Тема: ВМРО-ДПМНЕ

Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивот е ист – пад на поддршката и страв од изборен пораз

Секоја од опозициските партии – СДС, Левица и ДУИ – изнесува различни изговори за блокирањето на Изборниот законик, но мотивот кај сите е ист: нискиот рејтинг, намалената поддршка од граѓаните и стравот од изборен пораз. Јавноста е сведок дека секоја од овие партии настапува со различни тези, барања и образложенија, како намерно да се обидуваат […]

Ламбе Арнаудов: Есдесовци и леваци! Зошто ја мразите Македонија?

Се однесува на сите старо-новозаветни фарисеи, осведочени непријатели на Македонија, сите заедно обединети под вашиот заеднички именител: омраза кон Македонија и македонскиот народ Сите гледаат, само вие сте заслепени. Народот слуша добро, вие хистерично се дерете. Луѓето се мудри, вие ги правите недоветни. Не ги сакате своите, а од нив барате милост… Сè на сè, […]

СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик од страв и паника поради лошите рејтинзи

СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот законик поради лошите рејтинзи и стравот од убедлив пораз на следните избори. Иако со месеци се создаваше консензус меѓу политичките партии за носење на овој важен реформски закон, опозициските партии наместо договор и одговорност, избраа блокади, хаос и политичка какафонија во јавноста. Левица, откако виде […]

Демократското право на глас на иселениците не смее да биде жртва на дневнополитички калкулации

ВМРО-ДПМНЕ порачува дека е подготвена за дијалог за Изборниот законик, но бара правото на глас на македонската дијаспора да се прошири и унапреди, преку гласање по пошта или електронски. Демократското право на глас на иселениците не смее да биде жртва на дневнополитички калкулации Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии […]

Македонија повторно станува клучна балканска раскрсница

Со посветена работа на Владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски, се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот. Од географска положба до стратешка предност – Коридорите 8 и 10 ја поставуваат Македонија во центарот на новата балканска инфраструктурна карта. На Балканот географијата никогаш не била само карта. Македонија историски била трговска […]

Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница на Балканот

Интензивно се работи на автопатите и експресните патишта, завршени се делниците Градско–Фариш и Страцин–Крива Паланка, а се подготвуваат и проектите Кочани–Делчево и Струмица–Радовиш. Со посветена работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се остварува стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов. Според него, во поновата историја на […]

Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат што сакаат од Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе прифати договор на опозицијата доколку се обезбеди право на гласање на дијаспората по електронски пат или по пошта и повика на политички дијалог наместо блокади. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски, порача дека СДС, Левица и ДУИ најнапред треба да изградат заеднички став околу измените на Изборниот законик, по што владејачката партија е […]

СДС се плаши од дијаспората

Кога не им одговара ниту електронско гласање, ниту гласање по пошта, јасно е дека проблемот не е во процедурите, туку во стравот од македонските државјани надвор од Македонија. На СДС, очигледно, не им одговара електронско гласање. Сега не им одговара ниту гласање по пошта. Утре, веројатно, нема да им одговара ни гласање со лично присуство, […]

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договори опозицијата за Изборниот законик, доколку дијаспората може да гласа

ВМРО-ДПМНЕ порача дека е подготвено да го прифати договорот на опозициските партии за изборните реформи, под услов да се обезбеди реално и поедноставно остварување на избирачкото право на македонските државјани во дијаспората. На денешната средба на работната група за Изборниот законик, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, повторно беше отворено прашањето за можноста македонските државјани кои живеат […]

Партнерите СДС, Левица и ДУИ нека изградат единствен став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор за сите важни прашања

Во пресрет на разговорите за можни измени на Изборниот законик и други прашања поврзани со политичкиот систем, се наметнува потребата политичките партии најнапред да ги усогласат сопствените позиции. СДС, Левица и ДУИ, кои во повеќе наврати настапуваат со различни, а понекогаш и спротивставени ставови, најпрво треба да се договорат што навистина предлагаат. Дали се залагаат […]

Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи

Драгана Бојковска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во гостувањето на телевизија Канал 5, во емисијата „Само Вистина со Видиновски“, истакна дека Изборниот законик е едно од клучните прашања за остварување на демократските права на граѓаните, особено на избирачкото право. Таа нагласи дека посебно внимание мора да се посвети на македонската дијаспора и […]

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите: од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која создава реални услови тие својата иднина да ја градат дома, во Македонија. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка што треба да донесе нов пристап во развојот на општините, преку активно учество на младите. Во […]

To top