Македонски легенди
Среда, 17 Мај 2017 12:53    PDF Печати Е-пошта
Јанаки Стрезов

Yanaki Strezov from Ohrid-180Јанаки или Јаким Георгиев Стрезов (1818 – 23. IX 1903)е македонски просветен деец, деец на преродбата во Македонија. Во средината на XIX век активно се вклучува во борбата против патријаршиските (грчки) – црковни и училишни институции и воспоставување на првите македонски црковно-оросветни општини. За време на своето учителствување во Охрид тој го воведува во Охридското централно училиште мајчиниот македонски јазик.

Повеќе...
 
Среда, 03 Мај 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Јосифовски - Свештарот

Josif Josifovski-180Јосиф Јосифовски - Свештарот (2. VIII 1915 – 7. IX 1943) е македонски комунистички деец и народен херој. Како студент на Правниот факултет во Белград станал член на КПЈ (1937). По дипломирањето (1940) бил адвокатски приправник во Струмица и инструктор на ПК на КП во Македонија (1941). Познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот, тој во Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ дејствувал, главно, во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Бил уапсен од италијанската полиција (1942), но успеал да избега. Бил политички комесар на НОПО “Даме Груев“, на првиот НО баталјон “Мирче Ацев“ и на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во борба со германските сили и балистите. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951). Опеан и во неколку народни песни.

Повеќе...
 
Среда, 26 Април 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Костадин Мазнејков

Kosta Mazneykov-180Костадин Мазнејков (1882 – 11. V 1903) е учител, македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација и радовишки војвода.

Повеќе...
 
Среда, 19 Април 2017 01:38    PDF Печати Е-пошта
Сребрен Поппетров

Srebren Poppetrov-180Сребрен Поппетров (18. X 1869 – 17. XI 1950) е македонски револуционер припадник на Македонската револуционерна организација, учител и училишен инспектор. Завршил гимназија во Солун и славјанска филологија на Софискиот универзитет. Во Првата светска војна бил окружен управник во Битола и Куманово, а по војната во Петрич. Во 1922 година од ВМРО и Македонскиот национален комитет бил пратен во САД и Канада, каде што организирал иселенички друштва и учествувал во формирањето на МПО. Бил пратеник во бугарското Народно собрание, а потоа главен инспектор-организатор на црковно-училишното дело во Албанија.

Повеќе...
 
Среда, 12 Април 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Васил Дијамандиев

Vasil Diamandiev-180Васил Дијамандиев (30. I 1839 - 1. V 1912) е револуционер, учител, општественик и политички деец.  Тој е ден од водачите на Кресненското востание, а во времето на Берлинскиот конгрес (1878) испраќал петиции до светските фактори за решавање на македонското прашање. Во Русе ја основал Македонската лига (1880), го раководел Македонското благотворно друштво (1882–1884), бил активен во Друштвото “Македонски глас“ (1885–1886), во ВМОК (1885) и во Тајниот македонски комитет (1886), испраќајќи вооружени чети во Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 05 Април 2017 03:46    PDF Печати Е-пошта
Тане Стојчев

Tane Stoychev-180Тане Стојчев (1874 - 1907) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација во Леринско. Познат уште како Тане Горничевски, Тане Џолев и Тане Грозни, за време на Илинденското востание раководи со Леринскиот револуционерен реон. Народот ќе го опее во песната „Огин пламен во балкано Сетински“.

Повеќе...
 
Среда, 29 Март 2017 04:12    PDF Печати Е-пошта
Илија Дигалов

ilija-digalov-180Илија Дигалов (1890 – 26. XI 1922) е македонски револуционер, костурски и преспански војвода, деец на Македонското револуционерно движење. Познат како Ило Дигала, тој уште како млад станува кирир на Македонската револуционерна организација. Учествува во Балканските и Првата светска војна, а по неа со другарите воспоставува мрежа на Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој еден од светлите фигури на Македонското револуционерно движење кој дејствува по I светска војна во Западниот дел на Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 22 Март 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Коле Симитчиев

makedonska-enciklopedijaКоле Симитчиев (15. V 1918 – 10.IV 2003) е македонски револуционер, борец на НОВ, СНОФ и НОФ, славист, фолклорист и проф на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Учествува во НОБ во Македонија,  потоа во Егејскиот дел на Македонија и Граѓанската војна во Грција, од каде преку Албанија бил префрлен во Полска. Автор или коавтор е на 14 учебници на македонски јазик за децата бегалци во Полска, СССР, ЧССР, Романија и Унгарија.

Повеќе...
 
Среда, 15 Март 2017 04:45    PDF Печати Е-пошта
Крсто Љондев

KrsteLiondev-180Крсто Љондев (? - 1927) е македонски револуционер и лерински војвода, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание како војвода на четата од своето родно село. По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и е близок со Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев е обвинет дека гo организира убиството на србоманския новинар на „Јужна Србија“ Спас Хаџи Поповиќ во Битола.

Повеќе...
 
Среда, 08 Март 2017 04:45    PDF Печати Е-пошта
Пандо Кљашев

Pando Kljashev 180Пандо Кљашов (с. Смрдеш, Костурско, 29. IX 1882 – с. Дреновени, Костурско, 1. VIII 1907) е македонски учител, револуционер, војвода, учесник во Илинденското востание. Учествувал на Смилевскиот конгрес (1903). Бил член на Горското началство на Костурскиот револуционерен реон, се борел во Костурско-леринскиот регион. Бил член на Битолскиот окружен комитет (1906). Ги користел псевдонимите Аристотел и П. Корсикански и оставил спомени за својата револуционерна дејност.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.