Македонски легенди
Среда, 20 Декември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Крсто Калабуров

krsto-kalaburov-180Крсто (Ставро) Наков Калабуров (15. X 1877 – 8. X 1939) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО) и учесник во Илинденското востание. Тој е еден од ретките македонски револуционери кои за својата покажана храброст во текот на оружените борби со турскиот аскер се здобил со „Свидетелство за храброст“.

Повеќе...
 
Среда, 13 Декември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Киселинчев

Lazar Kiselinchev MOO-180Лазар Трпов Киселинчев (20. I 1874 – 18. XII 1946) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерната организација (МРО), a исто така бил и Масон. Се школувал во Атина, каде ги поставил темелите на Македонскиот комитет. Во пред илинденскиот период воспоставил канали и илегално увезувал оружје од Грција и Албанија во Македонија. Од МРО добил посебно признание за покажана храброст во борбите за време на Илинденското востание 1903 година. Познат бил  под прекарите Аврам Киселец, Атински, а Албанците го нарекуваа Скендер Бег.

Повеќе...
 
Среда, 06 Декември 2017 04:58    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Киселинов

gjorgji-kiselinov-180Ѓорѓи Јакимов Киселинов (3/16. V 1888 – Скопје, 29. IX 1961) е македонски филолог, фолклорист, граматичар, лексикограф, дијалектолог, етнограф, преведувач и публицист. Непосредно по Ослободувањето подготвува за печат “Кратка македонска граматика“ (25. Х 1944) и учествува на Првата конференција за македонската азбука и македонскиот литературен јазик (27. XI – 4. XII 1944).

Повеќе...
 
Среда, 29 Ноември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Руков

Christo Rukov 1908-180Христо Руков (30. XI 1887 – 28. II 1970) е македонски револуционер и фотограф, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Како официјален фотограф на Македонската револуционерна организација, тој ги фотографирал четите на војводите Петар Христов - Германчето, Тома Желински и Кузо Блацки, како и уште многу други личности од Костурско.  Во неговата архива биле пронајдени дневникот на Васил Чакаларов, спомените за масакрот во Загоричани, мемоари и писма на Лазар Киселинчев, спомени за Лазар Поптрајков, Лазар Москов и Пандо Сидов.

Повеќе...
 
Среда, 15 Ноември 2017 08:17    PDF Печати Е-пошта
Ристоман Попчевски

ristoman-180Ристоман Василев Попчевски (1870 – 25. VII 1904) е македонски революционер, деец на Македонската револуционерна организација. Се оддликувал со голема  храброст и лојалност кон ослободителното дело, а саможртвата ја сметал за света должност на секој револуционер. Во 1904 година, по добиената задача од Организацијата подметнал темпирана пеколна машина во возот на линија Скопје – Солун, која експлодирала на станицата Гевгелија. Меѓу уапсените бил и Попчевски кој потоа бил обесен во Гевгелија.

Повеќе...
 
Среда, 08 Ноември 2017 04:23    PDF Печати Е-пошта
Крсто Стојчев

pirinska-makedonija-180Крсто Стојчев (Разлог, 10. IX 1910 – Софија, 19. VI 1975) е учител, истакнат македонски револуционер, припадник на ВМРО(Об), еден од првите партизани и од двигателите на Културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија (1944–1948). Со Никола Парапунов ја обновиле комунистичката младинска организација во Разлошко (1931). По Резолуцијата на Инфорбирото бил отстранет од политичката функција, поради соработка со КП на Југославија.

Повеќе...
 
Среда, 01 Ноември 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Батанџиев

Hristo Batandjiev-180Христо Иванов Батанџиев  (1865 – 18. VI 1913) е македонски револуционер, еден од основопложниците на Македонската револуционерна организација (23. X / 4. XI 1893), Тој бил член на Централниот комитет и учесник на Солунскиот конгрес во 1896 година. Во Втората балканска војна грчките војски го уапсиле во Солун и при интернирањето кон островот Трикери бил мачен и бил фрлен во Егејското море.

Повеќе...
 
Среда, 25 Октомври 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Леонидас Вулгарис

leonid-180Леонидас Вулгарис (1833 – ?) е македонски и грчки револуционер. Се застапувал за соработка меѓу балканските народи во борбата против османлиското владеење. Со Константин Буфски го организирал одржувањето на Собранието на Грамос Теке и формирањето на Привремената влада на Македонија (1880), а учествувал и во составувањето на Прогласот на Силогосот „Македонија на Македонците“ до македонските народи. Се застапувал за создавање слободна и неделива македонска држава во балканската федерација (1888).

Повеќе...
 
Среда, 18 Октомври 2017 03:19    PDF Печати Е-пошта
Славко Димевски

slavko-dimevski-180Славко Кирилов Димевски (Куманово, 31. V 1920 - Скопје, 24. IV 1994) е македонски црковен деец, историчар и писател. Во 1943 година бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а во наредниот ден и за свештеник во Пробиштипската енорија.Учесник е во НОВ (1944) и фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб). Во 1956 дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (26. IX 1956) и продолжил да студира на Правниот факултет во Скопје. Наредната година преминал на работа во Институтот за национална историја во Скопје. Неговата Историја на Македонската православна црква е вистински светилник за Македонија и на сите Македонци насекаде во светот.

Повеќе...
 
Среда, 11 Октомври 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Димитров

Georgi Dimitrow-180Георги Михајлов Димитров (18. VI 1882 – 2. VII 1949) e истакнат бугарски и меѓународен комунистички деец и државник, по потекло од Македонија. Бил раководител на БКП и претседател на Коминтерната од 1935 до 1943 година, а од 1946 до 1949 година бил претседател на Бугарската влада. Ја осудувал завојувачката политиката на бугарските влади спрема Македонија, како и поделбата на Македонија. Го поздравил создавањето на ДФМ/НРМ во составот на ФНРЈ и ја прогласил за пиемонт за обединувањето со другите македонски делови. Бил иницијатор за Културната автономија во Пиринскиот крај.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.