Македонски легенди
Среда, 21 Октомври 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Виктор Аќимовиќ

viktor-akimovik-180Виктор Аќимовиќ (15. V 1915 – 21. XII 1987) е македонски деец, публицист, новинар, фотограф и филмски документарист. На 19 години имал свој весник ,,Тетовске Новине“. Во 1939 година го издава весникот ,,Јужна Стварност“ со кој јавно се спротивставува на српскиот академик, д-р Никола Вулиќ, кој го негира постоењето на македонскиот народ. Соработува со Коста рацин, Павел Шатев и учествува во НОВ, а потоа е жртва на комунистичкиот режим. Добитник е на повеќе награди за фотографија и документарен филм. Живот на Виктор, познат како македонски Рихард Зорге, до 1990 година бил табу тема.

Повеќе...
 
Среда, 14 Октомври 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Раде Јовчевски - Корчагин

korcagin-180Раде Јовчевски - Корчагин (14. VIII 1919 – 20. II 1943) е македонски револуционер, синдикален и комунистички деец, првоборец и народен херој. Во 1941 година, по Априлската војна зел учество во диверзантските акции во Скопје, а потоа бил член на Штабот на Првиот скопски партизански одред. По неговото расформирање влегол во илегала. Во април 1942 година, во отсуство бил осуден на смрт со бесење. Во март 1943 година, во вооружена пресметка со полицијата загинал во скопско Маџир Маало.

Повеќе...
 
Среда, 07 Октомври 2015 03:13    PDF Печати Е-пошта
Васил Стојанов - Аџаларски

vasil-adzilarski-180

 

 

 

 

 

 

 

   

Повеќе...
 
Среда, 30 Септември 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Тома Пожарлиев

Toma Pojarliev-180Тома Петров Пожарлиев (1. V 1870 – 5. XII 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација во Воденско, Кратовско и Чепеларско. Учествува во Илинденското востание.

Повеќе...
 
Среда, 23 Септември 2015 03:33    PDF Печати Е-пошта
Никола Јуруков

jurukov-180Никола Јуруков (28. VII 1880 – 26. IV 1923) е виден архитект во Бугарија, македонски револуционер и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО). По првата светска војна се вклучува во политичката активност на македонската емиграција во Софија. Претседател е на Костурското братство и учесник во Привременото преставништво на бившата ВМРО (1919). Бил член на привремената комисија на македонските братства (1920), а како член на Задграничното преставништво на МЕФО ја застапува на V конгрес на Друштвото на народите во Женева 1921 и на Меѓународната конференција на Лигата на угнетените народи во 1922 година во Лондон. Идеолог е и соработник на „Автономна Македонија“.

Повеќе...
 
Среда, 16 Септември 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Лазар Поповски

Lazar Popovski-180Лазар Поповски (1891 – 1952) е општественик, новинар и македонски револуционер, деец на ВМРО (Обединета). Тој е еден од потписниците на „Апелот до Македонците во Бугарија“ во септември на 1944 година.

Повеќе...
 
Среда, 09 Септември 2015 08:18    PDF Печати Е-пошта
Михаил Николов Розов

Misho Nikolov-180Михаил Николов Розов (25. VIII 1874 – Варна, 1. VIII 1934) е македонски просветен деец и револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација. Учесник е на Илинденското востание во 1903 година. Во 1937 година постхумно се појавуваат неговите спомени „Револуционерното движење во Костурско Спомени“.

Повеќе...
 
Среда, 02 Септември 2015 03:19    PDF Печати Е-пошта
Ник Ванов

Nick VanoffНик Ванов (25. IX 1929 – 20. III 1991) е американски филмски продуцент од македонско потекло. Емигрира во САД, каде заедно со братот Борис Ванов прави успешна кариера во филмскиот бизнис, како продуцент на играни и телевизиски филмови во Холивуд. Тој е копродуцент Bing Crosby Specials, Perry Como Specials, Phil Silvers Specials, Hollywood Palace, Andy Williams Specials, Sonny and Cher Show и Kennedy Center Honors Show. Ванов е творец на комична серија Hee-Haw и е копродуцент на филмот "Елени" (1985), направен по спомените на неговиот пријател Николас Гејџ.

Повеќе...
 
Среда, 26 Август 2015 03:55    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Ковачев

Yosif Kovachev Shtip-180Јосиф Ковачев (14. I 1839 – 31. X 1898) е македонски педагог и просветител од втората половина на XIX век. Тој го основал првото Педагошко-богословско училиште во Македонија. Прв во македонските училишта го вовел и го распространил звучниот (гласовниот) метод во букварската настава, со што значително го олеснил процесот на почетното читање и пишување кај децата. Внимание посветувал и на народното просветување, односно на образованието на возрасните. Во својата „Школска педагогија“ и во студијата “Врз организацијата на народните школи“ го истакнал значењето и улогата на гимнастиката и детските игри.

Повеќе...
 
Среда, 19 Август 2015 03:00    PDF Печати Е-пошта
Иван Апостолов - Македонецот

revolucioneri-180Иван Апостолов (1847 – 1926) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и неврокопски војвода. Со четата на војводата Иљо Марков Малешевски учествувал во Српско-турската војна (1876), потоа во Руско-турската војна (1877/1878) и во Кресненското востание (1878/1889). Активно учествувал и во Илинденското востание. Бил познат како Копаран чауш, Даскалот и Ване Македонецот.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.