Македонски легенди
Среда, 28 Февруари 2018 04:50    PDF Печати Е-пошта
Георги Скрижовски

GeorgiSkrijovski-180Георги Радев Иванов, познат како Георги Скрижовски  (1882 - 25. II 1925) е македонски револуционер, деец на ТМОРО. Педагошкото училиште завршил во Сер, каде што станал член на ТМОРО. Учителствувал во повеќе села и бил раководител на ТМОРО за Драмска околија, борец во четата на Димитар Гуштанов, секретар на Јане Сандански (1902), а потоа разлошки војвода. По Младотурската револуција бил еден од основачите на Народната федеративна партија (1908- 1910). Бил член на Привременото претставништво на Обединетата бивша ВМРО и потписник на Апелот од 9 март 1919 година.

Повеќе...
 
Среда, 21 Февруари 2018 04:32    PDF Печати Е-пошта
Димитар Ризов

Dimitar Rizov-180Димитар Ризов (1860 – 23.IV 1918) е македонски деец и бугарски општественик, политичар, дипломат и публицист. Учествува во дејноста на тајниот Македонски комитет чија прва цел е издвојување на автономија на Македонија. Тој бил политички противник на кнезот Фердинанд I поради што е осуден на затвор, но подоцна го прифатил неговиот режим. Тој е бугарски трговски конзул во Скопје (1897-1899), дипломатски агент во Цетиње (1903-1905) и Белград (1905-1907), полномошник во Рим (1908-1915) и за време на Првата светска војна во Берлин (1915 - 1918). Тој ја заштитувал тезата на бугарската влада, но пред неа ги застапувал и интересите на Македонската револуционерна организација.

Повеќе...
 
Среда, 14 Февруари 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Александар Евтимов

Alexander Evtimov-180Александар Евтимов (1874 - Софија, 1939) е македонски револуционер, преспански и прилепски војвода на ТМОРО, учител и публицист. Учествувал во Илинденското востание како началник на Горското начелство за Буфскиот револуционерен реон. Во 1910 година, како член на Битолскиот окружен комитет, бил уапсен и осуден на смрт, а потоа казната му била заменета со доживотна робија. Во 1911 година успеал да избега од затворот и емигрирал во Бугарија. Во Првата балканска војна се вратил со своја чета и учествувал во изгонувањето на османлиските власти од Битола. Од 1926 година, Рвтимов ја предводел Разузнавачката организација на ВМРО за Битолскиот округ.

Повеќе...
 
Среда, 07 Февруари 2018 04:19    PDF Печати Е-пошта
Иван Божинов

Ivan Bozhinov-180Иван Кузманов Божинов (1807–1927) е македонски деец, поет, писател, издавач и печатар кој живеел на преминот од XIX во XX век. Се занимавал со литература, пишувал на бугарски јазик и имал своја печатница во Софија. Тој е печатар и уредник на списанието „Лоза“ на чии страници се пројавуваат повеќе истакнати имиња од македонското револуционерно движење и кое ја вознемири бугарската јавност со јавни заложби за македонско национално сепарирање.

Повеќе...
 
Среда, 31 Јануари 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Митрополит Наум – втор македонски владика на МПЦ

mitropolit-naum-180Митрополит Наум (1906 – Штип, 27. XI 1977) e  втор владика Македонец, хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. По Ослободувањето активно е ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. Бил еден од првите членови на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква. На Црковно-народниот собор во Охрид (1958) бил избран за архијереј. По неговиот избор и хиротонија од тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент, бил архијереј на Злетовско– струмичката епархија.

Повеќе...
 
Среда, 24 Јануари 2018 16:47    PDF Печати Е-пошта
Свети Климент - прв македонски митрополит преспанско-битолски

kliment-180Митрополит Климент (3 VIII 1912-1979), прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква (МПЦ) и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ - ОА). Никола Трајков е световното име на митрополитoт Климент, пред монашењето и хиротонијата за архиереј на MПЦ.

Повеќе...
 
Среда, 17 Јануари 2018 11:07    PDF Печати Е-пошта
Борис Спиров

boris-spirov-180Борис Спиров (22. IX 1897 -  19. X 1974) е македонски лекар и револуционер. Медицински факултет завршил во Лајпциг (Германија) во 1928 година. Поради својата револуционерна дејност бугарските власти го осудиле на смрт во 1943 година, но смртната казна му била заменета со доживотна робија. Бил член на АСНОМ во 1944 година, секретар на Претседателството на Президиумот на АСНОМ, Министер за социјални грижи, претседател на МЛД (1945-1948), а во 1946 г. бил избран за претседател на Уставотворното собрание на РМ.Под негово раководство на 31 декември 1946 година бил прогласен првиот устав на Народна Република Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 10 Јануари 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓеорѓи Николов

Georgi Nikolov IMARO Ohrid-180Ѓеорѓи Николов (Охрид, 1868 - Цариград, 1. III 1938) е лекар и македонски револуционер. Медицина завршил во Цариград, а работел како лекар во Охрид и потоа во Скопје.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јануари 2018 04:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Ничота Стериев(ич)

nicota-180Никола Ничота Стериев(ич)  (29. I 1880 – 11. VI 1950) е македонски деец, член, сновач и активист на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург и Москва. Како „студент по природните науки“, тој е потписник на основачкиот акт на МНЛД во Санкт Петербург. Учествува на предавањата на Мисирков и во подготовката на Уставот на Другарството. Како медицинар учествува во Руско-јапонската војна (1905) и како лекар во Првата светска војна (1914 - 1918).

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Христо Поп Антов

Hristo Popantov-180Христо Поп Антов  (16. V 1879 – 31. I 1964) е учител и македонски револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Во 1899 година завршил педагошко училиште во Скопје, а право во Швајцарија. Учителствувал во Кавадарци и бил раководител на ОК на МРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Во 1910 година работел како судија во Скадар, а потоа бил адвокат во Софија.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.