Македонски легенди
Среда, 04 Октомври 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тодор Станков

Todor Stankov IMARO-180Тодор Станков (28. I 1875 – 22. IX 1938) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учителствува во повеќе македонски градови, каде работи на ширење на мрежата на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание и Балканските војни. Тој е еден од безбројните македонски патриоти, за кој малку се знае дека бил токму од онаа фаланга на првопокрстените во борбата. Токму таа фаланга која засекогаш ќе ја краси големата борба на македонскиот народ.

Повеќе...
 
Среда, 27 Септември 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Ѓурчин Кокалески

kokale-180Ѓурчин Кокалески (1775 –1863) е еден од првите македонски преродбеници, истакнат големопоседник, трговец, кнез, ктитор и автор на првиот автобиографски текст со световна содржина во македонската литературна историја на народен јазик и со славјанско писмо под наслов „Наказание“. Бил заштитник на христијаните и борец против грчката културна доминација. Успева од султанот да добие дозвола за градење црква и џамија, за постојано носење оружје и ферман со кој ќе се регулираат давачките во неговиот крај. Во родниот крај финансирал изградба, зографисување и снабдување со црковнословенски книги на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Лазарополе, во која било основано и првото основно училиште.

Повеќе...
 
Среда, 20 Септември 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Борка Велески

Borka Veleski-180Борка Велески  - Горанов (1912 –14. IX 1942) е македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилепско и командир на чета на НОПО “Димитар Влахов“.

Повеќе...
 
Среда, 13 Септември 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Герасим Огњанов

Petar Semerdzhiev cheta IMARO-180Герасим Огњанов Петканчин (1885 – ? X. 1912) е македонски учител, револуционер, малешевски околиски војвода. Се школувал во Военото училиште во Софија, кое го напуштил и го завршил Американското училиште во Самоков. Прво е деец на ВМОК, а подоцна на ТМОРО. За време на Илинденското востание учествувал во четата на врховистичкиот војвода Јурдан Стојанов. Преминал во ТМОРО во четата на Пешо Самарџиев во Тиквешко. Станал малешевски околиски војвода (1907). Во времето по Младотурската револуција се занимавал со трговија во Солун.

Повеќе...
 
Среда, 06 Септември 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Константин Стефанов

Constantine Stefanove Yale 1899-180Константин Стефанов (25. IV 1879 – 30. I 1940) е македонски револуцинер, просветен деец, протестант. Тој е брат на Катарина Цилка, киднапирана во афера "Мис Стон" во 1901 година. Во својство на претседател на заедничкиот совет на Македонските друштва во Швајцарија, тој му испратил неколку писма до претседателот Вудро Вилсон во кои бара да не се раздели Македоня меѓу одделни земји, како и да го поништи Букурешкиот договор од 1913 година.

Повеќе...
 
Среда, 30 Август 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Мадолев

georgi-manolev-180Георги Мадолев (13. III 1916 – Софија) е истакнат македонски револуционер и национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, член на БРП (к). Во текот на Втората светска војна, во периодот 1941 – 1942 година, тој ја одржувал врската меѓу ОК и ЦК на БРП. Од јули 1942 година тој е борец во Беличката партизанска чета “Јаким Цоков“, а потоа и политички комесар на Разлошкиот партизанскиот одред “Јане Сандански“. Исто така бил и редактор на партизанскиот весник “Работничко знаме“. Мадолев бил активен за реализирање на националните права на Македонците во Бугарија во рамките на Културната автономија 1944–1948 во Пиринскиот дел на Македонија. По Резолуцијата на Информбирото во 1948 г. дошол во судир со новата политика на бугарското партиско и државно раководство за негирање на македонската нација и бил отстранет од политичкиот живот во Пиринскиот крај.

Повеќе...
 
Среда, 23 Август 2017 06:18    PDF Печати Е-пошта
Естреја Овадија - Мара

Estreya Ovadia-180Естреја Хаим Овадија - Мара (25. XII 1923 - 26. VIII 1944) е припадник на еврејската заедница во Макединија, учесник во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) и народен херој на Југославија. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, заминува во илегала (10. III 1943) и се вклучува во партизанскиот одред “Даме Груев“ (5. IV 1943)м а потоа во НОПО “Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. При формирањето на Третата македонска ударна бригада била назначена за заменик политички комесар на чета, а при формирањето на Седмата македонска НО бригада (22. VIII 1944) за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со бугарските окупаторски сили.

Повеќе...
 
Среда, 16 Август 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Никола Оровчанец

nikola-orovcanec-180Никола Оровчанец (25. VII 1905 – Москва, 1938) е македонски револуционер и комунистички деец. Во 1923 г. бил примен во КПЈ, а во 1925 и во КП на СССР. Студирал на Комунистичкиот универзитет во Москва. Во 1934 г. како инструктор на КПЈ, работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го формирал Обласниот комитет. Со Коста Рацин го покренал партискиот орган “Искра“. Познат под псевдонимите  Сандански, Пантиќ, поради провала, се вратил во Москва, каде бил жртва на сталинистичките чистки. Посмртно бил рехабилитиран во 1963 година.

Повеќе...
 
Среда, 09 Август 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Благој Јанков - Мучето

Blagoj Jankov-180Благој Јанков - Мучето (3. VI 1911 – 14. VII 1944) е македонски револуционер, шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X  1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и Радовиш. При една партиска провала во Штип (17. VIII 1943) бил ранет, а во друга провала во Струмица загинал во борба со бугарската полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951).

Повеќе...
 
Среда, 02 Август 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тодор Христов – Офицерчето

Todor Hristov-180Тодор Христов – Офицерчето (20. I 1883 – 21. IX 1903) е македонски револуционерен деец и велешки војвода на ТМОРО. Завршил воено училиште во Софија. Како бугарски кавалериски потпоручник на I пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско. Во Илинденското востание, при нападот на Крушево, командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.