Култура и туризам

Апокрифна литература позната во македонската средина (13)

Пресвета Богородица во делата на свети Климент Охридски – Благовеста, христијанската поука и длабоката почит кон Мајката Божја во македонската духовна традиција

Славе Катин

Славе Катин

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Во словенските средновековни литератури познат е и текстот „Житието на Богородица”, кое му се припишувало на Епифаниј Кипарски. За овој интересен текст пишувале руските медиевалисти, но и Стојан Новаковиќ. Во него се искористени сите претходно споменати текстови за Богородица, за да се состави поцелосно нејзиното житие.

Да се говори за животот и чедноста на дева Марија само според канонските и другите црковни или апокрифни текстови, е недостатно, бидејќи без народната душа која ја претставила Пречистата во своето духовно извориште – песната, не би била сфатена прифатеноста на дева Марија како најсилна култна личност меѓу жените светители, во христијанските средини, особено и кај нас во Македонија.

Според делото „Света Богородица била во посета на Македонија“ од Александар Донски, личноста на Богородица инспирирала кон уметничко творештво безброј личности.

Во Македонија меѓу нив би го посочиле св. Климент Охридски, како учител, книжевник, педагог, толкувач на христијанското учење, не можел, а да не запре врз личностите и носителите на христијанството: дева Марија и Исус Христос. Последниов, како носител на продлабочената христијанска мисла од раѓањето до смртта, а и потоа, е во тесна врска со саканата и блага мајка – маченица.

Една од поуспешните похвали на св. Климента е похвалното слово за „Успението на Богородица”. Интересно е дека оваа беседа спаѓа во редот на децидно засведочените св. Климентови книжевни творби, бидејќи во насловот се наоѓа неговото име: епископ Климент.

Свети Климент Охридски посакал да работи во Западна Македонија, а градот Охрид самиот си го избрал како место за работа и вечен одмор. Среде неуките луѓе тој го сеел смело и неуморно семето на образованието и достоинството. На прв план сакал да им ги појасни на штотуку покрстените сограѓани најважните личности и настани од христијанската ука.

Во тие размислувања запрел и врз настанот на Благовеста, кој како мотив си обезбедил бројни, широки и трајни обработки. Hero го среќаваме смислено обработен, со посебна топлина и однос во „Поуката за благовеста и кај св. Климент“.

Свети Климент Охридски практикувал неодамна покрстениот свој род да го вовлекува суштински во христијанските празници и белези, преку едноставно составуваните поучни слова. Така и значењето на денот за Благовеста сакал да им го протолкува на верниците. Денот кога се овоплотил во чистата Дева Марија. Синот Божји, што не се вместил во Небесата, се вместил на овој ден во човечко тело. Невидливиот-видлив станал.

Еве ја и суштинската поука и објаснување на свети Климент: „Денес Бог прима тело; пред сите векови тој се родил од Отецот без мајка на небеси, сега страшно и чудесно на земја без татко, од мајка, во Девица се зачнува, двоен по природа – Бог и човек, разбран и искажан со нас Бог којшто сака да го спаси човечкиот род и да дојде на земја, бидувајќи заедно на небо со Отецоти со Духот, и заедно на земја еднакво прославуван и поклонуван, тој царува моќно со своето раѓање; друг нема роден порано од татко без мајка, ниту друг е зачнат во Девица, туку само еднородниот Син Божји, по суштество примајќи го суштеството на татка си, ни се јави нам, светлина на светот, Бог вистинит од вистинитиот Бог, роден, а не створен..

.” Оваа блага вест ја среќаваме во старозаветниот текст „Видението на пророкот Исаија”, или поточно во „Книгата на старозаветниот пророк Исаија”: „Еве, Девица ќе зачне и ќе роди Син и ќе му стават име Емануил, што значи: Господ е со нас.”

Оваа убава поука на свети Климент е заснована и врз стиховите во Евангелието од Лука, во кое се изречени најпрославените стихови, речиси најцитиран во бројните дела кои и се посветени на Пресветата Дева:

„А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, при една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката и беше Марија“.  И кога влезе ангелот при неа рече: „Радувај се, благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!”

Продолжува

Најново од: Култура и туризам

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Пренос на моштите на свети Јован Рилски – празникот и историјата на Рилскиот манастир

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележа преносот на моштите на свети Јован Рилски. По повод празникот, потсетуваме на неговото духовно наследство и на историјата на Рилскиот манастир — светилиште во чија изградба и украсување учествувале истакнати градители, зографи и копаничари. Свети Јован Рилски […]

manastir-selo-sogle

Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Согле – духовен мир во срцето на Азот

Во прекрасен планински амбиент, на околу три километри од селото Согле, во Општина Чашка, се наоѓа манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“. Сместен во областа Азот, на околу 30 километри југозападно од Велес, овој храм е место на молитва, тишина и душевен спокој. За историјата на манастирот се зачувани малку пишани податоци. Според достапните записи и […]

To top