Култура и туризам
Среда, 25 Март 2015 03:27    PDF Печати Е-пошта
Hram „Sveti Petar i Pavle“ - Тресонче

sv-petar-tresonce-180Местоположбата на оваа црква е сред село, а тоа наведува на заклучок дека е главен православен храм во Тресонче. Таа претставува пример на типична селска црква која со својата големина (најголем црковен објект во селото) ги задоволувала потребите на верниците. Соѕидана е во 1844 година по една голема пауза при градењето (најверојатно од околу десетина години), односно додека ктиторот Сарџо Брадиноски бил на заточение во Призрен. Храмот е добро сочуван и повремено служи и за вршење литургии (на Петровден). По содржина црквата претставува најосновен облик на христијанска трикорабна бескуполна базилика и ги содржи следниве елементи:

Повеќе...
 
Среда, 18 Март 2015 04:04    PDF Печати Е-пошта
Јаков од Камена Река (Македонија) ги печати првите книги во Венеција

Chasoslov 031-180“По волјата  и со поттик на великиот Бог Господ наш Исус Христос се трудев за ова печатење (јас) недостојниот и најмал меѓу луѓето, наречен Јаков што се трудев од многу време и години за ова дело (за да придонесам) кон светите книги. Излегов од Македонија, татковината моја и влегов во западните земји близу до стариот Рим, во градот Венеција и таму ги најдов старите (печатни) калапи на војводата Божидар (Божидар Вуковиќ од Подгорица, н.б.) кај сина му Виценцо, од многу време неупотребувани, и почнав да ги печатам овие мали книги, часословци… тропари, кондаци, катадневни и псалми вечерни, утрени и часови сите по ред, и свети убрус и пасхалија Кири-лова, и параклис Богопесните Мојсееви, сите овие ги составив за секоја потреба. Заради тоа го молам Бога да ме насрчи на ова дело што почнав да го печатам. Мислам да создадам нови копари во кои заедно со божествените книги за слава на тричле-ниот Бог ќе се пеат бездруго во непрестајни песни во светите цркви.

Повеќе...
 
Среда, 18 Март 2015 04:01    PDF Печати Е-пошта
Словенски молитвеник од Матеј Басараб, во кој говори за македонските печатари Мелетиј Македонски и Нектатриј Пелагониски

molitvenik-240(Матеј Басараб, печатар од Романија ги испратил македонските печатари  Мелетиј Македонски и Нектариј Пелагониски да донесат од Киев печатница со словенски букви и тие со успех ја извршиле таа задача, враќајќи се со пет видо-ви словенски букви. На основа тоа биле отпечатени десетина книги, н.б.)

Повеќе...
 
Среда, 18 Март 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Клетва, (К’лначка, Кл’најне)

GevgelijaВо народото верување спаѓа и клетвата: уд татко, уд мајка, уд кум, уд стар чувек, стара жена, уд сирумах, уд сирак, уд болин чувек, уд поп итн.

Повеќе...
 
Среда, 11 Март 2015 04:04    PDF Печати Е-пошта
Постанок и потекло на селото Зубовце, гостиварско

zubovce-180За постанокот и за потеклото на селото не постојат изворни пишани документи. Како населба Зубовце се споменува за прв пат во еден турски дефтер датиран од 1595 година. Меѓутоа сосема е извесно дека Зубовце е нешто постара населба од овој прв датиран податок за што говорат многу преданија и легенди, пренесувани генерациски од колено на колено до ден-денес.

Повеќе...
 
Среда, 11 Март 2015 04:03    PDF Печати Е-пошта
За обичајот „Креват Крсти“ во охридските села

ohrid-240Скоро сите села во Охридско одат со крстот да „Креват Крсти“. Исто така и градот Струга пред 20 години редовно одел „С крсти“. Пред извесно време во вашиот весник еден дописник подзагатна дека тој обичај бил лош и дека затоа требало да се изостави. Но очигледно тој не го проучил добро тој обичај што се изведува во Охридско, или пак таму по неговите села обичајот има друго значење. Но според мене тој обичај имал големо значење во минатото, кога луѓето не биле запознати со четирите страни на светот, со времето и часовите, а се се одвивало според преданието од постарите на помладите, така што и денес тој обичај го има своето значење. Одењето с крсти се прави на два начина, ако можам така да се изразам: редовно и вонредно. Редовно креваат крсти во секое село еднаш во годината во определен ден, така на пр. Вехчани, одат со крсти на Ѓурѓовден, Октиси на Велигден, Мишлешево на Руса Среда итн. а вонредно кога тоа го бара нуждата на пр. кога има голема суша, некаква болест по добитокот, напаст од скакулци или глувци по полето.

Повеќе...
 
Среда, 11 Март 2015 04:02    PDF Печати Е-пошта
Жетварски обичаи од село Лешко, Горноџумајско

zetva2-180Жетвата започнува една седмица пред или по Петровден. Обично сакаат да зажнејат на новина (нова месечина) и тоа во понеделник, зашто понеделникот е долг ден, торнико и саботата се кратки (куси) дни. Пред „изгрев с’лнце“ највештиот (највештата) оди на нивата, застанува свртен кон исток, ги зема својот срп и српот од другиот во десната рака, ги фрла преку десното рамо откако ќе го праша другиот „срп ле искаш или крст“. Тој се наведнува ги зема срповите од земјата одговарајќи: „Срп искам, крст неќу“. Тоа се повторува до три пати. Тоа го вели за да не го боли крстот (половината) за време на жетвата. На третиот пат си го зема српот се прекрстува до три пати и вели: „Ајде Боже, поможе! Си добри часове, тове најдобар, сите на куси магариња, ние на брзи атове“. Потоа со српот одрежува десет класови, кои ги фрла во насока на неожнеаното жито велејќи: „Како тие класје што летаат, така жетвата да врви брже“, потоа додава: „Леко  лето, Боже помагај и до година сос здраве“, почнува редовно со жетвата откако ќе повторат и другите жетвари: „и до година сос здраве да сме живи“. Новоприсутниот на жетвата е должен да им честита со зборовите: Аирлија, жетфа“, жетварите му одговараат: „Амин, да си жиф“.

Повеќе...
 
Среда, 11 Март 2015 04:01    PDF Печати Е-пошта
Жетварски обичаи од Дебарца

zetva-180Во жетварските обичаи во Дебарца на преден план се гледа култот кон лебот. Тука во голем обем е присутна имитативната магија што треба да обезбеди богат род, но и леснина при работата.

Повеќе...
 
Среда, 04 Март 2015 04:04    PDF Печати Е-пошта
Хераклеја Синтика

heraclea-sintika-180Хераклеја Синтика е древен македонски град којшто се наоѓа во југозападното подножје на ридот Кожув, крај средниот тек на реката Струма и источно од денешното село Рупите, Пиринска Македонија. Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Синтика укажува дека тоа е град на Синтите. Доаѓа од називот на пајонското племе Синти, во чија земја се наоѓал градот. Основан е во последната четвртина на IV век пр.н.е. Градот го спомнуваат Тит Ливиј, Диодор, Страбон, Плиниј Постариот и Клавдиј Птоломеј. Егзистирал сè до VI век н.е. кога е разурнат при наездите на Аварите и Словените. Се среќава и со имињата „Хераклеја Стримонска“ и „Ераклија Ксантика“ (Eraclia Xantica).

Повеќе...
 
Среда, 04 Март 2015 04:03    PDF Печати Е-пошта
Хераклеја Линкестис

heraclea1-180Хераклеја Линкестис е древен град којшто се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи името според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Врскаестис со значење “Врскаестидска”, доаѓа од називот на регионот Врскаестида во кој се наоѓал градот. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба и реката Сива Вода на југ, Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Виа Игнација (лат. Via Ignatia) кој ги поврзувал Драч и Босфор. Од Хераклеја патот дијагонално се протегал кон Стоби, а потоа кон Сердика (ден. Софија).

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.