Култура и туризам
Среда, 12 Август 2015 03:02    PDF Печати Е-пошта
Од минатото на Тиквешијата

Во нашето семејство почнавме да добиваме писма уште во 1888 година. Тоа беше кога Тодор отиде да учи во Солунската гимназија во 1888/89 година. Секој месец или секои два месеца на адресата и името на татко ми стигнуваа писма од него. Од 1893/94 година веќе почнаа да пристигнуваат и писмата од мене. Потоа Тодор се јавуваше како учител од Прилеп и од други градови. Првите негови песна татко ми со големо внимание им ги читаше на мајка ми и на сите домашни. „Е, попадие, - велеше татко ми – Тодор е добро, добро учи. – „У, златното дете – ќе кажеше мајка ми – јас си знам оти Тодор учи, ама малку ми беше шубе за неговото здравје, а и да не остане гладен.“ „Не, попадие – и објаснуваше татко ми со голем авторитет – тоа е пансион. Таму готват по многу, во казан, и на сите им е убаво од вкусната манџа. За тоа ич да не се плашиш. Добро му е на детето.“ А мама повторува „Нека е здрав и жив. Пиши му сега оти и ние сме  здрави и живи и да не се грижи за ништо. Пиши му да бара кога ќе нема пари. Ќе му испратиме.“

Повеќе...
 
Среда, 12 Август 2015 03:01    PDF Печати Е-пошта
Лесновска книжевна школа

fragment-lesnovski-prolog-180Писмената и книжевната дејност од Кратовско и Злетовско е тесно поврзана со дејноста на Лесновскиот манастир. Култот на овој манастир е поврзан со пустиножителскиот пат на Св. Гаврил Лесновски. Најзначаен претставник на оваа школа е Станислав Лесновски кој придонел за развивање на оваа школа во која се негува калиографското препишување.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 04:26    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи од село Дебрене

debreneВо саботата нема веселба. Се прават подготовките, се дошиваат даровите, се распределува кому што ќе се даде.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 04:25    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи во Село Љубовиште

Углава

ljubovisteУглавата почнува по допрашување кај момините родители дали ќе ја дадат момата за некое момче. Ако ја дадат некоја недела навечер, кога месечината е во првата четвртина – новина, тргнуваат. Тие што одат на углава се накитени со китки направени од босилек, здравец, а меѓу нив црвено цвеќе, ако е летно времето. На углава одат исклучително мажи – свекор, девери, чичовци. За домашните на момата исто носат китки, во кои ставиле сребрени парички на црвен конец, а во китката на момата – жолтица.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 04:21    PDF Печати Е-пошта
НЕВРОКОПСКИ МИТРОПОЛИТ БОРИС РАЗУМОВ - Новомаченик од комунистичкиот режим

Неврокопскиот Митрополит Борис (Вангел Симов Разумов) е роден на 8/26 ноември 1888 год. на денот кога Црквата го слави споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски - “Митровден”, во селото Ѓавато - Битолско. Неговиот животен пат по чудесен начин е поврзан со Божјиот угодник свети Димитриј. На “Митровден” точно после шеесет години, облеан во маченичка крв, тој се претстави пред Господа.

Повеќе...
 
Среда, 05 Август 2015 04:19    PDF Печати Е-пошта
Духовни пораки од Мајка Тереза

alt

Повеќе...
 
Среда, 29 Јули 2015 03:02    PDF Печати Е-пошта
Света Огнена Марија – Марена, Зубовце

marena-pogaca-180Празникот во чест на Огнена Марија кај народот наречена Марена се слави по традиција во Гостиварското село, Зубовце.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2015 03:03    PDF Печати Е-пошта
Целта на новозаветните страдања

9726И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите, зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, Која се пролева за мнозина, за опростување на гревовите“ (Мат. 26, 27-28). Кој ли може да го искаже домостројот на Отецот Небесен, Кој што го вети уште во времето на Адама, а го исполни во лицето на Својот Син, Христос? Кој ли може да ги опише и да ги искаже Неговите добрини, Неговите милости, Неговата љубов? Црн мрак ја покри земјата и злото завладеа во светот. Завладеа кнезот земски со своите црни ангели, а своите мрежи постојано ги постилаа насекаде по земјата, ловејќи човечки души. Гревовите ги помрачија човечките умови и нивното духовно око беше затворено. Од слепилото нивно, не го познаа дојдениот Спасител, туки како гладни лавови, жедни за месо и крв, го убија својот Лекар, не сакајќи да се излекуваат.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2015 03:02    PDF Печати Е-пошта
Како да го читаме Евангелието

evangelie-180Голема среќа е да се спознава вистината од Евангелието и од Светите Отци и со посредство на читањето да се причестува со Светиот Дух, Кој живее во Евангелието и во Светите Отци.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јули 2015 03:01    PDF Печати Е-пошта
За венците при погребите

venci-180Евангелското учење за бесмртноста на душата, е едно од основните вистини на нашата православна вера. Божјиот Син затоа и дошол на земјава, постана човек, умре и воскресна, за нам да ни осигура бесмртност, та секој, кој го слуша Неговото слово и верува во Оној, Кој го испратил, да има живот вечен, да не доаѓа на суд, туку да премини од смрт во живот.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.