Култура и туризам
Недела, 14 Февруари 2010 18:56    PDF Печати Е-пошта
Неколку илјади граѓани и гости го следат меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп
Меѓународен карневал Прочка во ПрилепМеѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп што почна синоќа со дефиле на преку 1.000 домашни и странски учесници со над 200 маски, го следат неколку илјади граѓани и гости.

На дефилето има традиционални, еколошки маски за заштита на планетата, заразени од интернетот, последици од кризата и маски на многу актуелни теми. Печат на карневалот оставаат мечкарите, маска од пред христијанството што ја нема никаде на Балканот.
Повеќе...
 
Недела, 14 Февруари 2010 02:47    PDF Печати Е-пошта
Денес е Прочка-Велики поклади и Светиот маченик Трифун, во име на љубовта со чаша вино
Свети ТрифунЗападната и источната христијанска црква денеска ги слават своите светци. Православните - Свети Трифун, заштитникот на полињата, посевите и лозјата, додека католиците - Свети Валентин, заштитникот на вљубените.

И двајцата светци живееле во третиот век, и двајцата се погубени затоа што не сакале да се одречат од христијанството. Во текот на историјата, на судбината на овие личности се надоврзале многу легенди.За Свети Трифун се вели дека ја излекувал ќерката на царот Гордијан кој владеел од 238 до 244 година, а за Свети Валентин дека од затворот на своите пријатели им испраќал пораки „Ве сакам„ и „Сетете се на вашиот Валентин“.
Повеќе...
 
Недела, 31 Јануари 2010 04:14    PDF Печати Е-пошта
Свети Атанасиј Велики

Свети Атанасиј ВеликиНашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј или Танасовден -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики или Танасовден - летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2010 04:05    PDF Печати Е-пошта
Обичаи за Водици во Зубовце под Шара
Богојавление Водиви во Зубовце19 јануари...Водици...ден кој сите го чекаат со возбуда...ден кој стариот кум го носи котлето заедно со крстот во црквата Света Марија. Крстовите се одврзуваат од страна на свештено лице и се предаваат на новите кумови. Новите кумови излегуваат од црква со крстот завиен во пешкир и ставен врз глава, првите неколку чекори од влезот на црквата кои ќе ги зачекорат ги двои од полевањето со околу 100 литри студена вода на еден кум, од страна на група млади зубовчани.
Повеќе...
 
Среда, 20 Јануари 2010 04:05    PDF Печати Е-пошта
Обичаи и верувања од Бадник до Водици
Богојавление ВодициАко го донесла работата чоека за да одит на туѓина на Божик, дури не поминат Водици, не чинело да се оди, оти било за неарно.

Навечер не бидуало да шијат терзиите, нито жените бидуало да предат и друга работа да работат од Божик до Водици, чунки не била крстена водата и леунка била Богородица.

Од Божик до Водици не чини навечер да плетат жените чорапи, чунки Богоројца ет леунка.
Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2010 04:10    PDF Печати Е-пошта
(Стара) Нова година, Обрезание Христово, Свети Василиј Велики
Стара Нова Година - ВасилицаНа 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.
Повеќе...
 
Среда, 06 Јануари 2010 04:10    PDF Печати Е-пошта
Oбичаи за Бадник и Божик кај македонскиот народ
Христовото раѓање - БожиќБадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и коледарчињата се најавува Рождеството Христово - Божиќ.

Божиќ е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Повеќе...
 
Среда, 06 Јануари 2010 04:00    PDF Печати Е-пошта
Календарите и прославувањето на Божиќ
БожиќИако се правени  обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата  на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божиќ во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 јануари. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.
Повеќе...
 
Сабота, 19 Декември 2009 11:25    PDF Печати Е-пошта
Свети Николај Архиепископ Мирликијски, 19/6 XII
Свети НиколаМногу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.
Повеќе...
 
Среда, 09 Декември 2009 04:00    PDF Печати Е-пошта
„Дека да си, пред Божик зад Божик, дома да си“
bozikni-obrediИзложба за празнувањето на Божик кај Македонците во Етнографскиот музеј во Загреб

„Дека да си, пред Божик зад Божик, дома да си“, изложба на македонскиот авторот Владимир Боцев, македонски етнолог, кустос-советник. Изложбата, го прикажува и претставува божикниот македонски обред и ритуали од Бадниковата вечер на 6ти јануари се до Водици обредите до 19ти јануари, кои македонскиот народ традиционално со векови ги почитува и извршува при празнувањето.
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Пендаровски во суштина е кукавица

Мицкоски: Додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус која г...

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Култура и туризам

News image

Археологија на македонскиот дух

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.