Македонски легенди
Среда, 21 Декември 2016 07:10    PDF Печати Е-пошта
Jованчe Поп Антов

Jованче Поп Антов Поп Ангелов (4. I 1882 – 28. VI 1906) е македонски револуционер, раководител на Македонската револуционерна организација во Тиквешијата. Jованче (Иван) Поп Антов како ученик влегува во Македонската револуционерна организација. Како реонски раководител на ТМОРО за ваташкия регион, тој помага за зајакнување на организацијата во Тиквешијата. Во своите говори тој велеше дека нашето спасение е само во автономна Македонија. Неговата смрт е опеана во народната песна "Црно му било пишано на Јованче Попандов".

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:34    PDF Печати Е-пошта
Димитар Гуштанов

Dimitar Gushtanov IMARO-180Димитар Гуштанов (1876 - 4. V 1903) е македонски револуционер и војвода на ТМОРО. Завршил Педагошко училиште во Сер и Духовна семинарија во Самоков, а подоцна и право во Лозана (Швајцарија).

Повеќе...
 
Среда, 07 Декември 2016 04:50    PDF Печати Е-пошта
Гоце Меѓуречки

Gotse Mezhdurechki IMARO-180Георги Толев (1874 – 18. IV 1941), познат уште како Гоце Меѓуречки, е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација, еден од многуте борци за слободата на Македонија Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а подоцна е назначен за војвода во Кукушко. По Младотурската револуција, тој одново го напушта легалниот живот и поведува нелегална борба, а во Првата балканска војна дејствува во грбот на отоманската армија и учествува во ослободувањето на Кукуш.

Повеќе...
 
Среда, 30 Ноември 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Александар Џорлев

Alekso Dzhorlev IMARO-180Александар Џорлев (1878 - 1914) е македонски револуционер, лерински војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Леко Банички и Алексо Жарле (Џоле), за време на Илинденското востание раководи со Леринскиот  револуционерен реон. Обединетите чети на Павел Христов, Марко Иванов, Христо Цветков, Алексо Џорлев и други, потпомогнати од вооружената милиција, по упорни борби со турските војници ги ослободуваат во октомври 1912 година Вощарани, Забрдени, Секулево, Врбени и град Лерин.

Повеќе...
 
Среда, 23 Ноември 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Науме Спасев Банџо

den-na-makedonska-revolucionerna-borba-180Науме Спасев - Банџо (1904 – 15. VIII 1942) е македонски револуционер, синдикален и партиски деец во Романија, Куба, Франција, Белгија и Македонија. Во 1937 година, заминува за Шпанија, каде како македонски доброволец, се борел во Граѓанската војна за одбрана на Републиката. Станал поручник на Шпанската републиканска армија, а по поразот на неговата бригада тој се вратил во Белгија, кај семејството. По фашистичката окупација на Македонија се вратил во Охрид и се поврзал со партиската организација.

Повеќе...
 
Среда, 16 Ноември 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Евтим Спространов

eftim-sprostranov-180Евтим Спространов (15. I 1868 - 5. VII 1931) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, публицист, писател и научен работник во редовите на македонската емиграција во Бугарија. Тој е еден од основачите на Младата македонска книжевна дружина и е соработник на нејзиниот печатен орган - списание Лоза. Пишува на бугарски и на македонски јазик. Автор е на значаен “Дневник“, останат во ракопис (се чува во трезорите на Народната библиотека “Кирил и Методиј“ и во Научниот архив на БАН во Софија, од чија целина е објавен само еден дел). Неговиот литературен и научен опус е мошне богат и се простира врз повеќе области: поезија, проза, есеј, лингвистика, етнографија, историја, фолклористика, превод.

Повеќе...
 
Среда, 09 Ноември 2016 04:45    PDF Печати Е-пошта
Кузман Сотировски – Чокалија

Sotirovic-Kuzman-180Кузман Сотировски (срп. Ситировиќ) – Чокалија (16.X 1908 – 25. VII 1990) е македонски фудбалер и прв македонски олимпиец кој играл за Кралството Југославија (Кралство на Србите, Хрватите и Словенците до 1929 г). Фудбал почна да игра во подмладокот на Белградскиот спорски клуб (БСК), а во првенството 1927 – 1928 година бил најдобар стрелец. Познат како Чокалија, тој ги бранел боите на Белград и пет пати играл за репрезентацијата на Југославија (1928 - 1931), за која постигнал два гола.

Повеќе...
 
Среда, 02 Ноември 2016 04:00    PDF Печати Е-пошта
Божидар Татарчев

pecat-na-ck-180Божидар Андреев Татарчев (9. XII 1870 - 26. X 1940) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, масон и хирург. Медицина завршил во Берлин (1892), а хирургија специјализирал во Париз и Лондон. Активно соработувал во Балканскиот комитет, основан во Англија (1903) за да ја запознава светската јавност со положбата на македонскиот народ под Турците. Бил активен во Сојузот на македонските емигрантски организации, а како хирург работел во Софија (1905-1922), а потоа во Битола до 1926 г..

Повеќе...
 
Среда, 26 Октомври 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Наум Томалевски

Naum Tomalevski IMROНаум Томалевски (14.IX 1882 – 2. XII 1930) е македонски револуционер и учител, виден деец на Македонската револуционерна организација. По расколот во ВМРО бил прврзаник на протогеровистите. Се користел со псвдонимите Летник, Н.Дреновски, Смиле, Лоенгрин кој според легендите е чувар на Светиот грал - Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 19 Октомври 2016 03:00    PDF Печати Е-пошта
Атанас Тешовалијата

Atanas Teshovski-180Атанас Шабанов - Тешовалијата (1860 – 12. V 1905) е македонски ајдутин, револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во Кресненското (1878/79) и во Илинденското востание (1903). Бил член на ТМОРО, борец во првата агитационо-организациска чета во Серскиот округ на Илија Крчовалијата. Како неврокопски војвода, ги прогонувал врховистичките чети (1901–1902). Загинал во борба со османлиската војска.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.