Среда, 19 Септември 2018 03:34 |
|
|
|
|
Димитар Антонов
|
Димитар Антонов (1889 – 28. XII 1948) е македонски и советски револуционер, дипломат. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Заминува во Русија за дообразование и се дружи со членовите на Македонската колонија во Петроград. Познат под псевдонимот Михаил, М. А. Пирин, тој учествува во Октомвриската револуција во заземањето на зимскиот царски дворец. Пред Втората светска војна бил комесар на Црвената армија, а по војната бил претседател на Меѓусојузничката комисија во Будимпешта, а потоа во Прага. Погребан е во алејата на великаните на Револуцијата.
|
|
Среда, 12 Септември 2018 03:00 |
|
|
|
|
Магдалена Антова
|
Магдалена Антова (20. VI 1920 - 14. X 1941) е македонска партизанка, учесник во Народноослободителната борба (НОБ). По фашистичката окупација на Кралството Југославија во 1941 година, таа заедно со својот брат успеала да ослободи неколку заробени југословенски војници, а прибрала и поголемо количество оружје за МК на КПЈ. Била борец на Карадачкиот партизански одред и била првата загината македонска партизанка во НОАВМ.
|
|
Среда, 05 Септември 2018 03:21 |
|
|
|
|
Никола Алтипармаков
|
Никола Вељанов Алтипармаков (1873 - 1953) е македонски револуционер, член на Битолскиот окружен комитет на Македонската револуционерна организација. Како организатор и позадинец, Никола зема активно учество во ослободувањето на Македонија.
|
|
Среда, 29 Август 2018 03:00 |
|
|
|
|
Ташко Арсов
|
Ташко Арсов (1882 – 1950) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, крушевски и демирхисарски војвода на Македонската револуционерна организација (МРО), Илинденец. Член на МРО од 1900 година, а од 1901 година бил во четата на Никола Русински и во други чети. Прво бил избран за крушевски (1905), а потоа и за демирхисарски војвода (1905–1907). Во текот на 1907 година заминал на печалба во САД, но по Младотурската револуција се вратил во Македонија.
|
|
Среда, 22 Август 2018 03:00 |
|
|
|
|
Борис Арсов
|
Борис Арсов (1906 - 1954) е македонски социолог, универзитетски професор и член на АСНОМ. Студирал во Франција и се стекнал со две дипломи: по право и филозофија, Во 1936 година на Сорбона во Париз ја одбранил докторската теза: „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Во периодот 1937 и 1938 година, со група интелектуалци го издавал списанието „Луч“ во Скопје и бил негов уредник. Се вклучил во НОБ од самиот нејзин почеток. Во ноември 1944 година станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ, а во јануари 1945 бил наменуван за помошник-повереник за судството во Македонија.
|
|
Среда, 15 Август 2018 03:00 |
|
|
|
|
Григор Тотев
|
Григор Тотев (10. V 1868 – 11. VI 1934) е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Григор Тотето, тој беше еден од четворицата најдоверливи соработници на Даме Груев, преку кои се организираа тајни состаноци и се испраќаше и примаше тајната пошта на Организацијата. Поради серизноста на болеста, тој се префрла во Бугарија, каде е опериран и подоцна работи Македонската корпоративна банка и е член на Гевгелиското братство и на Илинденската организација.
|
|
Среда, 08 Август 2018 03:00 |
|
|
|
|
Лазар Маџаров
|
Лазар Маџаров (1872 – 10. XI. 1907) е македонски револуционер, припадник на македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, втор по важност во Одринскиот револуционерен округ по Михаил Герџиков. Познат под псевдонимот Босилков, од 1899 година бил нелегален организатор и војвода во Лозенградско. Во 1904 година бил еден од членовите на Задграничното претставништво на МРО за Одринско. Загинал во борба со турска војска кај селото Лаџаќој, Дедеагачко, во 1907 година.
|
|
Среда, 01 Август 2018 18:54 |
|
|
|
|
ЛазоТрповски - Црниот
|
ЛазоТрповски - Црниот
|
|
Среда, 25 Јули 2018 03:45 |
|
|
|
|
Тодора Анастасова – Скорна
|
Тодора Анастасова (1922 - 1948) е македонски комунистички деец, припадник на македонското национално - ослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија, учесник во антифашистичката борба и Граѓанската војна во Грција. Во текот на девете години војна во Грција (1940 - 1949), Тодора позната под псевдонимот Скорна, беше една од најистакнатите Македонки кој го даде својот живот за националните права и слобода на својот македонски народ.
|
|
Среда, 18 Јули 2018 03:30 |
|
|
|
|
Иван Аговски
|
Иван Серафимов Аговски (24. VI 1887 - 1925) е македонски револуционер, просветен деец, социјалист и публицист. По завршувањето на вишото образование, учителствувал во Кичево и учествувал во тамошниот учителски бунт во 1908 година. Бил активист на Скопската социјалдемократска група, а подоцна се вклучил во комунистичкото движење Соработувал со весникот „Социјалистичка зора“ во Скопје (1919 - 1921), а како емигрант во Софија го издавал „Советска Македонија“ (1921 - 1925). Поради залагањето за македонскиоте национални права бил уапсен и убиен.
|
|
|
|