Македонски легенди
Среда, 11 Јули 2018 03:06    PDF Печати Е-пошта
Димитар Тодев

Dimitar Todev-180Димитар Лазаров Тодев (16. VI 1873 – 16. III 1952) e македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Минѓо или Минџо Тодев, бил учесник во аферата Мис Стоун, Илинденското востание, Првата балканска војна и Првата светска војна. За време на Илинденското востание 1903г. заедно со Костадин Молеров и Антон Шипков бил во Горскиот штаб, кој ги раководел воените дејства во Разлошко.

Повеќе...
 
Среда, 04 Јули 2018 03:24    PDF Печати Е-пошта
Перо Ивановски – Тиквар

pero-tikvar-2-180Петар Миланов Ивановски (28. IV 1920 – 28. VI 2018) е македонски револуционер, деец на македонското национално и комунистичко движење. Во 1936 година станал член на СКОЈ, а од 1938 и на КПЈ. Познат под псевдинимот Тиквар, по окупацијата бил член и секретар на Месниот партиски комитет во Скопје, командант на Оперативниот воен штаб. Во 1942 година бил затворен во затворот „Идризово“. По бегството во 1944 година се вклучил во партизанските единици. Бил командант на 42- та македонска дивизија и на XI МНО бригада. Бил делегат и учесник на основачкото собрание на АСНОМ на 2. август 1944 година. 

Повеќе...
 
Среда, 27 Јуни 2018 03:35    PDF Печати Е-пошта
Неделко Попнеделков

nedelko-popnedelkov-180Неделко Попнеделков (1882 - 26 XI 1960) е македонски револуционер, припадник на македонското револуционерно, националноослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија. Бил член на Македонската револуционерна организација (МРО) и учесник во Илинденското востание. Бил член на НФП и учествувал во походот на Јане Сандански на Цариград. Меѓу двете светски војни бил член на ВМРО (Об.) Во текот на антифашистичката борба дејствувал во Солун како член на КПГ. Во 1945 г. преку Бугарија, се префрлил во Народна Република Македонија (НРМ) и до пензионирањето работел како технички раководител во државното градежно претпријатие „Бетон” во Скопје.

Повеќе...
 
Среда, 20 Јуни 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Антоние Шкоклев

antonie-skolev-180Антоние Шкоклев (24. IX 1923) е истакнат научник од Македонија, максилофацијален хирург, редовен професор на ВМА. Бил учесник во НОБ, а по 1945 година се демобилизирал како санитетски референт на бригада. Завршил општа медицина во Белград, каде што дипломирал во 1950 година. Специјализирал максилофацијална хирургија во 1962 и докторирал во 1965 година. Од 1972 година, дваесет години, до пензионирањето бил началник на Клиниката за максилофацијална хирургија при ВМА. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 24. VI 1986 г. Едуцирал преку 700 лекари од земјата и од странство. Покрај стручни книги, со љубов ја проучува античката историја на Македонија, за која издава и книги.

Повеќе...
 
Среда, 13 Јуни 2018 03:39    PDF Печати Е-пошта
Христо Далкалчев

Hristo Dalkalachev-180Христо Далкалчев (с. Владово, Воденско, 12 IX 1878 – 14. XII 1954) е македонски револуционер, воденски војвода на МРО, просветен деец, лекар и универзитетски професор. Ја завршил Духовната семинарија во Цариград, а потоа како главен учител во Гевгелија бил раководител на окружниот комитет на Македонската револуционерна организација. По Првата светска војна бил член на Неутрална обединителна комисија за надминување на поделеноста на македонската емиграција во Бугарија, а потоа влегол во состав на новоформираната Привремена комисија на македонската емиграција во Бугарија. Бил и член на раководството на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО). Се застапувал за „Македонија за Македонците како наполно независна политичка единица од балканските држави, што гарантира апсолутни еднакви права на сите етнички елементи што ја населуваат.

Повеќе...
 
Среда, 06 Јуни 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Киријак Шкуртов

K Shkurtov-Deklaracija-180Киријак Христов Шкуртов (1872 - 1965) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација (МРО) во Костурско. Учествувал во Илинденското востание, а по поразот на востанието се префрлил во Грција и ја одбил понудата да се приклучи на грчкото андртско движење. Во 1904 година станал војвода на чета и водел низа борби со турски воени потери и грчки андртски чети. По балканските војни, Шкуртов, наречен Сулејман бег, бил уапсен пд нововоспоставената грчка власт и одлежал во Солунскиот затвор од една година. Откако бил ослободен емигрирал во Бугарија, каде бил активен во Илинденската организација.

Повеќе...
 
Среда, 30 Мај 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Владимир Руменов

Vladimir Rumenov-180Владимир Руменов (1. V 1870 – 20. I 1939) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Се школувал во Софија, Киев и завршил Медицински факултет во Москва и Одеса. Учествувал во создавањето на Медицинскиот факултет во Софија. Автор на трудови од областа на медицината. Бил пратеник во Народното собрание на Бугарија како преставник на Македонската парламентарна група.

Повеќе...
 
Среда, 23 Мај 2018 05:35    PDF Печати Е-пошта
Јоаникиј Ракотински

Sveti Joanikij Rakotinski-180Јоаникиј Ракотински (1839 – 24. I 1940) е македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник. Во 1875 година, митрополитот Теодосиј Скопски, поборникот за обновување на Охридската архиепископија, го ракоположил за јеромонах. Во 1875 или 1880 година, Јоаникиј го основал манастирот „Св. Илија“ во Ракотинци, Скопско. Во 2017 година во катедралниот храм во Скопје "Свети Климент Охридски" Јоаникиј е прогласен за светец од архиепископот Стефан Охридски и Македонски во сослужение со митрополитите на МПЦ – ОА. Дел од моштите на Јоаникиј се наоѓаат во Берскиот манастир "Свети Јован Претеча", Грција, каде се почитува како чудотворец и исцелител.

Повеќе...
 
Среда, 16 Мај 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Д-р Филип Атанасов

mfoД-р Филип Атанасов (1888 – 1956) е лекар, деец на Македонската емигрантска федерална организација (МЕФО) и ВМРО (обединета). Познат е под псевдонимот д-р Артур, доктор и Адолф. Потписник е на Тиранскиот протокол со Косовскиот албански комитет во 1921 година и е задграничен претставник на МФРО во 1922 година. Емигрирал во Виена  во 1923 година, каде што учествувал во формирањето на Балканскиот револуционерен комитет, во објавувањето на виенските документи (април–мај 1924) и во основањето на ВМРО(Об) во 1925 година. Бил во Привременото раководство на национал-федералистичката струја на Организацијата, избран на Конференција во Царирад во 1929 година.

Повеќе...
 
Среда, 09 Мај 2018 03:00    PDF Печати Е-пошта
Андреја Докурчев

Andrei Dimov IMARO-180Андреја Димков Докурчев (1878 - 1907) е македонски револуционер, деец и војвода на Македонската револуционерна организација. Прво бил комита во четите на Андон Јанев–Ќосето и на Михаил Попето, подоцна станал војвода на чета во Одринско (1901–1902), а потоа околиски војвода на Горноџумајско и член на Струмичкиот револуционерен комитет. За време на Илинденското востание  во 1903 година бил војвода на Првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон на Македонската револуционерна организација и учествувал во заземањето на уќуматот, поштенско- телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.