Македонски легенди
Четврток, 22 Ноември 2018 18:32    PDF Печати Е-пошта
Таки Даскало

1Таки Даскало

Повеќе...
 
Четврток, 15 Ноември 2018 02:39    PDF Печати Е-пошта
Иван Козарев

Kozarov-180Иван Козарев – Балкан (5. IV 1901 – 1. IV 1944) е првиот партизан во Македонија и на Балканот. Тој бил еден од најактивните членови на ВМРО(Об). Во 1935 година бил уапсен и осуден на 5 години затвор. По излегувањето од затвор во 1939 година учествувал на Конференцијата на која било решено да се создадат канали за поврзување на македонското националноослободително движење на поделена Македонија. Бил борец на првите партизански чети во Пиринскиот крај, а потоа командир на чета на Разлошкиот ПО „Никола Парапунов“. Трагично загинал во близина на родното село.

Повеќе...
 
Среда, 07 Ноември 2018 04:22    PDF Печати Е-пошта
Митрополит Методиј

mitropolit-metodij-180Митрополит Методиј (мирско име Ѓорѓи Попоски) (27. III 1914 – 25. II 1976) е прв владика од обновената Македонска православна црква. Во 1959 бил произведен во протојерејски чин, а во 1965 година е одликуван со највисоко свештеничко одликување во Македонската православна црква – граден крст. На таа должност бил си до замонашувањето и изборот за Велички епископ (12/13. III 1966), во Соборниот храм „Св. Благовештение“ во родниот град Прилеп. Во јули 1967 година бил избран и востоличен за архијереј на Дебарско-кичевската епархија што ја управувал до крајот на животот.

Повеќе...
 
Среда, 31 Октомври 2018 04:01    PDF Печати Е-пошта
Лазар Велков

Lazar Velkov Divlianec IMRO-180Лазар Велков (? - 24. IX 1924) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Во 1909 година, непосредно по Младотурската револуција, активно се вклучил во македонското националноослободително движење. Познат како Дивљански или Дивљанец, по Првата светска војна како војвода на чета дејствувал во Скопско. Загинал во оружен судир со српската жандармерија.

Повеќе...
 
Среда, 24 Октомври 2018 10:07    PDF Печати Е-пошта
Панче Васков

13

Повеќе...
 
Среда, 24 Октомври 2018 10:03    PDF Печати Е-пошта
Панче Васков

Vaskov-so-diploma-180Панче Николов Васков (10. VI 1870 –1951) е македонски лекар и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Дипломирал во Цариград во 1896 година и лекарската практика во Македонија ја започнал во Костур, каде што и покрај турскиот терор и грчката пропаганда ги поставил темелите на МРО. Познат под псевдоним Жапон, по враќањето во Велес, тој бил од најпознатите лекари во тој период во родниот град и околијата. Во илинденскиот период ги снабдувал револуционерните чети со лекови и преврзочен материјал. До пензионирањето во 1944 година, целосно бил ставен во служба на својот народ.

Повеќе...
 
Четврток, 18 Октомври 2018 01:43    PDF Печати Е-пошта
Панче Пешев

pance-pesev-180Панче Пешев (5. VII 1915 - 5. VI 1944) е македонски револуционер, учесник во НОБ, композитор и хорски диригент. Тој бил борец на Народноослободителниот партизански одред (НОПО) „Димитар Влахов“, на Кумановскиот НОПО и на Третата македонска народноослободителна ударна бригада (МНОУБ). Тој ја напишал песната "Ко челик сме ние", која станала химна на Третата македонска ударна бригада.

Повеќе...
 
Среда, 10 Октомври 2018 09:30    PDF Печати Е-пошта
Христо Трајков

Hristo Traykov-180Христо Трајков (26. XII 1897 — 24. I 1933) бил македонски револуционер и политички деец. Бил член на ВМРО (обединета) и Бугарската комунистичка партија (БКП). Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други Поради македонските идеи, Трајков бил извесно време интерниран во селото Варбица, Преславско. Во Народното собрание на Бугарија се истакнал како непомирлив борец за правта на Македонците во Бугарија.

Повеќе...
 
Среда, 03 Октомври 2018 03:50    PDF Печати Е-пошта
Наум Пејов

Prva makedonska egejska brigada 1944-180Наум Пејов (13. XI 1919 – 21. V 2003) е македонски револуционер, припадник на Македонското националноослободително движење. Тој бил член на КПГ (1938) и непосреден учесник во Антифашистичкиот отпор. Бил командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“ и заменик-политички комесар на Првата егејска бригада. Пејов бил противник на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање и по Втората светска војна живее во Македонија. 

Повеќе...
 
Среда, 26 Септември 2018 14:21    PDF Печати Е-пошта
Крсте Трајков

Kryste Traykov Resensko IMARO portrait-180Крсте Трајков (1865 – 7. I 1942) е македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Прво дејствувал како четник, а потоа како околиски војвода во Преспа. Познат и како Крсто Ресенски, учествувал во Илинденското востание 1903 година, во балканските војни 1912 и 1913 година. Во 1923 година заминува во САД, каде што учествува во организацијата на новосоздадената Македонска патриотска организација. Во 1930 година, во писмо до Централната управа на МПО во Индијанаполис, САД, тој бара востановување на одделна македонска црква и ја нагласува посебноста на македонскиот народ.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.