светата икона и да ги упатуваат своите молитви за здравје, мир, благослов и духовно укрепување.

Иконата Троеручица има посебно место во православната традиција и е една од најпочитуваните свети икони во православниот свет. Нејзиното пристигнување во Штип претставува значаен духовен настан за градот, Брегалничката епархија и за сите православни верници во Македонија.

Најново од: Култура и туризам

Свети Никола Летен – празник на големиот Мирликиски Чудотворец

На 22 мај православните верници го одбележуваат пренесувањето на моштите на Свети Никола од Мир во Бари – светител кој со векови е еден од најпочитуваните заштитници во македонската народна и црковна традиција. Во духовниот живот на македонскиот народ посебно место зазема Свети Никола, еден од најпочитуваните христијански светители и заштитник на многу семејства, села […]

Охрид – вториот словенски Ерусалим

На 25 мај 1962 година се случил еден од најзначајните духовни и историски моменти поврзани со Охрид и македонската православна традиција. Тогашниот Руски Патријарх Алексеј I Московски, при официјалната посета на тогашна Југославија, бил поканет од Српска Православна Црква најнапред да го посети Белград. Но, наместо тоа, тој побарал прво да дојде во Охрид — […]

Во Гостивар отворена изложба на млади стрип-автори од регионот

Млади стрип-автори од Македонија, Албанија и Србија преку своите дела испратија пораки за мир, соживот и заштита на природата. Под мотото „Уметност што обединува, порака што инспирира“, во НУ Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар свечено беше отворена групната изложба на млади стрип-автори од Македонија, Албанија и Србија. Настанот, кој привлече бројни љубители на уметноста, […]

Дел од монографијата за манастирот „Св.Богородица“ во Сливница од Д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски Катин

Очевидно е дека дева Марија и пред раѓањето на Исус, и за време на неговото детство, според апокрифната литература, а и според канонската, е безгрешна, мила, добронамерна, послушна, со очите насочени кон Бога, добра мајка, среќна и задоволна од подвизите и знаењата на синот, исполнета со милост не само кон своите блиски, туку и кон […]

Како Струга нема друга

„Како Струга нема друга“ не е само фраза, туку чувство што со децении се пренесува од генерација на генерација. На брегот на Охридско Езеро, каде што водата се среќава со планините, Струга живее со свој посебен ритам – тивок, топол и истовремено полн со живот. Реката Црн Дрим тече низ срцето на градот како нишка […]

Александрида во македонската средновековна традиција: романот за Александар Македонски низ вековите

Романот за Александар Македонски, познат како „Александрида“, претставува едно од најраспространетите и најчитаните книжевни дела на средновековниот свет, кое со векови се препишувало, прераскажувало и преведувало во различни културни и јазични средини, оставајќи длабока трага во европската и балканската книжевна традиција. Познато е дека уште од раниот среден век, овој роман се појавува во повеќе […]

Најнови вести

To top