Култура и туризам
Среда, 12 Декември 2012 04:00    PDF Печати Е-пошта
Македонски народни благослови

blagosloviАирлија.

Аирлија пазар.

Аерлија работа ( и – Ерлија работа)

Аир и бериќет да имаш синко.

Повеќе...
 
Петок, 21 Септември 2012 00:42    PDF Печати Е-пошта
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) 21/8.IX

bogorodicaПразник на мајката на сите мајки

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници сепак тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните покрај на Исус Христос можеле да и одадат заслужено признание и на неговата мајка

Повеќе...
 
Понеделник, 27 Август 2012 21:09    PDF Печати Е-пошта
Успение на Пресвета Богородица

________23.11.2011_77Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

Повеќе...
 
Четврток, 09 Август 2012 02:42    PDF Печати Е-пошта
Св. Климент Охридски, Св. Седмочисленици, Св. Пантелејмон

sveti_klimentГолем македонски и општохристијански празник

Повеќе...
 
Сабота, 07 Јули 2012 02:19    PDF Печати Е-пошта
Раѓање на Свети Јован Крстител (Иванден)

Sveti_JovanПророк кој оди пред Спасителот

Повеќе...
 
Среда, 04 Јули 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Свети Наум Охридски - Чудотворец

04_sv_naum_ohridski_240Ако Свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, Свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Свети Климент и Свети Наум Охридски

Agatangel-1

 

 

 

 

 

 

МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†АГАТАНГЕЛ

Мисионерската, учителска и просветителска дејност на св. Климент и на св. Наум во Охрид е само продолжение на големото мисионерско дело на Светите Браќа.

Св. Климент и св. Наум граделе врз духовните темели поставени и осветени од нивните учители св. Кирил и св. Методиј. Христијанството во Македонија со векови веќе било втемелено, а потоа зацврстено и развиено при Брегалничката мисија на Светите браќа и врз основа на христијанските доктрини учениците ја изградиле македонската писменост и просвета во својата татковина.

Свети Климент е најголемиот македонски духовник, учител и книжевник. Оваа негова дејност тесно била поврзана со христијанизирањето на паганизираните Македонци, како и со основањето и организирањето на првата македонска епископија во Охрид, во областа Кутмичевица. Свети Климент продолжил со преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците и го основал познатиот Охридски универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Според официјалната историја тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, која ја нарекол Кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски.

Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале и завршиле со образование околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони, а голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај другите балкански и источноевропски народи - бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и т.н.


Во 893 година свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот македонски епископ во новоформираната Дремвицко-величка епархија. Св. Климент Охридски, ученикот и соработникот на Македонските апостоли и просветители Кирил и Методиј, во историјата се памети како еден од најугледните и најзначјните книжевници и проповедници на Христовото Евангелие во IX и X век. Тој е основоположник на просветата и книжевноста во Македонија.

Св. Климент бил непосреден сведок на неповторливите подвизи на Светите браќа, тие, за време на целиот негов живот му биле урнек во проповедта и описменувањето на луѓето. Св. Климент покрај тоа што проповедал исто така познато е дека и составувал свои дела. Негово најзначајно дело секако се „Проповедите - обрасци за сите празници и недели во годината”, кои им биле од голема полза на тогашното свештенство, но и на богољубивиот македонски народ. Најверојатно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на свети Методиј. Негов е преводот на Цветниот триод - богослужбената книга, во која е содржан црковниот редослед на богослужбите од Велигден до Педесетницата.

Постои голема веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на Свети Климент, римскиот папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј. Св. Климент е особено важен за културното и цивилизациско издигнување на Македонците. Без неговото дело Македонците би биле поподложни на стагнација и асимилација од страна на културно поиздигнатите народи. Токму заради тоа со сигурност можеме да тврдиме дека св. Климент, св. Наум и останатите ученици на св. Кирил и Методиј се најважните личности во македонската историја.

 
Среда, 11 Април 2012 03:04    PDF Печати Е-пошта
Велика Сабота

velika-sabota-240Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот.

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Велики Петок

veliki-petok-240Велики Петок е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Повеќе...
 
Среда, 11 Април 2012 03:01    PDF Печати Е-пошта
Велики Четврток

veliki-cetvrtok-240Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четвртокн, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле

Стојаноска: Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле, народот го увиде то...

Историја

News image

Британски документ за Македонија

Документите наречени „House of Commons Papers“ се една од петте главни категории на парламентарни до...

Иселеници

News image

ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ (30)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.