Среда, 26 Јули 2017 03:00 |
|
|
|
|
Симеон Костов Крстев Сиин
|
Симеон Сиин (12. V 1863 – 20. II 1929) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
|
|
Среда, 19 Јули 2017 03:00 |
|
|
|
|
Ризо Ризов
|
Ризо Ризов (1. I 1872 – 6. I 1950) e истакнат македонски национален деец, член Македонската револуционерна организација (МРО), учесник во Илинденското востание и во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград. По основањето на МРО станал нејзин член и дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. По Првата светска војна бил еден од основачите на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Декларацијата за автономна Македонија и против новото поробување. Тој бил еден од основачите на ВМРО (Об). Се застапувал за обединување на македонските револуционери во единствен ослободителен македонски национален комитет. Како претставник на ВМРО (Об) престојувал во Австрија, Германија и СССР и ја запознавал светската јавност со праведната ослободителна борба на Македонскиот народ.
|
|
Среда, 12 Јули 2017 03:46 |
|
|
|
|
В’ндо Гошев
|
Васил Георгиев Танов (1858 - 1917) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како В’ндо Гошев, В’ндо војвода, Стари В’ндо и "борбената гордост на Мегленско".
|
|
Атанас Спасов (1876 - 7 VII 1923) познат како Таската Серски е војвода наМакедонската револуционерна организација. Учествувал во битката во село Баница кога загинал Гоце Делчев (4. V 1903). По Илинденското востание бил член на Серскиот окружен комитет и серски војвода (1904). По Младотурската револуција станал член на Народната федеративна партија (1908-1910). Се залагал за автономија и целовитост на Македонија. Бил член на Привременото претставништво на Обединетата бивша ВМРО и потписник на Апелот (9. III 1919). Убиен е за време хируршка операција.
|
|
Константина Евтимова Бојаџиева - Русинска (1880 - 1932) е македонска учителка и деец на Македонско револуционерна организација. Во 1901 година застанува на чело на друштвото "Успение Богородично" чие мото било "Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права". Со друштвото раководи до крајот на 1903 година и активно учествува во подготовките за Илинденското востание. Со членовите на друштвото го изработуваат познатото охридско востаничко знаме на Македонската револуционерна организација.
|
|
Среда, 21 Јуни 2017 03:39 |
|
|
|
|
Крум Монев
|
Крум Солунов Монев (5 V. 1927 – 18 II. 2001) е македонски револуционер во Пиринска Македонија, борец за ослободување и обединување на Македонија. Учествува во четата Герасим Тодоров. Поради македонизмот издржал 16 години затвор, одбегнувајќи ја смртната казна поради малолетност. Овој македонски патриот и писател за својата националност ќе изјави „Македонец - фанатичен до болест“
|
|
Среда, 14 Јуни 2017 08:18 |
|
|
|
|
Анешти Узунов
|
Анешти Узунов (7. II 1914 – 10. V 1943) е македонски револуционер, учесник во движењето на отпорот за време на Втората светска војна и организатор на партизанското движење во Неврокопско, Пиринскиот дел на Македонија. Како млад се вклучил во ВМРО(Об) и на судскиот процес во 1936 година, кога биле судени членовите на ВМРО(Об), пред судиите изјавил дека по националност е Македонец, а не Бугарин. По излегувањето од затвор во 1938 год. ја продолжил својата револуционерна работа. Бил секретар на Околискиот комитет на нелегалната КП (1941). Загинал во вооружен судир со бугарската полиција.
|
|
Среда, 07 Јуни 2017 14:02 |
|
|
|
|
Димитар Узунов
|
Димитар Христов Узунов (1842 – 9. X 1887) е македонски преродбеник од задоцнетата преродба во Македонија. Во 1867 година издава заедно со Димитар Македонски "Букварь за употрѣбеніе во македонскыте училишта", и пишува во весниците "Македонија", "Право" и "Прогрес". Во 1868 година заедно со Гругор Прличев бил неколку месеци во Цариград, каде двајцата се запознаваат повеќе со славјанската литература и култура, а по нивното враќање во Охрид доаѓа до замена на грчкиот јазик со мајчиниот македонски во црквите и училиштата.
|
|
Андон Попштерев (1881 – 3. I 1932) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1898 година влегува во Македонската револуционерна организација и учествува во повеќе борби против турската војска. Во 1903 учествува во Илинденското востание, а потоа води борба и со четите на грчката вооружена пропаганда. По за почнување на Првата балканска војна се враќа од САД и учествува во Балканските и Првата светска војна, а потоа во Леринско каде се судира и со грчката војска. Загинува во меѓусебните пресметки на македонските организации во 1932 година.
|
|
Милан Генов (2. III 1877 – 15. II 1928) е македонски фармацевт и деец на Македонската револуционерна организација. Дипломирал фармација на Медицинскиот факултет во Цариград (1900) и ја отворил една од првите стручни аптеки во Скопје со амбулаторија за лекарски прегледи и преврски на ранети четници. Често бил затворан од турската власт. Во серијата убиства на интелектуалци е убиен во својата аптека од месните српски власти.
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |