Култура и туризам
Среда, 20 Февруари 2013 04:00    PDF Печати Е-пошта
Битуше

bituseБитуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во атарот на националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него, на источната страна од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига планината Бистра со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики.

Повеќе...
 
Среда, 13 Февруари 2013 04:18    PDF Печати Е-пошта
Алкомена посведочена низ археологијата

alkomena-240Тоа што сега може да се види како остаток од некогашната Алкомена кај Бучин се остатоци од керамика неколку пишувани документи на плочи со името на Алкомена, понкоја монета , понекој сад и слично. На платото на ридот наречен Тупало можи да се забележи обзидис од Алкомена во ист мермет и исти украсувања како кај сите други антички градови во Пелагонија. Наликува на Персида кај Црнобуки што таткото на Персеј  царот Филип Пети  го изградил за синот и го нарекол со исто име, по традиција во Македонија, градовите да се именуваат по царевите и боговите.

Повеќе...
 
Среда, 13 Февруари 2013 04:02    PDF Печати Е-пошта
Црква Успение Богородичино во село Велестово

Church-VelestovoНа падините на планината Галичица во селото Велестово – Охридско, е изградена по димензии мала црква посветена на Успение Богородичино.

Повеќе...
 
Среда, 06 Февруари 2013 04:20    PDF Печати Е-пошта
Христо Андоновски

hristo-andonovski-240Христо Андоновски (15. IX  1917 - Скопје, 1. VII 2002) - учител, деец на Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, новинар, публицист и општественик.

Повеќе...
 
Среда, 06 Февруари 2013 04:12    PDF Печати Е-пошта
Беше си биле... Школи во Македонија

skoli-vo-makedonija-240Легендата ни зборува дека само боговите биле обдарени со знаења. Луѓето живееле во мрак, во темнина, при очи светло не виделе. Еден ден Прометеј го украл огнот од Боговите и им го предал на луѓето како тајна за просветлување. Тоа не бил обичен оган туку бил ум, знаење и писмо што се ширел како пожар во душите на луѓето што се просветлиле. Од таму и македонскиот збор просвета што стотици милиони луѓе го употребуваат за образованието, за учените со светол образ. Зевс се налутил и го казнил Прометеј за оганот. Го заковал на Кавкаските стени и орел секој ден му го колвал црниот дроб и ноќе се обновувал за да продолжува мачењето. Потоа дошол Херакло и го ослободил од смртните маки.

Повеќе...
 
Среда, 06 Февруари 2013 04:04    PDF Печати Е-пошта
Градиште (Банско)

Gradiste-bansko-240Месноста „Градиште” лежи над јужниот дел на Банско, во подножјето на масивот на Беласица, 540 м н.м. Се издига 250 м високо над полето и има многу стрмни падини што паѓаат во две паралелни длабоки поројни долинки. Едно сосем тесно седло од југ го дели од повисокиот терен. Врвот му е тесен, зарамнет и населуван во минатото. Озгора се гледа поле-то многу километри на север, северозапад и североисток. На 0,8 км североисточно од Градиште, во подножјето, избива термална вода која била користена од дамнини; денес тука се наоѓа познатото термално лечилиште и хотелот „Цар Самуил”.

Повеќе...
 
Среда, 06 Февруари 2013 04:01    PDF Печати Е-пошта
Давина Кула

davina0kulaДавина Кула е тврдина и регионално средиште 3 км југозападно од Чучер и 12 км северозападно од Скопје, покрај магистралниот пат за Косово, на јужниот крај на Качаничката Клисура. Претставува издолжен рид, горе зарамнет, чиј јужен дел паѓа 230 м длабоко во долинката на Лепенец. Преку едно благо седло на северниот дел продолжува постепено во венецот на Скопска Црна Гора. Падините му се стрмни и лесно е пристапен само од североисток. Озгора има преглед врз магистралниот пат повеќе километри на север (во клисурата) и на југ (низ Полето). Стари рудници на железо регистрирани се на неколку километри североисточно оттука.

Повеќе...
 
Среда, 30 Јануари 2013 04:04    PDF Печати Е-пошта
Јулијански и Грегоријански календар

Julian_calendarЈулијанскиот календар го вовел Гај Јулије Цезар и се користел во цела Европа до XVI век, кога се прифатил Грегоријанскиот календар. На првиот екуменски собир во Ница во 325 година, христијанската црква го прифатила Јулијанскиот календар како основен календар.

Повеќе...
 
Среда, 30 Јануари 2013 04:03    PDF Печати Е-пошта
Свадба во Зубовце, понеделник- носење на невестата на вода

svadba-zubovce-240Понеделникот, од традиционалната стара зубовска свадба, започнува со носењето на невестата на вода на една од маалските чешми во селото. Ја заводува машко детенце, водарче. Него невестата го дарува со плетени волнени калчинчиња.

Повеќе...
 
Среда, 30 Јануари 2013 04:01    PDF Печати Е-пошта
Свети Гаврил Лесновски 28/15.I.

gavril-lesnovskiСвети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува. Во неговото житие се вели дека „и откако помина малку време, ги изучи сите книги, и не еден јазик - туку повеќе, а Евангелието не го испушташе од рацете ни еден час”.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.