Македонски легенди
Среда, 30 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Паскал Митревски

paskal-mitrevski-180Паскал Митревски (1912 – 11. XI 1978) е истакнат македонски нацинален деец од Егејска Македонија, борец за националните права на Македонците во Грција. Во периодот од 1943 до 1949 година бил учесник е во грчкото движење на отпорот (ЕЛАС), секретар на СНОФ во Костурско (1943), секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција (1944), а за време на Граѓанската војна во Грција бил и министер на Привремената демократска влада на Грција (1948). По војната, бил уапсен од страна на КПГ во Албанија во 1949 година,  а потоа префрлен во СССР, каде бил осуден на 25 години затвор. Во Македонија доаѓа во 1955 година.

Повеќе...
 
Среда, 23 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Киријак Држилович

pecatnica-180Киријак Држилович (Држиловец), (поч. на XIX век – ок. 1877) е македонски преродбенски деец и општественик, печатар и книжар. Учествува во грчкото етеристичко движење (1821–1829), а потоа учи и живее во Атина. По преселувањето во Солун се занимава со трговија, отвора грчка печатница (ок. 1850), во која печати и публикации на македонски јазик со грчки букви („Канонаме за селата битолски“, 1851; „Неделно евангелие“ од П. Божигропски, 1852). Вклучен е во преродбенските антипатријаршиски борби за своја црква, јазик и училиште и учествува во конституирањето и дејноста на Солунската црковноучилишна општина.

Повеќе...
 
Среда, 16 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Ристе Ристески (1931 - 2000): Македонска политичка емиграција во Австралија

riste-ritevski-180Ристе Ристески бил еден од најактивните македонски политички емигранти на австралискиот континент. Тој се залагал за идејата за создавање на обединета и самостојна македонска држава со демократско уредување. Ристески, за реализација на своите политички погледи, се вклучил во “Движењето за ослободување и обединување на Македонија” (ДООМ), која била најмасовната македонска емигрантска политичка организација по Втората светска војна.

Повеќе...
 
Среда, 09 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Александар Везенков – Косарин

mak-glasАлександар Петривич Везенков – Косарин (9. XII 1867  – ?) е македонски деец и драмски уметник. Студирал во Москва и Одеса. Како член на Македонското научно-литературно друштво во Санкт Петербург (Петроград) тој е поборник на независна македонска држава. Полемизира со руските славјанофили, а во 1913 година заедно со Димитрија Чуповски, Наце Димов и Гаврил Константиновиќ го потпишува Меморандумот за независноста на Македонија предаден до конференцијата на пратениците на големите држави во Лондон.

Повеќе...
 
Среда, 02 Декември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Антон Мирчев - Пешковски

makedonski-glas-180Антон  Мирчев – Пешковски (1890 - 1942) е македонски деец, истакнат член на Македонската колонија во Петровград, потписник на неколку нејзини акти во списанието „Македондки глас“ (Македонскій голосъ) и е член на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград. Тој својот печат го стави на страниците на македонската и светската историја. Учествувал во Октомвриската револуција и бил близок соработник В. И. Ленин и К. Раковски.

Повеќе...
 
Среда, 25 Ноември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Димитар Зафировски

dimitar-zafirovski-180Димитар (Митко) Зафировски (27. VIII 1907 - 4. VII  1973) е македонски културно-национален и општествено политички деец и публицист. Се вклучува во работничкото движење. Членува во ВМРО (Об) и БКП, а потоа и член на Македонската комисија при ЦК на БКП. Ги уредува списанијата „Роден крај“ (1933), „Македонски вести“(1935/36) и заедно со други го подготвува забранетиот број на весникот „Гоце“ (1938). Го издава единечниот зборник „Илинден 1903“ (1939). Се вклучува во редовите на НОБ и е делегат на првото заседание на АСНОМ, а потоа е главен уредник на весникот „Нова Македонија“. Тој е прв директор на Институтот за национална историја (1948) и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“.

Повеќе...
 
Среда, 18 Ноември 2015 04:39    PDF Печати Е-пошта
Милош Ѓерѓ Никола (Миѓени) Македонец

milos-gerg-nikola-180Милош Ѓерѓ Никола (Миѓени ) е роден на 13 октомври 1911 во Скадар, Албанија  во православно семејство од таткото Ѓерѓ Никола и мајка Софиа Никола, почина на 26 август 1938 година во Италија. Никола Дибрани дедому од Милош Ѓерѓ  Никола ( Миѓени ) беше раселеен од Река Македонија во втората половина на  XIX  век и се пресели во Скадар, а подоцна се оженил со Стаке Милани,  имаше два сина  Ѓерѓ и Кристо.

Повеќе...
 
Среда, 11 Ноември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Велко Думев

velko-dumev-180Атанас Петров Думев (Воден, 15. III 1869 – Софија, 2. XII 1945) е македонски револуционер и учител. Учителствувал во Одрин, Велес, Скопје, Сер. Од 1894 е познат како Велко, а ги користел псевдонимите Бодров, Кадров, Орлеански. Како член на Организација бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1896 и 1903). Бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет (1905). Учествувал во редактирањето на весниците „Илинден“(1921–1926), „Македонија“ (1926 – 1934) и „Независима Македонија“ (1932).

Повеќе...
 
Среда, 04 Ноември 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Георги Занков

Georgi Zankov-180Георги Занков (25. I 1886 – 12. VII 1949) е деец на македонското револуционерно движење, војвода во Серскиот револуционерен округ и новинар. По Првата светска војна бил претседател на Друштвото „Илинден“, претседател на Илинденската организација (1923–1924) и преку гласилата „Илинден“ и „Пирин“ водел самостојна политика. По горноџумајските убиства (1924) емигрирал во Виена, каде што учествувал во создавањето на ВМРО(Об) и бил избран за член на ЦК (1925). Учествувал на Цариградската конференција (1929) на ВМРО (Об). Познат бил под псевдонимот Д. Огњанов, Дејан, Живко, Прван.

Повеќе...
 
Среда, 28 Октомври 2015 03:29    PDF Печати Е-пошта
Стојо Хаџиев

stojo-hadziev-180Стојо Хаџиев (16. V 1879 – 27. IX 1924) е македонски учител, револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учителствувал во Серскиот округ. Од 1900 до 1905 година бил комита, а потоа демирхисарски околиски војвода и учествувал на Рилскиот конгрес во 1905 година. По Младотурската револуција бил член на Народната федеративна партија и пратеник во Османлискиот парламент. По Првата светска војна бил назначен за окружен управник во Струмица, а од 1920 година работел како адвокат во Петрич. Убиен бил како сандинист од идејните противници.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.