Среда, 05 Октомври 2016 03:00 |
|
|
|
|
Јонко Вапцаров
|
Иван (ЈОНКО) Проданичин Вапцаров (1861/1880 – 21. I 1939) е македонски револуционер и војвода, деец на македонското ослободително движење, татко на Никола и Борис Вапцарови. Во 1896 година станува член на ТМОРО, а од 1901 година е секретар на револуционерниот комитет во Банско. Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по Востанието бил затворен во Солун. Амнестиран е по Младотурската револуција во 1908 година. По убиството на Тодор Александров бил припадник првин на ВМРО на Иван Михајлов, а потоа на Александар Протогеров.
|
|
Среда, 28 Септември 2016 03:00 |
|
|
|
|
Атанас Свештаров
|
Атанас Николов Поп Василев (23.II 1847 – 12. III 1930) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во борбите за национално ослободување на балканските народи и против грчката пропаганда. Бил член на Македонската револуционерна организација и во неговиот дом се одржала последната средба на Гоце Делчев и дејците на Серскиот револуционерен округ, пред заминувањето за Баница. Во текот на живот се занаимавал и со правење на свеќи, па бил наречен Свештаров.
|
|
Среда, 21 Септември 2016 02:21 |
|
|
|
|
Војвода Георги Зимбилев
|
Георги Зимбилев (1847 - 1883) е македонски револуционер, ајдутин и војвода, учесник во македонското национално-ослободително движење. Во 1878/1879 година учествува во Македонското востание, а по убиството на Стојан Карастоилов бил назначен за самостоен војвода.
|
|
Среда, 14 Септември 2016 06:57 |
|
|
|
|
Ѓорѓи Радев - Бродалијата
|
Георги Николов Радев (1857 - Асеновград, Бугарија, 15. II 1942) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и серски војвода на ТМОРО/ВМОРО/ ВМРО. Извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев (1899), а потоа војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО (1899-1904). Учествувал во битката во с. Баница при загинувањето на Г. Делчев (4. V / 1. IV 1903). Познат е како Ѓорѓи Бродалијата, кој подоцна ги фатил и егзекутирал предавниците.
|
|
Среда, 07 Септември 2016 03:00 |
|
|
|
|
Хаџи Христо Данков
|
Хаџи Христо Данков (1783 - 1853) е македонски револуционер, учесник во грчката војна за независност (1821 - 1823). Христо бил прв командант на грчката коњаница, а за своите заслуги добил чин генерал на грчката армија. Подоцна учествува во изградбата на грчката држава и во грчкото собрание ги застапува Македоно-Траките. Поради неговото не грчко потекло, Грците му даваат прекар Вулгарис. Тој е еден од многубројните македонски револуционери кои од солидарност учествуваат во грчкото востание за ослободување од турското ропство, а со надеж дека нивното ослободување ќе придонесе и за ослободување на македонскиот народ.
|
|
Среда, 31 Август 2016 03:00 |
|
|
|
|
Константин Трпков - Буфски
|
Поп Константин Трпков – Буфски (меѓу 1815 и 1820 – 1897) е македонски културно-просветен деец и револуционер, свештеник и војвода. Тој бил еден од организаторите на заговорот против османлиската власт во 1862 година. По откривањето на заговорниците издржал 16 години заточение во Битолскиот и во Солунскиот затвор. Учествувал како војвода на чета во Кресненското востание (1878/1879). Учествувал во работата на Народното собрание на Македонија на Гремон Теке и во Привремената влада на Македонија (1880–1881).
|
|
Среда, 24 Август 2016 03:23 |
|
|
|
|
Игумен Езекил
|
Езекил (1836 – 1898) е македонски игумен, борец за македонската кауза и возобновување на Охридската архиепископија. Ученик на лешочкото богословско ќелијно училиште, а во манастирот Хиландар го добил чинот јеромонах. Бил игумен на Лешочкиот манастир „Св Атанасиј“ (1878–1898), кој во тоа време станал економски моќен. Поради неговата борба против бугарската и против српската пропаганда, како и поради неговата заложба за македонската кауза и македонските идеали бил убиен.
|
|
Среда, 17 Август 2016 03:00 |
|
|
|
|
Тале Христов
|
Тале Христов ( 29. VI 1880 – 19. VII 1903) е македонски револуционер, прилепски реонски војвода и учител. Се школувал во Прилеп и во Битола, каде станал член на Тајниот училиштен кружок (1899/1890). Учителствувал во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп, каде бил назначен за член на Реонскиот комитет и реонски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Загинал во судир со османлиски војски.
|
|
Среда, 10 Август 2016 03:14 |
|
|
|
|
Никола Казанџиев
|
Никола Казанџиев (23. III 1879 - 19. III 1971) е македонски револуционер, публицист и национален политички деец. Во 1899 година стапил во редовите на Македонската револуционерна организација и активно учествувал во Илинденското востание. Во 1905 година заминал во Аргентина, каде го основал Македонско-одринското братство и бил негов претседател (1907–1908). Во 1924 година, формирал Македонско-бугарска комунистичка група од иселениците од Македонија и Бугарија. Имал свој весник “Народна трибуна“ во Буенос Аирес (1936- 1939), а учествувал и во основањето на Македонскиот комитет за помош на антифашистичките движења (1941).
|
|
Среда, 03 Август 2016 03:00 |
|
|
|
|
Ванчо Србаков
|
Ванчо Србаков (XIX век – 24. IV 1905) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Активно учествува во подготовките и за време на Илинденското востание. Се бори против српската пропаганда во Поречието и Кичевско. Две години по Илинденското востание, загинува јуначки при обид да го пробие обрачот на турскиот аскер кај кичевското село Цер.
|
|
|
|